Насликај не` мене и тебе, на клупа покрај море, потпрени со главчињата, гледајќи го зајдисонцето. За кога ќе ја видам, да имам уште еден спомен на нас. Јас ќе ти го подарам платното и боите, ти подари ми имагинација.
Неможам да те препознаам, дека си оној истиот што кога ќе ме видеше имаше милион прашања до мене. Сега си ладен, полн со комплекси и нашите средби се сведени на борба да разбериме што сакаме да кажеме. Многу поубаво ќе беше патиштата никогаш да не ни се сретнеа. Веќе трета година се знаеме и се повеќе посакувам никогаш да не те сретнев.
Сонце мое најубаво, само да знаеш колку сум среќна поради тебе, навистина ми е мило што успеавме и успеав да те израдувам...Се надевам од денеска секој ден ке ти носи по некои изненадувања поради кои никогаш нема да ти се сокрие насмевката и среќата од лицето....Те сакам
Од секогаш мислев дека вечно ќе бидам заљубена во тебе и вечно ќе останам во твојата прегратка. Никогаш не очекував дека ќе дојде ден кога ти ќе ме молиш да сме заедно. Никогаш не мислев дека ти ќе рониш толку солзи за мене и дека јас само од сожалување ќе сум со тебе. Секогаш бев јас таа која се трудеше за се да успее, а ти не се плашеше дека ќе ме изгубиш затоа што знаеше дека секогаш можеш да ме имаш. А сега се` се промени. Сега јас се променив. Сега мене не ми требаат тие лигавења и изјавување на љубов. Не ми требаат твоите солзи, не ми требаат твоите прегратки. Ми треба мојата слобода. Сега ја сакам својата слобода повеќе од тебе. Ти бараш искреност од мене, а се лутиш кога ти зборувам дека ги немам повеќе оние чувства како некогаш. Свесен си дека си крив за се, се трудиш сега, но мислам дека е малку касно. Зошто не се трудеше тогаш кога јас сакав да се трудиш? Сега се е џабе. Јас не сакам да бидам со тебе од сожалување и не сакам да те повредам. Сакам да ме сватиш и да ме оставиш да уживам во својата слобода. Можеби некој ден ќе се покаам за ова што го правам, но јас не сум крива што се променив. За тоа си крив само ти и твоите проклети грешки. Треба да се помириш со тоа што се случува, да го прифатиш крајот и да продолжиш со својот живот. Јас продолжив веќе. Јас имам други работи во животот кои сега ми се многу важни, а ти не си една од тие работи. Знам дека те повредува тоа, но не сакам да те лажам. Треба да си среќен што сум искрена со тебе, да го цениш тоа и да бидеш благодарен. Јас ти зборував некогаш дека ќе дојде денот кога ништо нема да чувствувам и еве дојде денот. Заборави го минатото иако не е лесно да се заборават три години, но мораш. Мораш да продолжиш понатаму за јас да не се чувствувам виновна. А знаеш дека ќе се чувствувам ако продолжиш со тие солзи, знаеш дека сум добра и само поради сожалување можам да бидам со тебе, но не сакам. Сакам да те памтам како човек кој ме сакаше, но не сакам како човек кој бараше сожалување. Затоа немој.. заборави ме.
И сега како и до кога вака? Не можам да ти верувам и не можам, а ушто полошо е тоа што сама се трудам да си ги затворам очите пред твоите лаги а ти си продолжуваш мислејќи дека секогаш ке бидам твоја.. и што уште ли ме чека со тебе... се надевам дека ќе соберам сила и ќе те оставам.. ЗАСЕКОГАШ!
Да потенцирам, НА БИВШИОТ: What goes around comes around, докажано. Види мајката, овој период точно пред две години си кубев коси заради тебе. А денес, ти сеуште цвичиш по мене си ја газиш гордоста и се обидуваш да ме добиеш по милионити пат. Не си озбилен. Единствено ми е жал за девојчето со кое моментално си во врска. Да знае таа дека додека со љубов те чекала да се вратиш од одмор, а ти од целиот град се смести баш во ИСТАТА зграда каде што знаеш дека ние со години идеме во нашиот стан таму, и дека секој ден ми се јавуваше и ми доаѓаше на врата и покрај тоа што те одбивав. И дека паузиравте бидејќи мислеше дека ќе ме убедиш да ти се вратам. Но не, и покрај тоа што ти го скршив егото што тебе многу ти значи, што толку те налутив, и кога мислев дека конечно се откажа ти повторно ми пиша. А таа, таа е лудо вљубена во тебе и ти при очи ја правиш слепа, само ја искористуваш колку да имаш некој и да ме направиш мене љубоморна. Да, хаха, ме изнасмеа човеку. Одкога ми пиша и не ти вратив, ем се поклопи што дечко ми стави слика од мене, по два дена ти ја изманипулира таа да стави од вас двајца. Те читам како селски буквар човеку. Мислиш гајле ми е? Си уживам.
Како знам дека те сакам? Пааа... кога после карање, размислувам дека е крај на врската и се тешам дека ќе најдам нешто што повеќе ми одговара. И мозокот мисли и мисли каков би требало да биде мојот "иден", ама твојот лик прв излегува. Ништо друго не посакувам и со никој друг не би ми било толку убаво. Не е да не можам да најдам некој ко тебе - не сакам!
