Ииии, една година после тоа, моето предвидување - се оствари. Не сакам да сум злобна, ама мнооогу ми е мило што испаднав во право. Те изобликува, те исплука, те изгњави и те шутна, сега си најде нова глина за да си игра. Зарем стварно во кој било момент помисли да ме споредуваш со другачка ти, да ме рамниш на исто ниво со д папет мастер :geek: .... Не бре, јас не си играм со луѓето, не правам планови за да ги контролирам и не им расипувам тоа што имаат. Затоа што не сум лицемер, не сум злоба, не сум себична, не живеам по принцип ако мене не ми е убаво, и тебе ќе ти расипам. Ќе ти се смеат ако им кажеш дека меѓу неа и мене, си ја одбрал неа. Кај ти биле очите? И сега магично пробуваш да се вратиш назад, степ бај степ, знаев едноставно знаев дека имаш некоја намера. Интиуција на ниво имам. Ха, не очекував дека толку брзо ќе се случи... Жалам, ќе треба мноооогу, многу, премногу да направиш за да почнам да те гледам како нормален човек. А не како вејка на ветрот и марионетка. п.с. Фала ти Окси што ме потсети, ќе го заборавев човекот.
За еден мој бивши Ми фалиш, ти ги гледам сликите и не можам а да не помислам на тебе.. Знам дека немаш друга, знам дека не ни сакаш, знам дека сакаше да ме сакаш но не можеше .. и жал ми е, знаеш колку сакав да успееме, уште сакам, ете признавам Ми недостигаш ... Ти ја посветувам песната http://www.youtube.com/watch?v=fDTouU0i ... re=related In another life I would be your girl We'd keep all our promises Be us against the world In another life I would make you stay So I don't have to say You were the one that got away The one that got away
Помина толку мнг време сега сум со друг што точно знае што има кога ме има мене..ме сака знае да ме цени и ме гледа како капка на дланка а што мие денеска што толку мнг мислам на тебе и ги реализирам сите наши моменти ? Ние веќе одамна не сме заедно па уште кога видов дека си ја објавил нашата песна како денеска да си ми ги читал мислите..
За нас не важи правилото дека минус по минус прави плус и дека плус по плус останува плус. Два минуса се уште подебел минус. Плусови, што беше тоа ? Две кози, се тегнат една со друга, ниту една не попушта. Бомба.
Се повеќе и повеќе се заљубувам во тебе, имам пеперутки во стомакот кога ќе помислам на тебе исто како првиот ден Те сакам ханичко мое повеќе и од себе си
Секоја секунда помината со тебе за мене е година, и единствено што посакувам е да бидеме, 50 - 60 ,, секунди " заедно, а после ќе размислиме за следните ... ,, СЕКУНДИ " ... ♥
сакаш да си играш топло-ладно со мене,ама џабе ко веќе те имам прочитано. колку и да нејќам да ти речам збогум,морам. касно ќе биди ко ќе сфатиш шо губиш,не си свесен колку можам да те сакам ама џабе ко ти не ми дозволуваш....
Море Хани Бани како шо мене ми фрле магија,така и на мојте им фрле.Како и секој викенд поминат со тебе и овај помина прекрасно.Кога те прегрнувам, сум потпрена на твоите гради и чувствувам како чука твоето срце сум најсреќна на свет и исполнета сум со бескрајна среќа,едноставно не мислам на ништо друго освен на нас двајца.Убаво ми е кога ќе ме погледнеш во очи и ми кажеш дека сум единствена за тебе.Кога те запросив вчера и ми кажа да тоа беше неопислив момент и чувство за мене.Знам дека тоа треба и ќе го направиш ти,но како што ти кажав тој прстен чувај го за мене,чувај го за тебе,чувај го за нас и нашата љубов.Мило мое и ти си единствен за мене и секогаш ќе бидеш,ти си чист како солза,ти си мојата светлина,мојата воздишка,мое се.Фала ти што си со мене секогаш ,да знаеш дека и јас ќе бидам секогаш со тебе и тука за тебе. Оваа песна ти ја посветувам тебе мило мое,ќе ти каже се. https://www.youtube.com/watch?v=U10TY3CMZxc
Преоптеретена сум со броење викенди. Еве го, еден помина, остануваат уште 3. А како што поминува времето желбата за тебе ми расте. Ват д фак си велам, не е фер. Јас станав зависна од тебе. Толку многу сакам да те видам што мислам ни самиот не си свесен. Ни јас не сум свесна. Јави ми се буцко. Крени го телефонот, сакам да те слушнам. Не ми дозволувај јас да те барам,мене тоа ќе ми стане навика и ќе те гушам. А не сакам да е така. Зошо по долго време, ти си прва работа на која се радувам како мало дете. Кога и да зборувам со тебе насмеана сум од 6ка до 6ка. Како ми се пикна под кожа за 2 месеци, нека ти е алал. И остани, не заминувај.
заеби се. Дремам пола саат над постов во надеж дека добро ќе те опишам, тебе, мене чувствата, дека конечно ќе биде се во ред... ама заеби... кога било се во ред, со кого, па да биде и со тебе...
знам дека јас сум моделот за Неа. знам дека во секоја Неа ме бараш мене. Знам. Знам дека поради тоа си сам и ниедна не ти е доволна. Многумина ме прашале за твојата сексуална ориентација... секогаш се смеам на тоа. Сакам да се сомневам... сакам да знам дека меѓу нас не може никогаш да има нешто. Дека, ете.. сексуалниот живот стои меѓу нас. Но, знам дека тоа е минлива работа, дека ниедна жена и ниеден маж, како кај тебе така и кај мене, може да застане помеѓу ова што го имаме... Знам.. знам бидејќи и јас го чувствувам истото. Знам бидејќи сите овие години... моите мисли завршуваат кај тебе. до сега никој не успеал да ми ги украде. Чудно е чувството, но со кого и да правам муабет за иднина ти си секогаш околу мене... со тебе сум на одмор, со тебе сум во паркот во нашиот омилен град. со тебе ја чистиме дневната соба.. со тебе го гледаме нашето дете како се обидува да се исправи на масичката пред нас... со тебе сум после секој мој бивши дечко. но, знаеш кога најмногу те сакам? кога правиш планови за во идинина и секогаш ме вклучуваш во нив никогаш не ме прашуваш.. едноставно ме планираш.. како да знаеш дека не можам да имам никого освен тебе.... и да знаеш, во право си. се потешко ми е да бидам со некој. се потешко ми е сега, кога имам доволно години да бидам сериозна да најдам некој шти би ме исполнувал како тебе... се сеќаваш кога правевме муабет денес за остварувањето на соништата? дека ако нешто искрено се сака... потсвесно работиме на тоа и еден ден ќе се оствари... да, потсвесно ги одбиваме сите околу нас сфати, ризикувај, и фати ме за рака... ветувам дека силно ќе ја стиснам