Свинче мое сакано,зошто мораш да ме нервираш за глупости,а? Знам дека си напнат,ама и мене ме напнуваш! Ептен понекогаш... А денес,ми ѕвони двојната,ама ок,покасно ќе видам. Е ,си научил нешто Мора јас да те научам на некој ред и точка. Ќе те натерам да размислиш за некои работи Не те прашвам јас ништо,сам ќе си кажиш. И да ти кажам едно,ти така ме научи,секој ден да ти го слушам гласот и да знам како си,епа сега не се жали! Ко бев Бг знаеше да се јавуваш,сега демек ај,полесно е...Ќе видиш убаво,има да се јавуваш пак секој ден! не планирам да те оставам да си правиш што сакаш. Ќе ти се пикнам под кожа уште подлабоко,па ќе се прилагодуваш и ти,ќе видиш,не само јас. И не се понашај ко старец,имаш допрва уште многу да видиш
Епа ич к*р не ме боли што ме виде со друг ,нема цел живот да трчам по тебе , абе ич ич ич не ми е жал ич.
Колку е бедно кога не знаеш која го аднала а од инат не ти кажува односно ти вика дека не ја знам. Па зошто тогаш не ја аднеш да ја запознаам, или си правите муабет во пораки и и кажуваш како јас сум љубоморна и затоа не ја прифаќаш м? Можеби ти е некоја бивша, некоја што ја знам. Нели нема тајни, лажење и играње не фер игри? се нервирам
Немам зошто јас да молам, душава се` уште е твоја, но ти друга љубов бараше. Заминуваш и пак се враќаш, но секогаш јас те сфаќам, а ти дали знаеш каде си. Сакам за друга да патам, сакам и тебе да те вратам, пушти ме од љубов да умрам, и да пијам и да губам, пушти ме... Со злато љубов не се дари, и не се купува со пари, а ти кај неa љубов бараше. Мислеше искрено те сака и веднаш му подаде рака, а јас залудно те очекував. http://www.youtube.com/watch?v=F9_yI73ECoY Ја слушав, и ми текна на тебе, по милион пати те пронајдов и ти ја посветвам... Честитам инаку за бидермаерот и подвезицата Ми недостигаш
Те сакам бре Марио, те обожавам. Покрај сите лоши моменти, ти благодарам за оние малкуте убави моменти како вечерва. Не си ни воопшто свесен колку ми значат ваквите вечери, ваквите муабети и колку самиот ти ми значиш! Ти благодарам за убавиве зборови и за тоа што застануваш во моја одбрана и им велиш на другите да имаат почит за мене. Ти благодарам што постоиш и што ми измамуваш насмевка на лицето!
Ги помина сите граници, се беше супер додека не почна со твојата болна љубомора, доволно си имам други маки на страна немора и со тебе да се нервирам те молам не биди љубоморен, после толку години немаш доверба во мене незнам до кога ќе издржам вака, несакам да ме измачуваш човеку, несакам... Сакам само да бидам среќна и да не мислам на глупости, остави ја таа проклета љубомора научи да се контролираш веќе еднаш, свесен си дека тоа само ќе ни ја уништи врската ама пак си тераш по свое, но како и да е нема да се правдам веќе за ништо, ама баш за ништо , ништо лошо не сум направила и пак ме "јадеш" за глупости. Само не ми е јасно како можеш да бидеш толку љубоморен какоооооо
Ех да можам да го вратам времето... ех да можам да те вратам со него.... Ми недостигаш не можам да ти опишам колку... ова не се празни зборови како твоите, јас.. те сакам...
Не, веќе не трчам по тебе! Ти си еден идиот кој не заслужува ништо, ама баш ништо!!!! Не вреди за тебе да си го трошам времето...
Мило ми е што ме виде вечерва, така убава, дотерана, насмеана. Не знам колку ти е грижа, но сакам да си пукнеш од мака А ти? Ти си толку фин, мил што се штипкам дали си реален. Ми годи ова ама не знам дали сега можам да ти/ни дадам шанса.
Понекогаш си навистина бетер од пубертетлија. Уствари, гледајќи ја општата ситуација, се прашувам дали воопшто вие мажите ќе излезете од „доживотниот“ пубертет. Правиш глупави работи, за кои не размислуваш однапред и додека не се налутам не ти доаѓа умот. Е, кажи ми мил мој, дали секогаш ќе треба да собирам веѓи во ситуации како оваа, за да ти текне дека грешиш !? Нема да бидам вечно тука за да те потсетувам, имај го тоа на ум. И пак, упорно не се откажувам од тебе. Те сакам - знам, глупава сум. И ти си, па никому ништо.
јас сум била срценце, ти си сакал да ти бидам жена да не бладаш бе ти 1 месец се немаме видено хелоу освести се пред јас да ти дојдам да те освестам
Залудно се трудам да те заборавам,се направив али е невозможно да те избришам од срцево.Тешко ми е кога те гледам, а уште потешко кога ќе ни се сретнат погледите толку тажни.Со поглед си кажуваме дека неможеме еден без друг,ама гордоста ти е на прво место.И правилно постапуваш,да бев на твое место немаше да ти се опулам а не да ти кажам " Во мене постои искра надеж што можеби некогаш ќе се разгори " И уште потешко ми правиш што ми даваш надеж...
Додека вложуваше напор да ни ја штитиш љубовта од други, требаше да пробаш да не и` наштетиш самиот. И двајцата сме доволни моќни да ја уништиме, верувај.
Ти благодарам за прекрасното вчерашно попладне! Кратко ама слатко. Како чоколадата која никогаш не сум ја обожавала, а вчера се загрижив да не ми стане омилена. Како тајните насмевките помеѓу зборовите и полузамижаните очиња. Како зафрканциите, чепкањата и растурањето на косава. Како што те гледав како си играш со кученцето мое. Сигурна сум дека ќе и‘ фалиш деновиве. А мислам дека те сака повеќе и од мене, ej! ~ А за тебе.. другарчето твое ми кажува дека се менуваш. Стануваш покомуникативен, а тоа никогаш не било. Поради мене ли? Што и да е, ми се допаѓаш. И јас како Марамка, се штипкам зашто не сум сигурна дека си реален, ниту ти ниту работите што ми ги кажуваш. Ајде, имам надеж дека се!
Уште кога те запознав знаев дека ќе боли.А како што поминува времето се повеќе и повеќе боли.Се навиквувам да живееам со таа болка.Лек против мојата љубов кон тебе нема. Jaс тебе ќе те сакам секогаш,а ти... Пи*ка ти материн,те сакам после се!
Би му кажала дека немам наамера малите самоједчиња да ги продавам!!!!!!!!!!!!!!! Ке ги чувам со нас во станот! даааа дааааа ни едно ни едно сите се мои сите! ти ако сакаш оди си, јас со нив ќе сум