Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
  3. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vesni4kaaa

    vesni4kaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Ова е последно што го пишувам за тебе... Поминува веке и третиот ден без тебе, боли, многу боли но се надевам ќе помине некогаш-иако секој ден се потешко и потешко верувам во тоа. Те сакав премногу, ти дадов се, секогаш те примав назад по сите глупости направени, но не можам повеќе. Можеби се трудеше и ти околу оваа врска но изгледа не доволно. Затоа тука е крајот, се надевам со овој последен пост од мене за тебе, ќе почнат да стинуваат сите чувства кон тебе... Те сакам и мислам дека секогаш ке те сакам зошто голем дел од мене заминува со тебе ;( Збогум!
     
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Те гледам така симпатичен ми си па + ТЕ САКАМ добра ноќ
     
  6. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Ти си мое :sun: јас сум твое :f: . :)
    Те сакам :l:
     
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    жал ми е за мене сто сум со тебе :( :(
     
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сум кажала и пак ќе кажам.Истите гомна не се јадат по 100пати.Ама џабе,
    Изгледа многу ми се вкусни......
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  9. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Нема тема/категорија "која песна би му ја посветиле на Сегашниот" , па затоа тука ќе ја ставам , и ќе го потенцирам делот што Би му го кажала (испеала)


    Nobody wanna see us together but it don't matter no 'cause I got you babe ,'cause we gonna fight ..Oh yes we gonna fight ,Fight for our right to love !
     
  10. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Како не ти е срам.По себичен човек од тебе нема.Идиот.
    Најголема казна за мене е тоа што сум со тебе.
    Ова не ти го простувам,како и се друго...
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Денеска просто ме изненади, неможам да се пожалам на тебе. Добро е што знаеш како да ме израдуваш, ах бре те сакам дибече мое :*
     
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Знаеш што ми текна?Кога по нашата прва заедничка ноќ утрото се погледнавме и со љубов во очите ми кажа дека јас сум твоја лепотица.Солзи ми надојдоја на очите,тој момент бев најсреќна на свет и од тогаш секој ден кога ќе ми ги кажеш тие зборови јас сум најбескрајно најсреќна.Ти си мојот принц,моето сиренце :D ,како што си ти мој,така јас секогаш ќе бидам твоја,ќе те следам во секој успех и ќе се радувам со тебе,а ќе тагувам на твоите неуспеси и ќе те тешам. Ти си мојот ангел кој што секогаш ме чува.Секогаш кога ќе дувне ветар надвор да знаеш дека јас ти го испраќам за да те погали кога веќе не можам јас.Кога не сум јас до тебе да те прегрнам тогаш небото нека биде твојата прегратка мило мое.
     
  13. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Знаеш што драги? It takes two for tango. Јас не можам да те натерам ти да се грижиш за мене и да ти е стало до мене како што ми е мене за тебе, ама ако е така, остави ме. Не ме повлекувај уште подолу, те молам. Зошто јас ќе треба да се кревам нагоре сама,а ти ќе си на врвот. Ако сега не те интересирам, тогаш уште помалку. Мене ќе ми треба некој да го помине тој пат со мене, додека тебе ќе ти е се равно.
    Само не можам да те разберам. Ти беше тој кој инсистираше да не те мислам. Зошто ми се јавуваше? Зошто го продолжи сево ова ако знаеше дека ќе биде вака? Изигра многу себично, многу. Ме разочара буцко, ептен.
    Сега јас ќе се сменам и ќе бидам ладна. Констатирав дека кога не те барам, твојот интерес за мене рапидно расте. Па да видиме дали тогаш ти ќе бидеш тој кој дреми над телефон и чека повик. Ако си го затерал инаетот, bring it on, во тоа поле можам да те победам во секое време. ;)
    Дотогаш буцко, имаш пристојна замена овде, да не се секираш :) :*
     
  14. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    незнам како го поднесе поразот во покер но изгледа мн болно
     
  15. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Кога паѓа солена река од надуениве очи.
    Кога усните неприродно вибрираат, а погледот се кочи.
    Кога посегнувам со двеве раце во собава празна.
    Кога паѓам на колена пред твојата казна.
    Мислиш ли дека ќе преживеам..?!

    ;(
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Многу ми е тешко.Ветив дека нема веќе да ти пишувам.Понижувачки е и не е фер.Попуштив.Денес е посебен ден. На повеќе од еден начин.
     
