јас и ти два различни света-почнувајки од начин на размислување, карактер, екомонска ситуација па и да ти кажам не ме чуди воопшто кого и да запознаам економски постабилен имаат слично однесување и размислување како и ти што се замислуваат навистина не ми е јасно само една работа не ми е јасна каде и бил паметот на женати кога забременила од тебе-мислам дека е од тебе ако се уште ти е жена со ваков човек семејство да формираш треба сама себе си да се однесиш во лудница на лечење најдобро ке било ти да станеш геј-универзално решение за сите
Во хороскоп ми вели дека ке чујам од тебе деновиве нешто што одамна сум сакала да чујам. Ајде да видиме..
на тој првиот-чекам да ми одговориш денес, не сум заборавила. на тој вториот-не знам кој филм ти е у глава ама барем јави се денес. на тој третиот-шо и да прајш до другиот викенд не сум тука за тебе.
Само ти можеш да носиш моцарт кугли у јакна и да се надеваш на нечуено дека случајно ќе се сретнеме по скопските кафиќи. Непоправливо веруваш дека чоколадо е ок за мене...ПМС ми помина, сега имам само желба да те видам,и убаво е што за тебе утрото е секогаш попаметно од вечерта,а не очајно цела вечер да се разминуваме. И оп,за 50 нијанси (на сиво ) денот е поубав...
Епа започна.. Признавам се плашев од овие моменти кога секој ќе треба да тргне по свој пат. Ама навистина да тргне. Без да ја врти главата наназад и без да размислува за минатото Јас те сакам и никогаш не мислев дека на ваков начин ќе се откажам од тебе, но што е многу многу е. И самиот си свесен за работите што ги правиш, работите што ме повредуваат. И жал ми е, навистина ми е жал, но мирот ми е поскапоцен од нервозите во една недозреана врска. Ем сакаш сериозна врска - ем се однесуваш како недораснат. Драги мој јас не сум толку силна да ги носам на рамо и твоите испади и нервози кои ме навредуваат! Јас трпам, трпам многу повеќе од тие твоите претходни девојки.. Можеш и сам да видиш со оглед на фактот дека издржавме толку време заедно. Но не, веќе не, доста е. Јас не можам да ги трпам твоите зборови повеќе, секој ден ми даваш до знаење дека не сме еден за друг. Далеку од тоа дека немало убави моменти меѓу нас. Имавме преубави денови и ноќи заедно. Кога ми требаше поддршка тука беше, кога ти требаше - тука бев. Но едноставно твојата нервоза и твојот речник го прават своето, дури и ја убиваат љубовта. Залудно е, нема никогаш да се промениш, не... Јас не сум таква како тебе. Јас никогаш нема да можам да бидам. Не сме на иста фреквенција... Затоа промени го каналот, бидејќи јас веќе тоа го сторив. И не.. немој повеќе да ме бараш... Збогум! ** И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил! - Џамбазов
Можеби навистина само се залажуваме толку време. Си велиме дека ќе биде подобро, а знаеме дека нема да дојде до тоа. Всушност, и самиот кажа дека освен на полошо, друга промена нема да видиме во врската. Само мене ми е страв да го признаам тоа. Страв ми е да кажам дека можеби си ми навика, а не љубов повеќе. Страв ми да останам сама, без тебе. Од друга страна, преку глава ми е од караници, љубоморни испади за се и сешто, гледање само додека сме на факултет. И јас сакам да дојдам некогаш кај тебе кога не ми се излегува и да гледаме филм. Сакам да се гушкаме кога врне дожд. Сакам да се шетаме заедно секој викенд. Преку глава ми е едвај да чекам да заврши викендот за да те видам. Во овие 3години, на рака ќе избројам колку пати сме излегле заедно. А имам 21година. Не сакам да мислам дека така ми пропаднале најубавите години од младоста. Не сакам да се каам што сум/бев со тебе. Многупати сакав и да дојдам и да се исплачам во твојата прегратка заради караниците од дома, или да се радуваме заедно на успесите. А не можев. Само поради тоа што сме од различни градови. Не можам веќе. И ти кажа дека не можеш. Нема веќе забава во врската, нема смеа, скоро нема ништо. Зошто да се мачиме само и двајцата? Ух, тешко ми е, ќе пукнам.
Се прашувам како стигнавме до овде?Знаеш до пред некое време да ми кажеше некој дека ќе дојдеме до овде немаше да му верувам.И мене ми е доста од ова,и јас сум изморена да знаеш ,не само ти.Се обидувам од петни жили да се поправат нештата ,знам дека не си ти виновен,но ни јас не сум.Најмногу ме боли тоа што не по наша вина ние страдаме и се нервираме.Се што сакам е да си сме пак ние вистинските,да е важна само нашата љубов,само ние и ништо друго.Ако барам многу,ако ти смета нешто кај мене,ако тоа што те сакам со сето срце и душа кажи ми,ако те гушам и ако те нервирам и повредувам доволно е само еден збор да ми кажеш и јас ќе се повлечам и ќе те оставам да си сам,но ако така бидеш среќен барем ќе знам дека еден од нас е задоволен и исполнет.Не ги заслужувам твоите испади на нервоза кон мене,и јас сум нервозна не велам не,но дај да престане веќе ова еднаш.Пак ќе кажам ако јас сум таа што ги носи проблемите и ако јас те повредувам ќе се повлечам.Да знаеш те сакам и секогаш ќе те сакам толку длабоко,искрено,нежно и никогаш нема да засакам друг.Вечно ќе си во моето срце и душа мила мој вечна љубов.