Ниту последниот воз не поита кон моето чекање. Мислите ми се врзани со лик,ликот со име,името со болка… Спијам на раце од едно одминато време и бледи сеќавања. Сега сум совршенa за љубење...
Колку само лоши моменти истеравме последнава година...Заедно и во добро и лошо, добро...повеќе лошо ни се погоди И среќна сум за НАС, зошто и покрај се, сеуште сме НИЕ. Најлошото помина, се надевам....уште само малку, денови, недели... Знам, бев многу толерантна кон се што ти се случуваше...Но, и ти имаше многу разбирање за мене... Затоа, те сакам најмногу сонце мое, секогаш ...
Колку и да одбивам да признаам..Ми требаш! Ми требаш како добра вест,како од сабајле цигара,како на куче коска,како на џанки дилер,како на гробар смрт,како на свиња леш,како на војник оружје..МИ ТРЕБАШ !
Гледајќи ги нашите слики и тоа колку сме среќни разбрав колку време поминало од кога сме заедно.Само тие се доказ дека времето поминало неосетно брзо.Како да застанало времето само за нас и сакам да е така секогаш мило.Како што кажуваш ти времето врви брзо кога ни е убаво,е па мило мое нас ни лета времето бидејќи ни е најбескрајно најубаво.Ти си мое се ,светлина,сонце,небо,воздух,ти си јас,ние сме едно.
Значи кога си зборувам со некој за омилени заеднички бендови, се радувам како дете! The White Stripes, The Raconteurs, Pixies, Yeah Yeah Yeahs, Arctic Monkeys, you name it, I got it, baby! We can go on all night looooooong
Можеби спиеш, можеби размислуваш, можеби пополека се кршиш .. Без разлика, јас ти праќам многу многу топли прегратки. И на сон и на јаве ти подарувам места каде и самиот знаеш дека си сигурен. Места каде што можеш да ја поминеш цела вечност. Иако не знаеш, си ги чувам прегратките преку ден, ги штедам за на вечер тебе да ти ги пратам. Тогаш си сам со мислите и тогаш ти се најпотребни, да те утешат и да ти кажат дека се‘ ќе биде во ред. .. до бескрај .. .. за она што бевме и за она што сме. И за сета доверба која ја имаш во мене, а не си ни самиот свесен колку многу ми значи. И спиј убаво. Мораш. За да имаш сила утре, да им се спротивставиш на сите пречки и проблеми. Знам дека можеш. Ти верувам и верувам во тебе .. заедно.
НЕМОЖАМ ПОВЕЌЕ ДА ГО ТРПАМ ОВА ОД ТЕБЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Ги видов сликите, љубов. Убав си, мој си. Многу го ценам тоа што взаемно се бодриме и не дозволуваме да не покосат лоши мисли или неубави чувства. Те сакам кога ми праќаш фотки со посвета, само мене, и го ставаш нашиот потпис, мутавски. Те чекам, да го вдишам мирисот на Нас.
Бившиот..-Те немав видено скоро две недели кога наеднаш ми излезе пред очи ..другарками што седеше до мене забележа дека многу се тресам ...и реков дека премногу ми студи но покасно сватив дека не ми било од студот туку од тоа другото... Сегашниот:Си поминав баш пријатно со тебе и твоето друштво се смеев цело време мене ми треба некој како тебе што ке ме сака и цени....баш би сакала да те засакам ти тоа го заслужуваш !
И секогаш кога ке решам да те заборавам ти повторно се појавуваш да ме потсетиш на се што сме поминале.. зошто овие зборови сега ми ги кажуваш? За да ми биде потешко... или направи оваа болка да заврши, или не отежнувај ми уште повеќе!
Немој да мислиш дека ако сега разговарам со тебе најнормално, дека немам заборавено на тоа што се случило.
За една личност,за мојата прва најголема љубов,за личноста поради која созреав. Знам дека се сеќаваш на нас,и многу ми е мило што сеуште се сеќаваш на нашиот ден.Да на оној ден за кој мислев дека ќе бидам со машко за една вечер,но истиот тој ден ми го смени животот.Ме научи да сакам,ме научи да ценам.Од тој ден пораснав. Знаеш,имавме многу убави моменти,имавме и лоши,уствари во секоја врска ги има.Но секогаш и после се ти беше личноста на која што упорно и се враќав,освен оној период додека бев со Давид. Не се каам воопшто за ниту една работа која што ја направив за тебе.Ти ми беше љубов,љубов која што можам да кажам дека никогаш не помина,туку јас ја поттиснав додека бев со Давид.Со него ми помина,но со тебе верувај не.Незнам ни дали некогаш ќе помине. А знам дека и јас ќе останам во твојот живот. Секое момче и секоја девојка имаат по еден таков пример во животот.Такви сме и ние. Мило ми е за се што слушнав од тебе.Така и си мислев.Сега сме нови личности,со истите навики. Незнам дали пак ќе бидеме заедно,можеби да,а можеби ќе си останеме само спомен од минатото.Тие две личности кои таа вечер си се предадоа по прв пат еден на друг.Тие две личности кои навидум продолжија со своите животи но секогаш,секоја повторна средба ги вознемируваше и двајцата. Ти беше и остана пример за вистинска љубов во мојот живот.Мило ми е што успеа во животот.Заслужуваш. Не кријам и ќе кажам,ми недостасува онаа силна прегратка која сите коски ми крцкаа.Таква ми треба сега.