  17. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Сакам да те мразам но не можам.. мислам на тебе нон стоп и се мразам себе..
    ти не ме заслужуваш, сите го знаат тоа освен јас.. така беше и на почетокот, сите знаеа дека не си за мене освен јас.. и на крај, покрај се што ми направи јас пак би ти се вратила и би те сакала уште повеќе..
    доволно е само да ми ги кажиш тие два магични зборови, кои знам дека ке бидат лага.. но се доволни да ме натераат да погрешам пак.
    Знаеш... и покрај тоа што ми е јасно дека се се сведе на другарство, јас пак се надевам дека еден ден пак ке ме побараш и ке бидиме заедно..
    тоа е, надежта е единственото кое ми преостана од се.
    Гледам дека ги цениш зборовите кои ти ги кажав дека имам силни чувства спрема тебе, тоа е единствено добро нешто од тебе.. знам дека не можам да те натерам да ме сакаш,
    но тогаш зошто ме лажеше дека никоја не си ја сакал како мене?
    Е тоа е единствено нешто кое сакам да го знам од тебе...
    Ти си поинаков, ама сепак ист, бесчувствително копиле.. извини што вака те нарекувам, но и самиот еднаш кажа.. можеби тој твој шарм, таа привлечност и способност да манипулираш е тоа на кое сите паѓаат. И јас бев една од нив.. за жал, или за среќа...не знам :/
    Знам дека не ме гледаш како сите други, знам дека ме осети посебно.. но не доволно, не остави времето уште повеќе да не поврзи.. а јас давав се од себе, не те излажав ниту еднаш.. те сакав и те чекав секогаш.
    Мразам што го кажувам ова овде а што не можам да ти го кажам во лице, не сакам да се понижам толку, и јас имам гордост..
    Немавме прилика после се да збораме во четири очи, контактиравме преку пораки..
    ама искрено се надевам дека еден ден ке се покаеш за се,
    сите еден ден се враќаме во минатото и ги бараме оние личности кои вределе а сме ги испуштиле.. и знам дека јас ќе бидам една од тие.. но тогаш ке биде премногу доцна.
    Како и да е, јас се надевав дека ке се промениш и се уште се надевам, се надевам дека за брзо ке се сетиш и ке се покаеш.. Искрено посакувам да е така.

    Ти беше последната личност која мислев дека ке ми значи толку.. затоа што уште пред да бидеме заедно велев дека од сите машки во градот со тебе последно би била. :$ никогаш не вели никогаш.. ама баш убава лекција, и сега ми е дури и чудно.. како ти, таа личност која искрено ја мразев на некој начин,
    ми стана толку битна.. сеуште се смеам на зборовите кои ги кажував за тебе порано :tmi:
    А на почетокот си ветив дека нема да те засакам, и не успеав да го одржам ветувањето.. но на чувствата не можиш да им наредиш.
    Сакам да знаеш дека јас можеби ти кажав еднаш дека те сакам, а ти милион пати ми повторуваше..
    но и колку пати и да ми повтореше, тоа немаше да вреди ни половина од моето „те сакам“.
    И сега се смеам што толку ноќи со ред плачев пред да заспијам, и си ветував дека нема да има наредна.. и секоја наредна пак се присеќав на се и не можев да запрам..
    Понекогаш ја слушам песната што ме потсеќа на нас и пак тој флешбек и солзите во очите..
    не знам зошто но оваа тага и болка на некој начин ми е слатка..
    пред тебе не знаев како е да се биде вљубен ама сега знам дека било многу болно и тешко.
    Често пати посакувам воопшто да не одев со тебе, ми беше добро и пред тоа.. понекогаш си мислам дека ти беше голема грешка, но потоа си мислам дека во животот не треба да се каеме за моментите кога сме биле среќни..
    И да, сакам да ти го кажам уште ова..
    Со тебе ги поминав најубавите и најсреќните мигови во мојот досегашен живот, млада сум има време и за поубави нешта.. но со тебе беше посебно, се сеќавам дека си мислев дека ке умрам од среќа и го достигнав врвот.. ама тоа е секогаш така, животот е суров и среќните мигови се како сон..
    се случуваат и потоа се само сеќавање.
    Еднаш ми рече дека ти сум се, можеби сега повеќе не..
    ама за мене ти секогаш ке ми бидиш се, кога и да ме побараш, јас пак како глупача ке потрчам кај тебе..
    зошто? зошто во љубовта нема правила, едноставно... нема друга причина освен помислата дека тоа ме прави среќна. :)
     
  18. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    сакам да не те сакам толку...неможам сама да разберам како можам толку да те сакам
     
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    11.129
    Денес во автобус почнав сама да се смешкам.Се сеќаваш кога лежевме на лулашката, ти го гледав профилот и се смешкав? Од моја перспектива месечината ти доаѓаше точно на врвот од носето. :)
    Љубов. Го сакам секој проклет момент со тебе.
    Крај тебе созревам. Ме предизвикуваш. Доволен си, за денес, вчера и утре.
    Едвај чекам да те гушнам утре, да се претопиме, на најубавиот начин.
     
    На martinuska, ilipili, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Знаеш дека те сакам премногу...знаеш дека не можеме еден без друг.Знам дека сум ти важна и знаеш дека се грижам за тебе.Направи некоја глупост од таа за која зборувавме утрово и ке те отпишам.Ти дадов последна шанса само заради тоа што ми е страв да не направиш нешто.И мајка му стара послушај ме еднаш.нели жена ке ти бидам,кој ке ни чува децата а :wasntme: 6те дечиња...близначиња.Еден пар машки еден пар женски и еден пар машко и женско,е таква ни е иднината наша која си ја планираме а ти му ја мисли :fubar: