И. ништо од бизнисот, ништо не правиме, премногу си бавен, а беш штета ептен ми се допаѓаш, верувал или не
Tрпелива сум јас. А и осеќам нешто има. Премногу знаци укажуваат на тоа... Ама нема да ме имаш... Нема никој да ме има, ни тој другиот што се појави. Ниту ти би ме имал пак, ниту тој ќе ме има како што ме имаше ти. Ниту било кој. А ќе бидам среќна и без тебе. Ќе се проживее животов. Убав е. Доволно е што колку толку си се појавил и сум те имала воопшто, за да кажам дека е убав животов. А ти ќе бидеш среќен?! Дај Боже!
Знам дека неможеш без мене едноствано знам. Нема ден а да не ми кажеш ајде дојди кај мене или ќе дојдам кај тебе само да сме заедно. Несакам да се караме за ништо повеќе едноставно несакам. И да ќе заборавев, те сакам денес и секогаш
Вчера кога ме прашаа што ќе правам без тебе, ако заминеш во странство, знаеш ли што одговорив? -"Ќе уживам". И да знаеш дека тоа беше најискрениот одговор до сега. Многу пати сум сакала да се тргнам од тебе, но ти се лепиш на мене како тоа да ти е единствената цел- ЈАС. И сега во овој момент се прашувам дали јас сум ти целта или моите пари? Баш ме интересира што би одговорил на ова. И знаеш ли што ми е смачено веќе? Да ми се лигавиш со твојата "љубов" и да ми велиш дека сум единствена во твојот живот. Не можам веќе да ги слушам тие лажни зборови, не сакам лажни ветувања. Сакам да сум слободна, сакам да сум среќна без тебе. Ќе ја барам среќата на друго место, затоа што знам дека некаде ме чека нешто многу подобро од оваа. Оваа наша "љубов" не ми значи ништо. Не ми значат веќе ништо и` твоите зборови и не сакам да ги слушам. Затоа затни си ја муцката и остави ме да уживам без тебе. Си мислиш дека не можам, а ? Едвај чекам да ти го видам изразот на лицето кога ќе ме видиш среќна. Остави ме да живеам, остави ме!
-Се сеќаваш, кога ми го изеде целиот чипс и кога ти се налутив што ниту едно не ми остави, ти искочи без да кажеш збор, а по неколку минути се врати со огромен чипс во рака и не ти бев веќе лута. И така секогаш, човек неможе да ти е лут на тебе, ќе кажеш лош збор, но ќе го покриеш со милион прекрасни дела. И за тоа те сакам, ма батали за се те сакам!
значи не простуваш неверство епа да дознаам дека уште некоја имаш во животот ти се плетка освеј јас, има да видиш што ке ми те снајде, само пробај
Те сакам како џуџе висината,како тенкоминецот мината,како селанец нивата,те сакам како крава што сака вол,како скопјани скопје сити мол,си одговараме како маусот и тастатурата,масата и гарнитурата,шминката и фризурата.Те сакам како палачинката кремот,како маргаринчето лебот,како сонцето денот,ма те сакам како што јас те сакам тебе дека љубов поголема нема хааа!
поминаа цели 2 години,со друг сум а сеуште мислам на тебе,ѓубре едно безчувствително,знам дека уште ме сакаш и трепериш кога ќе ме видиш,знам го осеќам тоа,но нема враќање назад..не сакам да направам уште поголеми грешки и ако некогаш случајно се сретнеме,не ме гледај така,наивно,невино,убаво знаеш дека за се си ти крив..се расипа,можеби и јас не бев светица ама ти...
