Ах колку сакам да те гушнам, ми фалиш...Како што ми велеше преска ,, времево е само за гушкање,, ... Ах таа работа , па и 3та смена , лошо.. Едвај чекам да те видам утре
Боже, како влијаат на мене твоите осцилации во расположението...Понекогаш во сред бел ден мене ми е мрак и обратно, во сред ноќ - сонце ме грее.
Ме бришеш од фб, а преска така убаво ме изгледа од позади, што дури и целиот се сврте..Знам што сакаш, ама нема. И затоа ме избриша од фб, нели? Оти не можам да ти го дадам она што сакаш да го добиеш. Пфф, па и ми вика ’ Не мора никој да знае, меѓу нас ќе остане.’ Мрш, не ми требаш. Убаво дете си, ама само сексот ти е во глава.
Јас веќе со тебе емисии за духови да гледам нема После да неможам да заспијам и да мислам на тоа цела вечер несакам И другпат кога имаш намера да ми кажеш дека ме сакаш не ми го кажувај тоа шепотејќи на уво барем не после емисијата
Ајде веќе еднаш пиши ми! Само поради тебе дремам цел ден на Фејсбук. А знам дека сакаш... или незнам... Многу ми си убав... охх Спојлер инаку не е за дечко ми. Знам дека сум гнаса.
Заборави како мириса додека загњурена во неговата преграта ја наслонуваш главата во неговиот врат.А кругот ќе престане да се врти. Затоа што сети се дека рече дека никогаш нема да замине. А замина… http://beleskitenalajlagrejs.wordpress.com/2012/10/20/цитати-а-сега-заборави-јаневска-ма/
Не ми се верува дека толку пораснавме. Не сум веќе дел од твојот живот, но би ти дала еден совет - пред да си поверуваш дека си верен, научи што значи поимот емоционално неверство. Научи да не се враќаш во минатото и сега штом си го ставил потписот на хартија се надевам ќе си посериозен. Не ради мене, ради неа. Поради вашата брачна среќа. Смешно ми е да те гледам како нечиј маж, кога уште имам сеќавања на тебе, како детиште, на нашите разговори за твојата бивша, за твоето признавање дека никогаш нема да засакаш друга како неа. Но, штом си избрал некоја, потруди се. Не секоја на која ќе и се пушташ ќе ти кажува дека е срамота тоа што и го правиш на девојка/жена ти. Скроти го малку фраерот што го носиш во себе. И знаеш, веројатно мислиш дека со секој совет што ти го давав кога не го бараше, си го газев достоинството или пак премногу ми значеше. Не. Само го познавав и добриот во тебе и те поттикнував да бидеш истиот. Чувај си го паметот, еден ден ќе бидеш и татко. И пак би се вратила за да ти кажам што да не правиш, но не е веќе мое да се мешам. Не сум никоја. За луѓето со тажни стории имам потреба да се грижам, и посилно е од мене. Но сега, оставам на Господ. Не ги прави грешките на твоите родители или на Маја. Никоја не е доволно згодна како неа, ниту толку расипана. Ама верувам дека таа до тебе те љуби повеќе од секоја. Не си играј со тоа. Ви ја посакувам цела среќа, од срце.
Не си свесен какви сè реакции и емоции предизвикуваш кај мене. Моментално целата се тресам од возбуда или среќа. Не знам точно што е.
Понекогаш имам толку мисли во главата, та ми тежи, ко планини да носам во неа. А твоето рамо е толку смирувачко, ко да ми вели дека „некој ден нештата ќе бидат подобри, а до тогаш ние двајцата секогаш ќе си бидеме поддршка еден на друг“. Знаеш, мислам дека кога ја наслонувам главата на твоето рамо, проблемите и лошите мисли си одат. Си одат, барем сè додека повторно не ја кренам главата. Убаво ми е кога си тука до мене и кога потонувам на твоето рамо. И кога ти го слушам издишувањето, придружено со срцебиењето. И кога ме бакнуваш во чело и ми шепотиш дека ме сакаш. И кога ми дишеш во врат. И кога ми ги бришеш солзите и ме нарекуваш плачка ... А знаеш, јас дури би плачела од среќа што те имам.
Знам дека ќе успееме и двајцата. Родени сме јас и ти за да бидеме засекогаш заедно. Едноставно не можеме еден без друг... И покрај сите кавги кои ги имавме и ќе ги имаме, покрај сите пречки кои ни застанаа пред патот и покрај се' јас секогаш ќе верувам во нас. Еден ден...ако не биде вака како што си замислувам јас за нашата иднина и ако не испадне онака како што треба ќе ми биде многу тешко. Не знам воопшто дали ќе се помирам со тоа, а знам дека нема ни ти. Тешко ми е срце кога ќе те гледам тажен. Знам дека многу пати претерував и јас, но тоа е бидејќи не те сфаќав или не сакав да верувам дека ти е така. Ти посакувам да успееш таму каде што си, колку и да ми е тешко што по втор пат оваа година се разделувам од тебе пак јас ќе го посакувам најдоброто за тебе. Толку си добар, душата моја си ти. Солзи ми течат... Се плашам! Не сакам да помислувам дека нема да успееш, но ете има во мене некоја мала несигурност што ме тера да помислам. Те сакам, премногу те сакам. Ми недостасуваш, а знам дека и јас тебе ти недостасувам. Иако не искажуваш премногу чувства, те познавам јас тебе многу добро. Еден ден ќе бидеме среќни јас и ти. Што и да е ќе помине..