те видов прееска во колата како ја сврте главата бивши, демек заљубен сум па не ја изневерувам онаа која ја сакам ни со поглед -ама требаше да ме видиш убаво ке беше да ме видеше и мило ми е што нема веке да ти бидам во близина кога ке доагам за на медитација сакав да ти пишам тебе плачко да се видиме утре вечер ама неможам треба да легнам рано за една многу важна обврска што ми е ПРИОРИТЕТ-така испадна, треба да бидам одморна а дека ке разговараме неделава биди сигурен во тоа, ако не задутре, позадутре сигурно работава е посериозна отколку што изгледа, и те молам престани да ме бараш за жена на нет-ми оставаш впечаток ко да не знаеш да бидеш сам-бог да чува и да брани, се однесуваш ко детенце кога ке запне за омилената играчка-биди маж ако тооолку ме љубиш клекни запроси ме и дознај го мојот одговор-кај се најде ист по однесувањето како овој бившиов горе споменат Овен
Дури сега почна да ме боли.Дури по 2 месеци.На почетокот не бев свесна дека полека но сигурно те губам.Сега се освестив.Мислев ке се вратиш,дека е период,подготвена бев да ти простам за се.Но не се врати.А знаеш ли дека вака полесно ми е иако мноогу боли? Да,полесно ми е бидејки добро е што заврши пред да почне.Знаеш дека сеуште те сакам.Знаеш дека на се се сеќавам.Знаеш дека живеам со спомени. Знаев дека нема да успее,врска почната дури и со најмала лага нема да трае долго,знаев,ама несакав да верувам дека така ке биде. Убаво ми беше со тебе,немаше момент да ја немаше насмевката на моето лице додека бев со тебе,немаше момент да заплачам,живеев во свој свет,мислев дека секогаш дека ке биде се така розево,убаво,ама очигледно и дека во животот не е баш се розево.Очеигледно е колку јас бев слепа и глупава. Продолжувам напред без разлика на се.Иако ми го стори тоа ти знаеш дека кога и да ти треба нешто јас секогаш ке бидам со тебе,знаеш дека животот би го дала за тебе. Со која и да бидеш моја најголема желба е ти да бидеш среќен,а за мене не е важно!.......
Ми се немаш јавено цел ден и малку како да ми фали тоа ммм тоа е добар знак дека почнуваш да ми значиш затоа за муабетов јас ке ти се јавам сега да се видиме
дури сега некои работи ми се кристално јасни те читам злато како книга дури и можам да го предвидам твојот следен чекор знам што ти фали- , а вака ми изгледаш како навлезен во депресија да си-жалче си бе стварно
Не ми е потребно ништо, освен ти. И знам дека некој ден, месец, година ќе ми помине и ќе се смеам на ова што ќе го кажам сега, ама моментално ти си она што го сакам. Јас и ти имаме чудна врска, чудна комуникација. Некој да не гледа од страна сигурна сум дека ќе се прашува како се трпиме меѓусебно и како се разбираме, ама ете, на тој начин функционираме јас и ти. Различни на карактер, а сепак толку слични. Немаме толку многу исти интереси, ама знаеме да се надополниме, да си ги исполниме барањата и желбите. Јас и ти, често си кажуваме навредливи зборови, но ниеден од нас не ги сфаќа сериозно затоа што знаеме дека сето тоа е шега. Знаеме кога треба да ги сфатиме сериозно зборовите што си ги разменуваме, во тие моменти истите зборови на кои сме се смееле, сега болат. Меѓу мене и тебе лутината трае кратко, освен во еден случај кога траеше речиси три месеци, а мене ми изгледаше ко цела вечност да поминала. Јас и ти со секој разговор дознаваме по нешто ново за нас, нешто скриено кое не го кажуваме на никој друг. Јас и ти, толку лошо се разбираме, а сепак толку добро се сфаќаме. Јас и ти знаеме да се излажеме, да си ја прикриеме одвреме навреме вистината, но кога доаѓаат нашите искрени разговори сè се открива. Јас и ти се мразиме на моменти, а на моменти толку убаво се однесуваме еден спрема друг. Јас и ти, се правиме удрени и глумиме дека некои работи во минатото не се случиле, иако оние битните ги памтиме како вчера да биле. Јас и ти, секогаш сме тврдоглави и инаетливи и не сакаме да си ги признаеме чувствата, но во доцните часови дали на фејсбук, дали по пораки си признаваме онака скришно до кај сме со чувствата. Чудна е врската меѓу мене и тебе. Јас и ти дефинитивно подобро се согласуваме кога времето е ладно. Јас и ти иако вака добро функционираме, никогаш нема да имаме шанса да функционираме како пар, а и да имаме нема да успееме во тебе. Такво чувство имам. Со секој ден те љубам се повеќе и повеќе.
Неможеме веќе јас и ти заедно. Атмосферата не се трпи. Односно јас тебе неможам да те трпам повеќе. Знаеш душо...животот е пред мене, а ти не си никој за да ми го уништуваш!! Немаш право, БУДАЛО....
Колку случајно се запознавме...Не се ни надевав...Но многу ми е драго што запознав личност како тебе, пред се искрен, фин, добар... И одвај чекам да дојде утре да те видам и гушнам...