Не ми се допаѓа тоа што ти е исто дали ке останам или ке си одам, дали ке ти дадам или не, и тако даље. Ме нервира и ми пречи монотонијата во врската, не знам дали е до мене, ама не се случува ништо интересно за да ти е се океј. Отидовме едвај 1 ден на село и тоа е тоа, и таму се покака, не ти се седеше. Најлошо според мене е кога ке се јави досада од било каков тип, тогаш мислам дека нема вракање. Не велам дека нема ама баш ИЧ добри интересни моменти ама тоа што се ретчат од ден на ден убива. Се сеќаваш какви бевме? Во 1 часот си одевме кај тебе од излегување, не знаевме диско како изгледа, и ке се гушкаме до кај 4. Е тие моменти фалат. А сега знаеш што е нашето секојдневие? Од дома, 20 минути пешачење, и во кафич со се истите фаци, фори, заебанции.. кога си на работа, доагам да те видам оти некогаш жими тоа ми е излегувањето, кога си слободен ништо не се менува, се некои “состаноци“ ти излегуваат а мене кој ме ебе. Порано неочекувано ке дојдеше кај мене на цедевита и секс, или само цедевита... порано знаевме да излеземе со велосипедите.. Се работи за квалитет не за квантитет, а веќе нема ни едно ни друго.
Неможам неможам и неможам да те гледам како другар.Те сакам уште од првиот ден и морам да ти кажам..Знам дека избрзувам знам...И ќе ти кажам дека многу ми е убаво со тебе, те сакам, сакам кога сме заедно, целото време со тебе ми е поминато најубаво.. И мразам кога си одиш дома за викенди остани барем овој ајдее... Убавото тоа срцкастото милото највеќе те сакам..А ти? И после ова и блокови и незборење и ингнор и се ќе лета...
Позитивно спрема негативно... нашата среќа спрема нашата болка. Првото повеќе... Каде сега и што сега? турбо ми работи мозокот и вели едно, а овој прост орган во градите вреска друго. Знаеш и сам. Ќе полудам. Да се препуштам или не? Да го цапнам инаетот или не? Јас и ти или гориме или сме на седмо небо... Две говеда, две прости души, две деца, една љубов... Најди ми го крајот ајде... не можеш, не можам ни јас. уффф! За вечерите како синоќа вреди да се живее... зошто не може да е секогаш така??? Зошто мора да поминеме пекол за да видиме рај? Сакам златна средина...
Паметиш ли како се грижеше за мене додека ми беше само другар? Знаеше колку време посветував на учење и тешко беше човек да ме оддели од книгата. А ќе дојдеше ненајавен, подготвен да те дочека истата кисела фаца во стил што-бараш-овде-имам-обврски; знаеше дека ќе помислам дека си себичен и сакаш да ме видиш, а не размислуваш дека имам поважни работи. Единствена цел ти беше да ми ги тргнеш мислите, да го одморам мозокот, макар во истиот момент те мразела што си дошол. Каква е таа љубов бе дете, толку да мислиш за доброто на саканата и да е небитно што таа во моментот тоа не го гледа? Го паметам секој детал, колку ниско мислење имав за тебе, колку ти ја мразев упорноста, колку очајно сакав да се откачиш од мене и да не ме напнуваш. Да не ми се јавуваш постојано за да ме прашаш како сум, иако кога ми беше тешко знаев со саати да те окапувам на телефон, а ти да ме тешиш и ветуваш дека ќе биде подобро. Паметам и како ниеднаш не посака да ми се одмаздиш, ниту пак откако сум со тебе надоместуваш за се` што истрпе. Порано мислев дека сум посебна штом ме сакаш толку. Не се посебни тие што се сакани, туку оние што можат да сакаат на таков начин.
What a feeling...... Одамна никој не ме сакал вака,не ми зборел вака,не се грижел за мене на ваков начин.. За се што ми зборуваш ми се причинува дека е фантазија,нереално.. Се што правиш допира длабоко во мене,ме погодува..ме исполнува.. И ..многу пати се излажав со погрешни луѓе..Овој пат знам дека ова е нешто посебно и вистинско,сигурна сум
Знам дека не ти е лесно, но сите имаме такви периоди во животот кога ништо не ни оди рака, но затоа јас сум тука со тебе во секој момент и во добро и во лошо да те насмеам да те расположам...Мене можеш да ми кажеш се и да сметаш на мене за се....Кога си среќен и јас сум пресреќна а кога си тажен ке направам да бидеш среќен....Ме имаш мене и гушни ме што и да е ке помине...Заедно ке помине ме се, не те оставам сам ниту во еден момент