Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Тоа што го кажа ќе биде, само не си свесен како ќе испадне. Јас веќе знам!
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.282
    Пол:
    Женски
    Вчера се раскаравме и тоа многу,а денес ми се јавуваш исто како ништо да не било :(
    И да го искл. телефонот оти премногу ме изнервира,на сите мислиш и му угаѓаш а мене...
    Како последна дупка на свиралото да сум.
    Имаш среќа што те сакам затоа попуштам,ама знај дека не во секоја ситуација би ти попуштила..
    Ќе те научам јас тебе да не бидиш толку горд и да научиш да велиш Извини :!:
    Ми недостигаш,дојди вечер :|
    тесакам.
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Кога те имав тебе, барем имав кај да избегам од овој смрдлив свет.
    Директно во твоите прегратки ме чекаше топлина и љубов...
    Сега те немам и немам кај да бегам, па гордо се соочувам со смрдливиов свет.
    Светот не се сменил, јас и ти се сменивме.
    Јас останав сама, а и ти колку што знам.
    Не те барам, не ме барај.
    Дај да го победиме светот, па без да се бараме сами ќе стигнеме еден до друг.
    Среќа, или не.
    Животот ќе покаже.
     
    На WomanInRed му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.753
    знам дека со кавги и викање ништо не се постигнува, а со полека убаво смирено се :)
    ова ко политика звучи ама вистина е-понекогаш претерувам кога ке почнам да те напагам-со причина секако, ама еве гледаш деновиве фина, мила-абе мед и млеко од уста ми тече :lol: за да те намам да дојдеш до мене-заводлива мамка сум ти :P да се видиме нели и да поразговараме да ти кажам СЕ што ти мислам-ке ти биде ко гром од ведро небо да, како на мене што ми беше кога ги видов сликите од тебе и женати, а тие со детенцето беа капак-ти на мене ама и јас на тебе 8)
    одмаздата се сервира ладна злато мое ]:)
    ке плачеш и ке сечеш вени ти за мене ама доцна ке ти биде :!: верувај во она што ти го кажувам и има вистина во тоа дека Ракот под кожа ке ти се вовлече ама тешко се заборава :)
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Го чекам моментот кога ќе добиеш корпа од неа. И немој после да ми велиш дека јас сум правела се’ да нема нешто меѓу вас. Јас ни со прст не мрдам, да знаеш. Не се спуштам толку ниско. Ако таа те лаже, не сум јас виновна. ;)
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ме нервираш..
    и тоа не е такво нервирање што кога ке се изнервирам и послем пак ке се смирам..
    овој пат не сакам да се смирам, готово е! Капак на целата работа беше тоа што го направи денес..
    Не можам јас да се прилагодувам на твоите испади, и секогаш да трпам, се што ке кажеш или направиш..
    А за жал не планираш да се смениш..
    Жал ми е што многу касно те запознав
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ако со претходниот ја правев таа грешка и му простував илјадници пати со тебе нема.Овој пат сум одлучна.Мислиш не можам да ти се лутам?Сигурен беше?Гледај ме како ме однемува...
    Мразам лаги а те фатив како ме лажеш.Сфатив...премногу бев здодевна и јас. :) Можеше да ми кажеш не ти се зборува,не си расположен,ке преминев преку тоа,ке те разберев ама ти?
    Ако.Не го заборавам тоа.
    Ајде терај.Не сакам уште еден М во мојот живот.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  8. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    :hai:
     

    Прикачени фајлови:

  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Елај ми сеа ваму кај дадичка да ти кажам ја тебе убаво...

    Абе мали,немој ти мене да ми глумиш лудило да ми викаш срцко,ќе ти значи ли ако останам за тебе,бла бла, и другиот ден да не ми ѕвониш,па уште сигурен у себе ќе ми викаш за следниот ден да испаднеме.Е кур шо ќе испаднам со тебе некогаш,некаде,колку и да сакам и да нејќам ете така,мувло ни една !
    И знаеш,друг пат во дискотека не ми зборувај,молим те,ептен ме боли грбот да се наведнувам за тебе да те слушам шо зборуваш,или земи си скала,јас неможам да клечам за да бидам ниска колку тебе,стварно извини :(

    А а а,и немој многу да ми свириш коа се возиш со тоа ебениот трактор,свири им на некој од твоите глупачи,јас не сум една од нив.

