Таа ноќ водевме љубов за последен пат. Но колку пати сме воделе љубов последен пат? Не знам, често...
Ех Анакондо моја, мило ми е што си запознал некое девојче. И што сте си правеле муабет. Spoiler Лажам. Не ми е мило, ама нема да ти го кажам тоа. Нема да ти признаам дека сум љубоморна. затоа што пред се тоа не сакам да си го признаам себе си. И ќе се правам дека ми е мило со надеж дека немаш шанси кај неа. Ете така.
Ги сакам моментите кога планираме заедно како ќе го поминеме времето заедно,ќе ја искористиме секоја секунда до максимум.Сакам кога се шетаме за рака и кога се смееме како луди и не ми е гајле за тоа што не гледаат луѓето вака ,сакам кога јадеме пуканки и си замислуваме дека тоа е нешто што посакуваме да јадиме во моментот,сакам кога ќе се прегрниме,го чувствувам твоето срце како чука и уживаме припиени со телата еден до друг,сакам кога се бркаме,ти ме оставаш да ти избегам и кога ќе ме зграпчиш и ми велиш дека сум само твоја,сакам кога ме бакнуваш како секој пат да ни е прв бакнеж.Ахх најмногу од се Те Сакам тебе љубов моја.
Убаво ми е, секогаш, ама баш секогаш со тебе. Убаво ми е кога тмурните и глупави денови како овој денес ми ги правиш посебни, кога ќе ми дојдеш на врата со палачинки во раце зошто знаеш дека кризирам за благо за време на циклус, кога успеваш да ме истрпиш тогаш кога и јас не можам да се поднесам. Убаво ми е кога ми покажуваш колку ме сакаш, кога зборуваш за нашата иднина (иако признавам и некогаш ме плашат сите тие предвремени планови ). Јас тука на форумов можам да ти кажам само едно големо ТЕ САКАМ . Ти се восхитувам во секоја смисла на зборот, најмногу на силата која ја имаш да продолжиш понатаму, покрај се лошо што ти се случи. Полошо од тоа нема, знам, но ете ти издржа... како-така битно издржа. Малку ме лути што на моменти сакаш да ја прикриеш тагата, верувај поубаво е да пуштиш солза, тоа нема да те направи плачко или мекуш! Многу ми е мило што и моите дома те сакаат, нивното мислење од секогаш ми било многу битно! Можеби и не си најсовршен, не сум ни јас, кога ќе видиш никој не е. Мене си ми прекрасен. Таков те сакам. Немој да се менуваш! Можеби патетично и клише, ама од кога сум со тебе се ми е подобро! ти благодарам за се те љубам
Не ги сакам нашите караници. Ми се откинува дел од душата, знаеш ли? Ме боли кога гледам тага во твоите очи. Се топам кога ќе ме гушнеш најсилно кога се ќе помине. И стоиме така, не ме пушташ, небаре за последен пат е. Ми ја галиш косата, ми ги бакнуваш очите. Велиш, сакаш да те гледам. Велиш, го сакаш мојот поглед. Велиш, јас сум ти се. Сакам кога ќе ми кажеш дека си направил некои измени во планот за нашата идна куќа. Сонуваме, а реалноста боли. Којзнае, можеби ќе имаме еден ден сопствена куќа. Јас и ти немаме потреба од многу зборови. Со едно мое набирање на веѓите знаеш што ми е. Сакам што си тука за мене, што ме слушаш кога ти зборувам и за небитни работи што не би те интересирале. Секој ден сум се поблагодарна што те имам, погорда, посреќна, позаљубена во тебе.
Супер, супер глувче низ кујна се мотка... Слатко јаде, торти краде вџашени сме ние. Лаву ти велиш за 6 м. , јас велам за 3 г. Лаву, секое мускулче ме боли. Идам таму и вежбам за да си бидам турбо инџекшн, брелррр, до идното лето. А кога ќе и го видам газето на инструкторката ми се плаче за и моето да стане такво. И после оп оп, нема да бидам како даскичка позади. Ќе имам една видна испапчена угорница која иде благо надолу и од задната страна. ЕЕе неможе само напред да ја имам. Треба и одзади. Лаву, сакам да ми направиш ручек. Ми фалат твоите букети и полски цвеќина. Ми ги носеше од струмка, од штипка, од дворот на куќата до Кај Злате... Се сеќаваш на првите бамбуси што ми ги даде за првиот љубовен ден. Од нив остана живо само едно мало гранче. Истото гранче со љубов го гледам како пркнува од минатата пролет. Мало е ама жилаво. Не се дава. Р`же не се држе или како и да било.
