Потруди се малцее. Срцка си, душа си, знам дека ме сакаш, мазиш галиш.. ама мене никогаш не ми е доста. Да ти кажам право, дури и жал ми е, се чувствувам виновна дека не ми е доволно и дека секогаш нешто ми недостига. Но што да правам, некако ми е монотоно, досадно... Дури ми доаѓа на памет да ти швркнам превара. Не да се фалам, ама сите другарки ги изневеруваат дечковците, само јас не. Срцка сум. Затоа изгледа и мене ми се присака. ц ц ц Ама НЕ! Не сум толку гнасна јас.
ах како можев ова да ти го направам на тебе и самиот знаеш и милион пати да ти се извинам не е доволно а ти веќе ми прости искрено јас не те заслужувам
абе смотко еден се што ти викам е за твое добро а ти не ме разбираш доста ти било од моите совети така нека биде еден ден ќе се каеш
Те сакам...среќна сум што те имам крај мене,Во овој миг ти си ми едниствена светла точка во мојто живот те молам и да останеш кај мене бидејки секој проблем со тебе секогаш ми е како пола решен...Те сакам повеке и од самата себе ;3
Ќе ја направиме ли пак истата грешка како во мај? Дали пак се ќе биде исто ко тогаш? Ако да, тогаш не сакам ништо да менуваме. Знам дека последниов месец дојде до израз кризата која ја имаме во врската, ама не сакам да те изгубам. Те сакам.
Шо да му кажам ,шо да му речам.. Ме боли помислата да те изгубам бе дете. Шо ми напраи? Не , не сум јас ова.Неможам да се препознаам..
Фала ти за тоа што никогаш не ме остави,што секогаш ме трпеше со сите мои каприци и добри страни,фала ти што секогаш беше овде за да ми подадеш рака,што плачеше и се радуваше со мене во секој миг,што секогаш со часови ме слушаше како ти кажувам за моите проблеми или пак што правевме планчиња и правиме за нас и нашата заедничка иднина.Ти си ми зрак темнината,од толку што ме правиш среќна се плашам да не е ова сон и некој ден да не се разбудам од него,но секогаш си ти тука некаде за да ми кажеш дека тоа е реалноста,нашата реалност која што е многу убава.ж моја вечна единствена љубов .
[СДК] Сакам да кажам... ...Ах...Колку е убаво да е човек со тебе. Благодарна сум на животот што те имам,што те венчав и окончав за себе. Благодарна сум ти што ме љубиш и згрижуваш иако не си сега до мене..ти праќам 10000 бакнежи и гушки до студениот Минхен...
Многу ми требаш , ох деновите не поминуваат .....и пак ја слушам нашата песна веке 2саати... http://www.youtube.com/watch?v=witErHjl ... re=related
Те жалам... искрено да... и се жалам самата себеси што паднав на еден толку низок идиот како тебе, се прајш некое шанкуре... можеш да ја имаш секоја, а јас пак ти ги крадам погледите. Срце мое те читам толку лесно... ме посакуваш ама не се осмелуваш пак да ми пријдеш бидејки се плашиш.. да се плашиш! Ти само губи си го времето со твојте курвичиња, како и да е.. и самиот знајш дека сум многу вредна за некој како тебе... Не јас никогаш не сум се преценувала, ама знам дека за тебе сум too good to be truе. Колку и да лажиш твојот поглед те издава, те заприметив како ме гледаше.. со копнеж... ама тоа е тоа срце, самиот ме испушти.. и ке си се каеш за тоа.. ке си се каеш многу кога ке најдам некој кој ке знае искрено да ме цени и сака. Ама ако.. тоа нека биде твоја лекција, како ти што беше моја!
свакам јас дека нема место во твојот живот за мене дека сум ВИШОК и се обидувам да си го средам животот-тешко ми оди, ама не се откажувам, да немам време да мислам на тебе , а тоа што во твојата населба е центарот за медитација-виша сила бе брат тука ништо не можам ама ти си на едниот ама јас на другиот крај од другиот-секако ти незнаеш кога јас сум таму и што ти е гајле како сум јас на Фемина потпишана мој живот-мој проблем
Зар мораше да дојде до ова за да ми кажеш а и јас на тебе ? Крива сум за топло ладно игрите, а ти си крив што тек сега ми кажа колку си ме сакал.
Ми фали гласот да ти го слушнам.. да ми се насмееш, да ми ги кажеш нашите зборчиња што ни прејдоа во навика , ти ми фалиш, добро?