Шом додека го гледам Беар Грил, и ти ме палиш пак повеќе од него, злато, верувај, ова е врвот! Никогаш доста од тебе.......н.и.к.о.г.а.ш !
Веќе се навикнав на бессони ноќи. Времето лета кога имаш милион мисли во главата. Сакам да ги поминувам ноќите со тебе. Сакам да ти кажувам за сите мои грижи, стравови и надежи. Сакам да лежам до тебе во темнина и да чувствувам како градите ти се прошируваат кога земаш воздух, да ја чувствувам топлината на твоите прсти испреплетени во моите. И знам дека не сум единствената што се чувствува вака, знам дека не сум единствената која е навикната на вакви ноќи и единствената која сака ноќта да ја помине покрај оној кој го љуби. Сакам да ги делам овие ноќи со тебе затоа што знам дека и ти имаш ноќи кога некој ти е потребен. Но сепак ни моиве бессони ноќи не се празни, сепак тука се твоите пораки кои не ми дозволуваат да заспијам. По пораките си ги кажуваме чувствата и мислите, тие ги знаат сите наши тајни, наши проблеми, сите работи кои сме сакале да ги кажеме но не сме го сториле тоа. Пораките имаат многу големо значење за мене, сите пораки од тебе си ги чувам, а речиси и да немам меморија на телефонот. Премногу се.
http://www.youtube.com/watch?v=A_OnFHJou4o Не ми замерај на расположенијата деновиве, имам страшно лош ПМС и секакви филмови и сценарија ми поминуваат низ глава без апослутно никаква причина, или што би рекла моја М „ничим изазвано“ Само гушкај ме силно, ништо друго не треба да направиш или кажеш.
те преболив те заборавив ...си имам друг Што кур фактор те натера вчера д ами пишиш па онака поштено да се изнапрајме 3 сати муабет ? муабет од кој ми се крена адреналинот и неможев да заспијам долго време потоа ..
Спојлер Беше една пролет.. Сонцето те осветлуваше, те правеше, свеж, чист, невин.. Беше тоа една детска љубов.. Чезнеев да ме допреш, да ме прегрнеш. Се смеев кога ме закачкаше.. Кога ме допираше по половината. Се радував кога ветрето ќе ми донесе немирен прамен на лицето,а ти ќе го тргнеше. Кога секој бакнеж беше толку посакуван, а срамежлив, страшен. Сакам на пролетно утро, на некоја ливада , заедно да ја осетиме свежината и топлината во исто време. Да бидеме сами, колку што човек може да биде, а да сме исполнети , колку што човек сака да биде. Никогаш не ја очекувај љубовта на останатите да ја пронајдеш во мене. Таа е валкана. Јас те сакам чисто. Те сакам за пријател, те сакам за прегратка, те сакам да си мој, колку што јас сум твоја. Дојди по мене. Нема ни една мисла да ми прелета. Бидејќи се што е валкано е чисто на тебе. Бидејќи ладното е топло. Бидејќи моите очи те впиваат , твоите немири, лудории во мене се невини. Бидејќи се што правиш го правиш најдобро. Бидејќи знам, многу си извалкан, но кон мене си чист. А јас сум убава. Со тебе сум убава. Беше тоа една пролет. Беше и никогаш повеќе.
Мочко еден смотан! Ќе те умрам овие три дена за ова што го направи денес, не мисли дека лесно ќе ти простам и поверувам во тоа што ќе го ИЗЛАЖЕШ!
ОФфф ќе ме пукниш ти мене еден ден ,таман помислив дека се е Ок ,ете ти нов проблем.Не знаев дека се е друго поважно од нас двајцата,од нашиот најсреќен ден што следува односно сега не знам дали ќе биде најсреќен,па дури рече дека и замислувам работи а?Епа фала ти многу поради тоа,ти ми рече дека јас не те разбирам,не мило ти мене не ме разбираш и баш ми е жал поради тоа.Зошто поради други ние доаѓаме до вакви ситуации,зошто?Аххх не можам со тебе,па дури и ми се исклуче и замина,не знам повеќе ни како да се однесувам,повеќе не сум своја.Некогаш го вадиш најдоброто од мене,но некогаш најлошото и го мразам тоа што ми го правиш.Да знаеш ме навреде и за момент се запрашав дали сум ти важна јас или не.Можеби е лошо што мислам вака,но ти со твоето однесување ме наведе на тоа.Ахх само се надевам дека бог ќе ми даде сила да издржам се и дека се ќе се заврши на најдобар начин и за двајцата.