Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Порано ми викаше дека ќе ги бараме деновите кога времето го поминувавме заедно. Јас ти велев ЗНАМ! Стварно знаев, ама сега и осеќам дека ми се потребни.
     
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Значи вака: убав си, имаш ненормално прекрасни очи и насмевка, читаш книги, обожаваш џез, искрен си, учиш, имаш одлична смисла за хумор, слушаш добра музика ..

    Аre you fucking kidding me? :o

    Не бе.. во неверување ме остави. Дај кажи ми ти или нека ми кажат некоја лоша карактеристика за тебе зш ќе си пукнам јас вака. Не е можно да си вака совршен и точка.

    Хух .. едвај чекам да те запознаам поубаво убавецу!
     
    На teddybear, Libera, crazyinlove19 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е време за официјална relationship, и онака веќе пола град сфати... :tmi: :lol:
     
  4. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Не те сваќам! :x
     
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Ако се разбудам утре, ќе го преживеам ова нешто наречено живот.
    Се гушам во плач, го потискам гневот. Животот не е фер, љубовта уште помалку.
    Ова е моето проштално писмо за тебе. Јас тебе те сакав, секогаш ќе те сакам. На длабок и искрен начин со корени во срцето. Невозможно е да падне во заборав било кој миг поминат со тебе. Те скршив, ме здоболе во душата. Незнам дали да плачам со тебе , никој не ме праша солзите сами се лизгаа по лицето без престан. О љубов моја, ме боли секој дел од телото, ме боли животот без тебе. Сакам да ти умрам в прегратки. Мојот последен здив да го испуштам припена до тебе, да ти ги влажнам градите со солзи и да слушнам како ти чука срцето. Уште еднаш, оти знам дека чука само за мене. Ама ти тоа не го покажа, ме истера од себеси како туѓинец и сега еве..нема враќање. Заминав засекогаш. Сега имам некој кој ќе треба да научам да го сакам повеќе од тебе. Тој некој живее во мене. Ќе се вика Михаил. Незнам дали ќе го сакам. Го чувствувам во себе и ми носи чувство на мир и спокојство. Мојот месија, мојот Михаил. Мојот, не нашиот.
    Нема да ти простам никогаш што ме остави така, што си играше со мојата толеранција а мене филмот ми е при крај. И онака животот не е вечен.
    Внимавај на себе, заљуби се одново, овој пат помудро и повнимателно. Внимавај на зборовите и делата. Се е запишано во црн тефтер на непријатни спомени кои ретко се спомнуваат а срцето ги памети.

    Вака или онака ти си тој. Во овој не , но во другиот живот сигурно ќе ни успее.
     
    На Nine25, Micheleljubov, cinderella5 и 45 други им се допаѓа ова.
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Знаеш,како и ти и јас знаев дека и низ ова ќе поминеме,знаев дека ќе ми кажиш дека не го мислеше сето тоа и дека само со еден твој вистински збор јас ќе заборавам на се лошо.Имавме пеколни 4 дена,признавам се плашев дали ќе се подобри ситуацијата ,мислев како ќе заврше сето ова,дали ќе се потрудиме се да биде како што беше и ете сега е.Сега е се во нормала благодарение на тоа што ме свести ти и твоите зборови.Нашата љубов не може да заврши,не може толку спомени,чувства,толку многу мали делчиња кои што прават една целина,таа целина сме ние да одат во вода.Нашата љубов е безусловна,романтична,голема,некогаш боли и треба да боли бидејќи ако не е тоа така не можеме да ја почувствуваме вистински,но таа болка не ништо во споредба со среќата која што ја имаме и чувствувамеи знам дека ќе ја има се повеќе и повеќе.ЌЕ се борам,а знам дека и ти нема да дозволиме ова да остане во минатото туку ќе ја градиме иднината заедно,иднина која што се надевам дека ќе ни биде исполнета само со среќа и неизмерна љубов и дека никогаш нема да заврши.
     
    На Mrs.Cuper, eli25, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
  8. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Еј убавецу, се сеќаваш ли на мене?! Се сеќаваш ли колку трчаше по мене, доаѓаше меѓу различни смени во школо само за да ме видиш.. Се сеќаваш ли на првиот бакнеж? Јас да, 13ти фебруари 2009.. Незаборавен ден беше тоа за мене.. Ти текнува колку се трудеше да ми докажеш дека ти значам? Штета што немавме храброст да си признаеме што чувствувавме еден за друг.. Штета што се плашевме да не си го растуриме пријателството ако си ги признаеме чувствата. Сега си во странство, студираш, гледам многу добро си се снашол во животот. Мило ми е што ја доби стипендијата, знам колку сакаше да студираш во Милано :) но мене ми недостигаш. Секогаш ќе ми недостигаш. Иако поминаа 2 години од тогаш уште си ми во мислите. Ти си ми најубавиот спомен.. Би сакала да те видам повторно, да те прегрнам, да ти кажам се што си испуштил.. Денес ги читав пораките од тебе во стариот телефон, се расплакав.. Навистина ми недостигаш човеку! Ми недостига да сум блиска со тебе! Се надевам дека не си ме заборавил и дека ете, некогаш барем случајно ќе се сетиш на мене, ќе посакаш да ме побараш пак..
     
