„ТЕ САКАМ! Сакам да е како порано... А знам дека никогаш нема да се деси тоа. НИКОГАШ! Заебавме СЕ! А и ПРЕМНОГУ сме горди да признаеме... “ НИКОЈ,НИКОЈ,НИКОЈ не знае дека уште го сакам... и на сама себе не си признавам,...освен вака понекогаш...ама факт е дека после него за ниеден се немам заинтересирано подолго време веќе. Тешко е...
Нека трае додека ни е убаво, така почнавме одамна, така си рековме и денес, очигледно сеуште ни е убаво како тогаш. Ти си совршен и си само МОЈ, среќна сум што те имам и сеуште незнам со што те заслужив.
понекогас си некој кој не сакам да бидес,а некогас се правис она сто сакам да си.. сто си навистина?? еднас едно други пат друго.. а знам дека секогас ке кажувас деека си тоа сто сакам да си...али сепак нема да знам никогас или пак некогас
На бившиот........ Спојлер И што да ти кажам кога и самиот си знаеш како денес стојат работите. И самиот знаеш колку и каде згреши. Лошо проценуваше, лошо играше... а лошите играчи на крајот токму така завршуваат. Сами. Научен беше сите да ти попуштаат, ама налета на некоја кој немаше намера повеќе да ги поднесува сите твои каприци. Беше толку самоуверен во себеси па помисли дека и мене ќе ме згазиш... ама жалам. Не ти успеа. Толку многу се сакаш себеси што ни случајно ни би ти текнало дека постоиш во заедница, место каде што треба да даваш за да добиваш. А ти? Што правеше ти? Ја пиеше секоја капка љубов како да никогаш нема да пресуши. Ама пресуши ете ... Барај ја колку сакаш, ја нема ... отпатува љубовта, ти рече збогум... Бега таа од таквите како тебе. А, јас знаев и да ти се восхитувам. Но, ти ми даде безброј причини зошто не треба. Те воздигнував, ти давав дел од она што сум јас, зошто јас умеам, зошто јас не сум себична, зошто јас сум искрена ... Зошто јас не сум ти, ете затоа. Ама како што те воздигнував така сега си спуштен и пониско од што си помислил дека ќе бидеш. И со право го заслужи тоа. А можеше да бидеш многу повеќе, но ти избра да бидеш ништо. Секое добро што ти се нудеше го замени за полошо и со секој чекор си се поблиску до бездната. И секако, се надеваш на тоа дека пак ќе ти попуштат... А си се прашал некогаш дали луѓето имаат можеби нешто во себеси што се нарекува душа, чувства? Заборави на тоа дека ќе можеш да газиш некого, а тој да остане имун на тоа. Не си ти најпаметниот и најдобриот на светот зошто најдобри и најпаметни не постојат... Постојат само подобри и попаметни од другите... Среќен е оној по кого лаат кретените зошто неговата душа никогаш нема да им припаѓа и јас сум баш ете тој среќник. А, ти ... ти беше несреќниот во оваа војна. За помирување веќе нема услови. Одбра да одиш сам, зошто само и од себе си научил да се храниш... Така секогаш ќе останеш гладен. Ама гладувај, ти си знаеш. Самиот си предизвика такви последици. Се додека си таков каков што си нема розево да ти се пишува... Јас нема за што да жалам зошто јас ништо не изгубив. А ти и тоа како имаш, пријателе.. А сега.. Оставиме да уживам во љубовта со некој што го цени она што ти никогаш не знаеше....
Не, ова не сум јас Тотално луда по тебе.. Неможам веќе без тебе,те сакам најмногу,немам зборови да ја опишам мојата љубов спрема тебе .. едноставно ТЕ САКАМ. ^ и престани да ме боцкаш на фб,тоа уште повеќе ме излудува - za zhene nije fudbal,za njih su FUDBALERI
Зошто не се препуштиш на чувствата и не си ја олесниш душичката, да кажеш се што те мачи.. Знам дека ти е тешко, и мене ми е тешко да те гледам таков.. Остави ги твоите родители на страна.. сега ти си родител и гледај за твоето дете заборави го твоето лошо минато , крени ја главата горе ... Јас секогаш ќе бидам тука за тебе, и во добро и во лошо секогаш ќе ја имаш мојата подршка и рамото за плачење, само ти посакај да се олесниш.. Мил мој премногу те сакамм
Постојано ја слушам песната,твојата омилена песна,песната која заедно ја пеевме,песната која што го кажува јас сега тоа што го мислам.....
Овде да ти кажам, кога немам прилика во живо-Te сакам. А за другиот кој мислев дека сум го заборавила... Една песна ме потсети вчера на тебе. http://www.youtube.com/watch?v=vOB441of-nE Незнам зошто, кога никогаш не сме имале ништо, ништо не сме делеле. Нема зошто да те спомнувам и да мислам на тебе, но ете кога ќе те видам ме потсеќа на едно време кога те сакав, кога ми беше моја прва љубов, и едниствена но не остварена... Сега шеташ друга за рака, јас друг кој го сакам и го замислувам како мој маж.. но има нешто меѓу нас што е посилно и од се. Има нешто во погледот кој кажува илијадници зборови кои никогаш не ги кажавме, но сепак ги знаеме. Знам дека знаеш, и знам дека секогаш ќе знаеш. Случајно нели, се сетив на твојот роденден. И пак среќен нека ти е, имај ги сите убавини , уживај кога ние двајца не сме биле судени еден за друг. Сме се изгубиле во времето.. Случајно се сетив. А знај драги мој јас никогаш не сум верувала во случаности. Случајно сум го запаметила твојот роденден. Како жиг ми остана драги мој, жиг кој ќе го носам секогаш. Но знај, тоа време ќе го паметам како нешто најубаво и чисто кое ми се случило во мојот живот. А и знам дека ќе бидеме заедно, на некој други светови.. Жалосно.
Навистина најмногу ми помагаш кога ми е тешко. Ќе ме гушнеш и се е подобро. Заштитена сум во твојата прегратка. Фала ти што ме насмеа денес. Заборавив на се`...барем за момент. Ќе ми недостигаш! Не оди си...те молам
Би му кажала дека многу го сакам иако тоа така силно го чувам за мене и не дозволувам да примети, би му кажала дека кога ќе го видам се чуствувам како мало дете што се радува на омилената игра... би му кажала дека е посебен.. би му кажала многу работи само кога би имала храброст..
Тебе можам да те опишам само со еден збор,ПРЕКРАСЕН СИ!!!Максимално ме исполнуваш и само сакам ова нашево да потрае