Ако земеме во предвид што се треба да се случи за да бидеме повторно заедно, шансите за тоа скоро и ги нема.
Секогаш кога ќе помислам дека беше грешка тоа што те оставив, ти толку повеќе ми докажуваш дека сум требала многу порано да го направам тоа.. Добро бе, толку ли е тешко да се биде искрен со некој со кој што си бил 4 години? Мислиш дека сакам или ќе дозволам да седиш на две столици? Толку ли не ме запозна? Или пак, толку добро ме знаеш па намерно правиш така за да ми се одмаздиш? Што и да е, ти си тој што цели до долу, што пропаѓа повеќе... Искрено се надевам дека ти е добро со ова што го правиш. Вака барем си среќен.. Но ако се преправаш, ти ќе бидеш тој, мизерниот за цел живот.. А така добро изгледаш.. Вистински ангел.. Убав.. Мој.. Барем беше.. Или уште си?! Којзнае...
Лесно е да се каже - "Сам одлучуваш што сакаш. Ќе ја прифатам секоја одлука, размисли што те прави среќен." Не знам зошто, ама отсекогаш сум поседувала некоја желба за праведност и слободен избор. Не само што сакам да ми се пружи, туку во секоја ситуација, макар и да не сум вмешана, тргнувам од тоа работите да бидат фер поделени, да ја разгледам секоја перспектива и најбитно, секој да го прави тоа што го сака без никаква присила. Убаво би било еднаш да ти кажев - "Без оглед на се`, ќе се борам за тебе. И да имаш некое најминијатурно чувство кон друга, ќе се потрудам да го искоренам. И да ме отсакаш, ќе направам да ме засакаш. И да ме одбиваш, ќе бидам во твоја близина. И да ми се потребни години за да ме сакаш пак, ќе ги поминам трудејќи се." Хипотетичка ситуација, но што ако би се случило? Се заљубив во тебе поради упорноста, бидејќи никогаш не се откажа колку и да ти велев дека се невозможни шансите да бидеме заедно. И верувај, не е гордост што те оставам да бираш со кого ќе бидеш. Едноставно се мои манири, почитување на туѓ личен избор и ненаметнување. Ама убаво би било да еднаш почувствуваш дека личноста што ја сакаш е подготвена да води војни за да не те изгуби. Убаво би било, за промена.
Абре момче зошто мора секогаш, ама секогаш, да трошиш пари непромислено. Тоа се 2,000 денари, а ти ги фрли во вода. Не сакам да се замараме за пари али едноставно лошо е. Биди малку повнимателен. Крај краева со тие пари ќе поминевме викенд во Струга. . И да те пофалам си положил Применета Економија. И имаш уште три и завршуваш. Сега гледам дека вкупно 17 пати си паѓал на испити. Ама се поправи последниве месеци. http://www.youtube.com/watch?v=qVCgf6_M7i4 Мене ме фаќа уплав од се.
велиш дека си уморен-а си секјурити а што да речам јас бе-со пари што работам менаџерот ми е зад грб, колешката постојано ме контролира, и девојката што ја заменувам најверојатно ке се користи одмор уште недела дена-кога доагам дома сум психички ИСЦРПЕНА, веке и јас станав и банкнота и монета
ах колку збунтео ми изгледаше денес кога дојде во аристократ и ме виде тама а знаеше дека сум на факултет секако немав намра да те лажам то беше само една кафе пауза
Синоќа се извинив а не бев ни крива. Штета што не гледаш дека тоа го правам за нас а не бидејќи навистина сум виновна за нешто. Уште па така налутено стоиш, као демек не и простувам така лесно. О Боже, па ти навистина си слеп, до толку да не можеш да препознаеш кога заслужувам викање а кога не, немам зборови... А потоа, и денес исто, се однесуваш многу мило, или па знаеш дека не сум крива ама не сакаш да признаеш дека е така..Во секој случај, моите извинувања се трошат, ограничена серија се, не се прозиведуваат више е така да знаеш.
Денес една личност, од која најмалку очекував било каков разговор а камоли пофалба, ми рече дека сум посебна. Дека тој што ме има или ќе ме има е многу голем среќник. И можеби е во право...
Пак би на Duran Duran. Да го играме несмасното танго на Say a prayer. Ќе преживеам ли, вакви емоции? Ништо не ми ветувај. Само биди безбеден и свој. На крајот на краиштата, сите сме сами.
Знаеш,мило ми е што те имам крај себе без разлика што некогаш ме вадиш од такт.Кога ќе погледнам длабоко во твоите очи тие ми кажуваат љубов,бескрајна,вечна,совршена,чиста љубов кон мене и секогаш кога ќе погледнам во нив јас сум се повеќе и повеќе сигурна дека ти си тој единствениот,мој брат,татко,пријател,љубовник и секогаш ќе бидеш.Ти си толку добар и мил што дури направи и моите да те сакаат повеќе од мене Стрина ми насекаде те фали колку си вреден,мил и добар ,а чичко ми пак тој не дава ни еден лош збор да се каже за тебе,дури и те брани тебе ,ми вели да не те нервирам никогаш и да не те лажам.Мило мое никогаш не би те излажала и те немам излажано,го знаеш тоа.Всушност тоа и не држеше заедно сето ова време довербата еден во друг бидејќи ако ја немавме неа ние од дамна ќе бевме разделени.Некогаш не е љубовта доволна колку и да е силна за да опстои една врска како нашата.Сме имале турбуленции и ќе имаме понатаму,не може да е зовршено секогаш се нели,но знам дека секогаш од нив ќе изегуваме заедно и ќе сме се посилни и посилни.Те Сакам љубов моја вечна,единствена.