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.983
    Пол:
    Женски
    ТЕ САКАМ бе,најубав мој :D Уште да имавме повеќе време за нас... Ама,ќе издржам :) Нели имаме цел живот пред нас,па ќе имаме време,само ти сакај ме (како сега) и понатаму :) Добра ноќ :*
     
    На Mrs.Cuper, green.eyes и Pelikuna им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.245
    Пол:
    Женски
    -Дојди кај мене сама сум.
    -Не можам, ќе се видиме секако за кратко.
    -Лош си!
    -Ќе ти титнам кога да излезеш.
    И заврши разговорот. Побрзав да се подготвам за излегување затоа што знаев дека секогаш ми даваш само петнаесетина минути. Бев сама, а омилената кошула ми беше за пеглање, само што ја испеглав и се облеков, заѕвони некој надвор. Бев убедена дека е мајка ми, па набрзина ги облеков и панталоните. Не погрешив, тоа беше таа. И реков дека немам време и морам да се нашминкам за 2,3 минути.
    -Ќе те чека, знаеш дека секогаш те чека. -ми рече таа.
    Повторно некој на ѕвончето. Отвори таа, а надвор стоеше ти.
    Се поздравивте топло како и секогаш. Ах, колку само убав однос имавте вие двајца, дури и нашиот не беше така топол.
    -Влези, се спрема.
    Излегов и само ти реков штом си дошол до тука да облечам некое здолниште и повторно се повлеков во соба.
    Вие муабетевте на трпезариската маса. Ве слушав од мојата соба, се нервирав за дел од вашиот разговор, за друг миг да се израдувам и пак да се изнервирам кога ќе ја почневте онаа глупава тема.
    Се средив и излегов. Помниш ли како ме гледаше? Заљубено! Никогаш до тогаш не ти светеле така очите. Остана нем, а по некој миг се сврте накај мајка ми:
    -Тетка Б. види колку е најубава.
    А таа - Вие двајцата сте најубав пар.
    Ме фати за рака дур се симнував по скалите, ме гледаше цел пат дур возеше, а потоа ми кажа дека ме сакаш.
    Помниш каде беше тоа? Не дека пред тоа не си ми кажал дека ме сакаш, но тогаш вистински чувствував. Мигот беше посебен, немаше бакнеж како потврда за љубовта, но погледот и допирот на нашите дланки беше доволен.

    Знаеш ми недостигаш многу. Често те спомнуваат луѓето. Често ми кажуваат дека физички и не сме биле некој пар, но затоа нашиот однос бил посебен. Често мислам на тебе. Понекогаш кога се обидувам да сфатам кого повеќе сум сакала тебе или Него се фаќам дека не знам. Не сум сигурна дека тој е Тој, но сигурна бев до пред некое време дека со тебе би почнала пак одново. Но, нашето време помина одамна.
     
    На Miss.Ricci, Sanniii, crazylady и 23 други им се допаѓа ова.
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Немој да се успиеш, јас веќе се спакував. :wasntme: 8)
     
  12. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Болана бев.... не се видовне 3 дена. Сега уште 3 нема да се видимее.. а и мрежа немаш таму кај тебе неможам ни на моб да те добијам.
    Проклетство.

    Едвај чекам да ти го чујам гласот.

    Едвај чекам да те видам, да те гушнаммм, да сме сами.


    ТЕ САКАММММММММММММММММтупак мој
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Душа он, знаел да готви лазањи, да изигрува домаќинка по дома и да мие садови. Ај бе да те земам домазет, и онака има повеќе место кај мене, а и повреден си отколку јас.

    Ептен примерно синче си, добар маж ќе бидеш. Ќе си ја наредам јас работата :lol:

    [​IMG]
     
    На senjorita-v, green.eyes, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. PrivateMe

    PrivateMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    26
    сега сакам можев да бидам пред тебе. сакам да го видиш моето лице.. знаеш добро да читаш од него. не сме долго заедно, но за овие 2 години успеа да ме соголиш како никој пред тебе. ги дозна моите најдлабоки тајни, моите најинтимно размислувања... знаеше буквално како дишам.
    далечината мислам дека не убива. никогаш не мислев дека далечината може нешто да уништи...
    но изгледа далечината не прави себични. да, иронично звучи.. ама точно е. колку повеќе сакам да ти дадам толку повеќе одземам од нас. незнам ни јас како.. ама изгледа тоа е единствената дефиниција за ова сега.

    сакам да си пред мене. сакам да видиш во моите очи, кои ретко плачат, дека не сакам да те изгубам... ми треба пријателот...
     
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    Само тебе како ти одговара !!!!!!!!!!!
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ццццц срцето ми се заледи АЛООООООООООООООООООООООООООО :fubar:
    И знаеш дека неможам да ти се налутам па затоа ме зезаше на ваков начин :fubar:
    ке ти вратам за ова,ај ке видиш.
     
    На Tamara16 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не можев преку порака, ама еве на нет ти пишав што сакав да ти кажам , хехехе искреноста е мојата силна страна СЕКОГАШ :) 8)
    ЏАБЕ ти е изјавување на љубов, симнување на звезди, не ме уверуваш дека ме сакаш(барем не на начин на кој јас би сакала)ти си тераш по свое а богами и јас по мое :D
    нема веке трте-мрте можем јас и без тебе да живеам :) :!:
     
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Ние сме жртви на некоја дијаболична игра на судбината, чуден спој направила, сме и се протнале низ прсти, ко дупка во законот или фабричка грешка. Лош тајминг, или ко за нас, лош, сосема погрешен живот, баксузи се споиле.
     
  19. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    6.960
    Пол:
    Женски
    Ех мил мој, во петок ќе се видиме после 6 месеци. За инат има да се дотерам па коа ќе ме видиш да ти биде криво што не сум веќе твоја ! така да си знаеш. :lol: :*
     
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    14.229
    Пол:
    Женски