Те сакам со целото свое битие.. Да можев да го вратам времето назад и да ги поправам своите грешки, верувај ми- ќе го направев тоа! Не ми ја отежнувај целата ситуација со својата гордост, ме знаеш дека и јас сум таква и не попуштам. Не ме гледај така и не ми се насмевнувај.. Завчера после цело лето за прв пат разговаравме како порано ама не ми е доволно. Сакам да сме заедно, не ми е доволно што сме другари Но како, кажи ми како да успеам во таа намера? Зарем не гледаш дека длабоко во себе патам повеќе од било кога? Прости ми за се она што ти го сторив, ќе ти простам и јас тебе- ЗА СЕ! Само за пак да ме гушнеш и да ме милуваш онака како што знаеш. МИ ФАЛИШ! ВРАТИ МИ СЕ !
ете добив циклус-срекен си сега аман на глава ми се качи веке бог да чува и да брани кога ке ми текне на тебе, болно ми е , со солзи ми се полнат очиве, а би сакала да те видам-по малку ми недостигаш, ама морам малку да се зацврснам карактерно оти вака на моменти стварно сакам да цркнеш, да те згазам ко лебарка, ама на моменти па жалче си-ко мече си, проклетство зошто сум толку сентиментална имаше право психијатарот да доагам секоја недела две недели се многу
Ми годеше вчера кога слушнав од тебе дека сум елеганција во движење. Ми годеше кога ми кажа дека сум љубовта на твојот живот. Ми годеше кога ми кажа дека сум била и ќе останам во твојот живот. И така..
Гледав како врне денес. Ги анализирав капките дожд, гледав како се судираат со тротоарот и се распрснуваат. Се видов себе во капките дожд. Начинот на кој јас се судрив со тебе и како моментално се распрснав. Начинот на кој се вљубив во тебе, безнадежно и целосно, со сета моја внатрешност... додека твоето внимание беше насочено кон друга капка дожд која оддамна ти се има слизнато од рацете, но се уште има влијание врз твоето постоење. Таа капка дожд не ти дозволува да продолжиш натаму.
Будалче договарај се вечер каде ќе одиме. Немој пак во последен момент да ме известуваш. Па јас да треба да се спремам набрзина...и трчам ко будала по дома.
Неможеш да замислиш колку ми е тешко целосно да верувам во тебе. Јас којашто најблиските ја разочараа да верувам во некој, во било кој. Дали може бидејќи и двајцата сме светови еден за друг успеваме да опстоиме и покрај таа болка која е во нас. Безразлика како, но и двајцата повредени од семејството. Имаме само една разлика - јас кога сеуште не ја бев осетила оваа состојба бев толку голем вљубеник во нашата религија. А сега кога немам ништо и никој, немам и никаква надеж. Се одалечувам како дива срна од сите и од својот живот. Мојата верба во Исус ја доведувам во големо двоумење. А ти, ти пак си тој кој ме враќа во животот, во вербата, ти се трудиш да ми подариш надеж. Но дали јас можам да ја примам таа надеж? Моментално не верувам ни во тоа. Неверник, тоа сум.
Единствено чувство кое што го разбуде кај мене во овие дена е рамнодушноста.Знаеш,повеќе не ми е важно што ќе биде со мене.Кога веќе ти мислиш така,од сега натаму јас ќе си играм мајтап со самата себе и своите чувства.Не ми е важно повеќе што ќе биде,што ќе седам дома и чмаам,што немам работа,што сум болна три недели.Ништо не ми е важно,само ти си ми важен иако не го мислиш тоа и се посомнева во моите чувства..Кревам раце од се,освен од тебе.Верувај не можиш овај пат да ме убедиш во спротивното иако се обидуваш од петни жили знаеш дека никогаш нема да успееш.Ти ме наведе да размислувам така и да го правам ова,па ете гледај како ќе пропаѓам.Знам дека не го сакаш тоа и дека и тебе ти е тешко,но разбери дека не можам повеќе да се борам против тие чувства.
Абе мајмун, уште еднаш да не си ми се појавил зошто така убаво ќе те залапам што нема да знаеш каде си
срценце ти благодарам за прекрасно подарениот ден секако уште не е завршен вечер ќе биде финишот кога ќе седнам позади возачкото седиште на твојата кола знаеш дека ми е омилена вах вах моментот што го чекав те обожавам
Ела земи си бадем дур имат. Ги чувствувам твоите раце околу мене и твојоето дишење врз мојата кожа, на вратот, и ме затоплува во оваа средно-жалосно ладна вечер. Знам после ќе си тука, и ќе те натерам да ми пееш. Зошто си толку далеку? Се сеќавам на деновите во соба девет. Ко вчера да беа. Косата ти ја спуштив на чело и веднаш се трансиравме во фаза. А сега, сега само школо, школо, и школо. Не мора олку паметен да си, па. Што, седи си необразован, и чекај на мене да си ја изградам таа совршено успешна кариера, и да не дојде, важно тука ќе си ми нон стоп. А вака, вака им измислувам вуду кукли на километрите и ги форсирам да умираат бавно и болно. KILL, KILL, KILL THOSE MOTHERFUCKERS! Се наредиле ко без душа меѓу нас. Ах бе, себичњаци невидени. Слушање на твоите најомилени песни и јадење бадеми ама ич не помага да си поблиску. Те сакам.