Да можам бар да те разбудам Со кафе утринско во кревет заедно па да те бакнувам тоа го немам одамна .. Да можам бар да се разбудам во свет на љубовта без стари долгови и тие сеништа во чекор што ме демнат..
Огорчен си знам. Ме мразиш, но сето ова не е моја вина верувај. Да можеби имам и некој удел во цела урланда ама верувај ти си крив што сега не сум со тебе. E па не кукај де, сам така си избра. Нели сега ти е подобро. Незнам дали ти недостигам заради тоа што ме сакаше или заради тоа што си жеден крвопиец па сега нема врз кого да ги истуриш бесот што го собираш низ животот. Невнимателен ! И уво не те боли, си тераш по старо. Очигледно во светот е грешката не во тебе, до нас е што те толерираме ваков никаков. Оди лечи се. Изглечи си го егото,самобендисаноста. Научи дека луѓето имаат гордост која во еден момент јас со последни сили ја собрав од подот каде што ми ја фрли изгазена и си заминав. Си ја зедов така е, искината, изгазена и искористена но сепак моја. Сега ќе ја негувам и ќе ја направам сурово недопирлива од човечката пакос. Срам да ти е. Ти посакувам цел живот да бидеш сам. Ова го сакам не од себичност, ами заради што ја жалам следната која ќе ти падне в раце а веројатно те чека зад аголот. Ништо мое не ми треба, кога веќе не даваш задржи ги, небитно. Никогаш не сум била материјалист, не сум стигната до ситнурии кои кога тогаш ќе можам повторно да си ги дозволам. Ќе си купам нови, ти живеј со спомените од нив. Беден. Ако ги подариш на идната ти жена, се надевам ќе заболи од рак на кожа или срцева болест. Оти кога ги носев и мене чувствував како срцето ме боли. Умрете сите , пријатно
Знам дека згрешив, дека те повредив.... Што и да кажам сега е залудно Ќе си ги поправам грешките ветувам.
Нема да биде подобро, ништо нема да биде, со тебе. Убаво ми е вака и не сакам да те гледам, не сакам да го слушнам твојот глас, не сакам да ме гледаат твоите очи, не сакам да ме бакнуваат твоите усни. Немој да се излажеш и да ми се јавиш или да ми пишеш затоа што тогаш ќе почнеш да ми недостигаш. А не сакам да ми недостигаш, не сакам да ме боли, не сакам да сакам.. не сакам да те посакувам. Затоа немој. Остави ги работите вака како што се затоа што ова е тоа што треба да биде. Оваа е нашата судбина, оваа е крај на нашата "љубов". Јас и ти не припаѓаме заедно под оваа небо. Родени сме за да не` бидеме заедно. И нема да бидеме. Немој те молам да ми пишеш дека ти недостигам затоа што не сакам да ти недостигам. Сакам да те мразам и да ги заборавам сите убави моменти, да се сеќавам само на лошите. Сакам да и се вратам на среќата, сакам слободна да уживам во убавините што животот ми ги нуди. Сакам да учам, сакам да шетам, сакам да истражувам, и ти нема да ме спречиш во тоа. Нема нели? Не ми се појавувај во животот повеќе, те молам. Ако дадеш само еден чекор кон мене јас ќе те повлечам и пак ќе останеме заробени во времето. Пак ќе останеме заробени во нашата несреќа. Јас ќе љубам после тебе пак, ќе љубам силно. Ти си човекот кој што го љубев со целата моја душа,но нема да останеш тоа. Ти ќе бидеш само една дамка во минатото на која што нема многу да се сеќавам. Ќе бидам среќна без тебе, знам. А чекај, колку правиме? Две години и единаесет месеци.. пф, лесно ќе се заборават. Нека не` ни се множат.
Me повредуваш многу, упорно го правиш тоа, а колку пати ти имам кажано дека најмногу мразам така... Не те личи, глупаво е, им даваш тема на луѓето да зборат, ама ке ми се смеат мене како те трпам. 5 години - заради тоа ќутам, ама не те сакам веќе како порано. Оди, само оди, па да се спасиме од оваа тежина..
Mака ми е.. не ми се зборува ич и премногу сум нервозна. Не си ти виновен, извини што се понашам вака. Во ПМС сум, затоа
Сакам да те видам. Јас сменета, ти сменет. Ти здебелен, јас ослабена. Да го испиеме тоа фамозно кафе затоа што сега пијам кафе. За арно, за убаво.