жал ми е што нема да можеме да се видиме неделава но знаеш колоквиумска недела е нека помине и твоја сум
Ах зошто не се разбравме како што треба?Зошто јас не те разбрав,само да те слушнев што сакаш да ми кажеш,да не бев нема ,слепа и глува се ќе беше подобро.Јас сум виновна за се,не си ти,јас сум крива што не знаев да проценам,што не се обидов да те разберам.Не ја заслужувам твојата љубов,внимание,добрина,не те заслужувам тебе.Ветувам дека никогаш повеќе нема да те повредам,навредам,налутам,ќе те сослушувам до крај од збор до збор и секогаш ќе стојам до тебе и ќе те поддржувам без разлика јас како се чувствувам.Се ќе направам за да биде се како што беше,знам дека она што е скршено не можам да го залепам,но ти си толку добар што веќе ми прости и знам дека го заборави,но јас не заборавам, не заслужувам прошка и немам право да ја барам.Не знам зошто некогаш ко ѓаолот да е влезен во нас,односно во мене,јас ја носам цела вина и ќе ме јаде се додека сум жива.
Ме јаде нешто од внатре... На моменти те чувствувам толку далечен што дури ме плашиш.. Дај Боже само да е некоја моја фарса и моментална глупост...
Мало, мало усте, чпртаво, чпртаво носе. И каде со таа лептир машна бе драги? Може да ги набројам сите твои несовршености. Ги има доста, сигурно и повеќе отколку што сум успеала да забележам. Но колку и клише, чизи и флафи ова да звучи, сите несовршености те прават она што си. А тоа е едно смотано детенце со смотана шишка и чпртаво носе и тенки усни и големи ушиња и два големи предни заби што понекогаш си игра возрасен носејќи лептир машни и бакенбарди. А и јас сум едно смотано девојче со бушава коса, криви долни запчиња, изгрицкани нокти и искинати фармерки што понекогаш се прави дама играјќи си со шминки и носејќи долги фустани. И? Што сме ние заедно? Не знам. Жал ми е што оние неколку пати што бевме заедно бев толку пијана, што не ни паметам како се бакнуваш. Ќе ме потсетиш?
ооо кој се заљубил-ама јас во тебе НЕ па ти знаеш што е тоа Црногорец, ме изненадуваш бе брат-искрено џабе ти е се, јас НИКОГАШ нема да сум твоја тоа да ти е јасно како ден
Не треба да те чекам а јас сепак го правам тоа.И утрово доволно видов а јас пак ке ти простам бидејки премногу те сакам.Знам дека се е на шала кажано но до таа мера не толерирам.Не сакам да верувам дека имаш друга.Зошто ако продолжиш така и јас ке почнам со мојата игра а знаеш дека тоа никаде нема да не доведе. Зошто ја користиш на ваков начин сета љубов која ти ја давам.Што сакаш повеке ти?Мислиш дека не можам да ти се налутам сериозно?Грешка си. Не знам како ке зборувам со тебе кога ке се видиме,дали ке сум таа која ја познаваш.Или сосема друга личност.Ке видиме,зависи од тебе. Прекрасен беше деновиве,не велам не но ова што го правиш моментално го засени сето она од претходно. Уште чекам,ајде појави се и демантирај го моето мислење кое го имам моментално.
Детеееее, не се врти светот околу тебе. Јес да многу сум транспарентна и се познава дека ми се допаѓаш ама нема да умрам, така да си знаеш.. Да, бев во темина, паѓав се пониско и пониско за малку да допрам до тебе, со отворено срце, кое ти не го заслужи. и да глупа сум, и глупа бев и не знам како ги прочитав ѕвездите толку погрешно.. И сега се ми е јасно, јасно ми е дека тоа што јас го гледам не го гледаш ти.. и дека предолго бев во заблуда.. И посакувам да го знаев тогаш, тоа што го знам сега И сега те напуштам, готово е! Застанав на нозе, ти никогаш не можеше да ми го дадеш тоа што го сакав и барав.. И да, преродена сум многу ми е мило што го сватив ова, дур е уште време..и не мора да се преправам, и готова сум со оваа приказна..немам више преголеми очекувања, нема више трошење време, едноставно знам дека пробав, пробав и сакав да ја гледам светлата страна, но веќе не!! Имај среќен живот и уживај во твојата мизерија ...
Ми фалиш Д, не успевам без тебе, се трудам, давам се од себе, но безуспешно Месецов ми е пеколен, секојдневно плачки, каења и викање сама со себе. Ми фалиш тука до мене, ми фали да го чујам твојот глас, ми фали да те видам http://www.youtube.com/watch?v=89aNlgdm ... r_embedded
Моја е вината... Ама не сум од камен. Барем ако ништо друго се познавам себеси. Битно убаво ми беше, не жалам за ништо... Можеби само за тоа што траеше многу кратко. Но една од најважните работи е дека никогаш нема да го заборавам завчерашниот ден. Ни песните кои ми ги пееше и ми ги посвети, ни се што си поделивме. Сега јас ќе ти го посветам само ова, и знам дека ќе сватиш, ако некогаш прочиташ: Quisiera despertarme a tu lado, Sentir que nada puede separarnos. Yo te extraño Cuando me encuentro sin ti...
С. мразам криења и игри. Биди маж кажи ДА пред некои личности. Да, имаш љубов во тебе, само имаш и многу страв од губење на слобода е така.Имав јас инат во мене, ти ми го украде. Пред тебе не умеам да кажам НЕ. Сме ги замениле улогите од пред неколку години. Сега јас сакам да зборувам, а ти да си играш. Може треба да кажам стоп ? дека не ми е до игра м ?
Кога би можел животов да ме почасти барем половина час да бидам во негова близина...имам толку многу да му кажам... ...Наближува нов месец,се сеќаваш ли на први ноември кога ми побара да ти ветам дека ќе бидам мајка на твоите деца.И ден денес не можам да ја заборавам раката во рака,сјајот во очите, и благодарноста на Бога дека те имам. Се прашувам често,каде ли си сега.Дали во некоја темнина ги вртиш сеќавањата како и јас.. Минато си ,далечно....а јас и понатаму се мачам со мојата немирна коса,која признавам изгуби многу од својата раскош...не си гледам на кафе зашто знам дека нема да дојдеш....и не треба...нека остане се како што е...јас и без тебе одам понатаму низ животот... Ама ,ќе останам жедна за тебе се дури дишам...