Не знаев дека си таков .. Срцето ми застана кога те видов со друга, и тоа пред мојата зграда ама ако .. Ке имаш добра пракса кај неа
Aх леле многу многу претерано ми фалиш денес , еве вчера и те сонував да знаеш во каква поза Чекај да те прашам нешто -Ти што ми направи за толку да те сакам?! Нон стоп на тебе да мислам и без тебе се да ми е глупо и празно? Ајде наспиј се , да бидеш одморен за утре... Камо среќа и јас да можев да спијам до тебе , па да се гушкаме цела вечер исто како кога бевме на одмор... Колку би сакала еден ден да оделиш цел за нас од утро до мрак заедно да сме. Досадно да не ни биде?-Ма не нема шанси дури мислам дека и малку би ни било. Те Сакам претерано многу пре те раа ноо ...Тоа да го знаеш секогаш...
Не, не можам да верувам. Иако многу беа против тебе, јас сепак не ги слушав нив и ти верував тебе. А ти ? Ти само ме искористи. И тоа не ти беше доволно, туку веднаш отиде кај неа. Немам зборови. за двајцата, многу бргу си ги покажавте вистинските лица.
Твоето отсуство вечерва не ме болеше. Само за момент ми прелета низ глава мислата дека можеше да бидеш до мене и да ме држиш за рака дури плачам и да ми се смееш ко и секогаш... ама брзо ја избркав таа мисла и ... толку беше.
Денеска се 5 години и 3 месеци од кога сме заедно.Се прашувам зошто баш овие дена мора да ни е вака,зошто место да ни е убаво и да уживаме во љубовта,ние се нервираме и караме.Ахх колку само можеше да биде поинаку,ја мразам тишината меѓу нас,мразам кога го има овај јаз меѓу нас.ЌЕ се среди ова меѓу нас,знам но ми е страв јас дали некогаш ќе се средам.Како ѕвоно нон стоп ми зујат твоите зборови и не знам зошто не можам да ги заборавам.Велиш не го мислеше тоа,дека не сакаше да ме повреди и го знам тоа,но ме повреди за жал.ЌЕ го надминиме ова си велам како и се до сега,нема да дозволиш,а и јас да исчезне сето ова што сме го граделе и што сме го чувале бидејќи тоа е нешто свето и многу ретко мило.Се надевам дека ќе ни се множат овие наши датуми.Те Сакам Најбескрајно.
Почнуваш да се каеш...знам сега кај тебе е се измешано,нели?Сега ти не знаеш како да продолжиш и повреден си.Е да,така е кога кршиш туѓи срца...се се враќа како Бумеранг. Затоа пред да зборуваш МИСЛИ,а пред да повредиш ЧУВСТВУВАЈ.и пред да умреш, Живеј! Дупло потешко ќе ти биде идниот период.Сам си виновен.Кога некого така ќе повредиш и оставиш на цедило мора да очекуваш дека самиот ќе бидеш исцеден на крај.
Не знам кога сфатив дека е ова реално. Дали кога ми го пушти мојот омилен албум во кола и ми рече: Го слушаш дечково? Ова ми е омилениот албум. И срам ми беше да изустам дека ми е фаворит со години. Коинциденција си реков. Кога ме грабна и ме однесе на планина, меѓу водата и месечината, во тревата, на лулашката. Кога за првпат готвеше цели 4 часа за да ме импресионираш. Кога видов звезда како паѓа додека ме носеше во раце зошто си го повредив коленото. Кога ме чекаше после одмор, ме гушна и занемев, само ти реков носи ме дома. Патетики си реков. Ќе помине. Ама не поминуваше. Минуваа денови, ноќ и утра кои ги дочекувавме будни, со вино, со љубов. Премногу сме слични, исти сме ама веќе не ме плаши тој факт. Ми требаш, ми треба електричниот шок што се добива кога ќе ни се судрат карактерите. Пецка знаеш? И тоа убаво, од внатре. Или сепак кога врескам дека те мразам, а ти ми велиш јас повеќе. Зашто те сакам е клише.