    Ај сеа чао,дадичка ќе се врати пак за брзо време да ти каже нешто,воа многу да не ти дојде,веѓо ни една,за чупкалица имаш слушнато???

    [​IMG]
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мое е да си ги носам угг чизмичките и да ми е топло, а твое е да ги мразиш. :lol:
     
    На ines.h, LilBaby, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    831
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Едноставно е.

    Ти си мојата среќа.
     
    На Mishela, Libera, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Нема проблем...нема никаков проблем
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Сакам да верувам дека се` ќе се промени, но не можам. Сега си упорен, се трудиш за нас, за мене, правиш се што е во твоја моќ за повторно да ме придобиеш и јас тоа го ценам, но знам дека потоа пак ќе се вратиш на старото. Ти си јак само на зборови, а не и на дела. Ти дадов шанса сега за да видам што ќе се случи и дали ни е судено да бидеме заедно. Ако и оваа шанса не ја искористиш најдобро како што знаеш и можеш, сакам да исчезнеш од мојот живот. Оваа е последна шанса и зависи од тебе сега дали ќе успееме или не.
     
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да знаеш колку те сакам, тогаш излези на дождот кога ќе заврне и испружи ги рацете.....сите капки кои ќе капнат на тебе кажуваат колку ме сакаш мене, а оние кои ќе ги пропуштиш кажуваат колку те сакам јас тебе ! А да и кога силно врне,гледај ги капките ќе го видиш сите солзи што јас за тебе ги исплакувам.

    Те сакам.
     
    На baby.Dex му/ѝ се допаѓа ова.
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    14.712
    Пол:
    Женски
    Некогаш многу те повредувам, знам.
    А кога ќе те прашам зошто да се жртвуваш, твојот одговор е „за тебе, за љубов“.
    Ти имам кажано колку сум среќна што те имам?
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ајде да ги оставиме нашите стапки на непознати улици, да се вклопиме во приказната на градот, да говориме со прекрасен акцент, да се опиеме од убавини и вино, детално да ги проучиме градбите. Ќе седнеме во маалските ресторанчиња, ќе измешаме разни вкусови, ќе чекориме по камени патеки, ќе се воодушевуваме на саксиско цвеќе под прозорците. Ќе го впиеме мирисот, ќе го преминеме мостот со широки насмевки, колоритноста ќе ја задржиме во нашите соништа, фенерите со силна светлина ќе ни се врежат во сеќавањата. Нема да се налутам ако те освои сензуалноста на жените, но и ти задржи ја љубомората поради неодоливоста на мажите.

    Со сплотени раце да ја доживееме Франција. Сакаш? :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На Chica.Loca, teddybear, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Утре ќе те изненадам со 2 епизоди, знам дека ќе бидеш најсреќен, а сега за сега верувај дека не ми успеало. :)
    А да знаеш колку се израдував што си купил уште еден џојстик, значи викендов на загревање доаѓам да плешеме Пес, а оваа зима ќе имаме турнир на највисоко ниво. Прво од почетник ќе почнам викендов, оти заборавив. Ти текнува како полнев мрежи и играв одлепено низ соба од радост? :rofl:
    Гледаш каков reconnect може да се направи со толку едноставни нешта?

    Може и докторица да бидам викендов, нешто на болки и омалаксаност ми се пожали. :wasntme:
     
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Ме загрижуваш знаеш? Чекам да ми се јавиш и да ми кажеш дека ти е подобро :(
     
  20. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Излези ми од главава, од срцево, од паметот, од соништата, од душава, изгуби се! И однеси си ја со себе целата болка што ми ја нанесе, земи си ги и лагите, навредите, лажните ветувања, ударите, тортурите и да те нема комплетно од мојот живот, не само физички. Се сакавме слепо, а во темница не се живее.