Да не си го заборавиме јазикот наш, Љубов. Оној што не се изговара, но се мисли. А најмногу се чувствува. Те љубам, за тебе секогаш ќе пишувам.
so decko mi pravime 3 meseci i sakam da mu ispratam nekoja ubava poraka ama neznam kakva ve molam pisete nekoja
не ми е јасно што ми звониш петокот ме извиси, Сабота, Недела те нема никаде сега ти текна на мене во Понеделник вечерта цркни
Љубовче, ме фаќа трема и паника. Прв пат ќе биде да одам кај тебе дома, па уште ми викаш ако не ми отвори никој да си влезам и да те разбудам? Па јас би седела и би те набљудувала како спиеш, жал би ми било да те разбудам. Ама ајде, се надевам дека нема да се успиеш и дека ќе ми отвориш врата, не е убаво сама да си влезам во туѓа куќа. Дојде конечно и твојот ред да се покажеш колку добро правиш чај, доста цело време јас добивав комплименти за тоа колку ми е убав чајот. Те сакам.
Се надевам нема да те изгубам тебе заради паметов, како што заради тебе го изгубив паметот E шо кажав сега? Не е битно уствари, те сакам сега..моментално!
Денеска ми текна на нашиот посебен бакнеж-знаеш кој нели ? Ние си измислуваме такви нешта еден на друг и кога ми велиш дека сме матуфи и дека никој не може да не разбере само ние двајца,тоа е така сону мој.Ние си измислуваме такви зброви еден на друг,си имаме наш посебен танц,наша посебна прегратка и тоа само ние двајца си го знаеме и тоа се е само наше,на никој друг.Го гледам срцето што ми го даде пред да си заминеш од мојот град,тоа беше еден од моментите кои што цел живот ќе ги паметам.Вешто го сокри и кога го изваде пред мене јас не знаев како да реагирам.Знам дека само се гушнавме силно и така си стоевме половина час се додека не осетивме болка во нозете,па прегрнати си седнавме и така ја поминавме цела вечер.Се сеќавам кога седевме на клупи во паркот и наеднаш почна да врни,ти ме прегрна силно за да ме заштитиш ,се сокривме под еден од чадорите поставени на шеталиштето,а јас припиена до тебе го слушав чукањето на твоето срце кое што ми кажа дека чука само за тебе.Тоа е еден од моментите кои што вечно ќе ги паметам,а има уште многу такви и ќе си направиме уште повеќе во иднина злато мое.
Добро бе зошто ми пишуваш? Зошто и покрај тоа што имаш девојка ме бараш? Зошто кога си во моја близина ме гледаш цело време а таа е пред тебе? Зошто го правиш се ова откако се откажа од нас така лесно? Кога ќе ме гушнеш чувствувам дека си мој исто како што го чувствувам и МОЈОТ омилен парфем на тебе и покрај тоа што ти не го сакаш. Проклет да си и ти и тие твои прекрасни очи,и тие полни усни,и таа заносна насмевка,и...
Еднаш ми рече дека мојата љубов кон тебе била платонска. И беше во право. Дали знаеш дека сум учена да живеам во минатото и да се оптоварувам со тоа што можело да се случи? Ни јас не знаев дека длабоко во себе сум сакала повторна шанса. Шанса да трае исто толку кратко, да ме залажеш за миг дека ме сакаш, да се потсетам како бакнуваш, да правиш поинакви работи и да говориш слатки работи. И знам како ќе завршеше поради мојата несигурност и твојата неспособност да сакаш само една. Во тебе никогаш не ќе најдев потпора и веројатно немаше да ме љубиш повеќе од него. Но, ми беше прва љубов и интересно ми беше низ годините да си се навраќаме еден на друг. Што ако тогаш не ти кажев дека не те сакам повеќе? Што ако пак те сретнев на улица и кога ќе ни се вкрстеа погледите, ќе се навратевме на онаа ноќ - кога не сакав татко ми да ме остави на автобуска за да не те види, а потоа се враќав назад скришно ко да правам најголемо злосторство. И тогаш, на тие стари клупи ти го подарив ангелот и бројаницата. А можеби и на онаа вечер кога ми рече да излезам и да го видам рајот од звезди и посака да сме заедно. Што ако после толку време при случајна средба, затреперам цела... ? Што ако, што ако... ?! Повеќе не е битно. И зошто воопшто го пишав ова? Од љубов не е сигурно. Нека си одат сеќавањата на тебе, нека ме остават на мир.
Ништо посебно, само замислувам плоштад полн со луѓе, онака ептеен фрекфентно - мажи, жени, деца... сите растрчани, итаат некаде, бркаат свои работи... ТОЈ се наоѓа некаде на средина на плоштадот и никаде не брза, оди полека накај мене... А јас, оддалечена од него некаде 15 чекори клекнувам на колена и викам колку што ме држи гласот ТЕ САКАААААААААААААААААААААААААААААААААМ !!! Потоа се затрчувам, му скокам во прегратка, ме гушка и ме врти баш како и на почетокот кога се запознавме ... и кога конечно ме спушта го залапувам, прво нежно па страстно, како шо само ние знаеме Ќе им кажам на луѓето што се околу нас, истите тие што ги спомнав на почетокот ДА ЛУЃЕ, ЈАС НАВИСТИНА ГО САКАМ ! и НИКОЈ и НИШТО нема да ме оддели од НЕГО !!! И притоа би ги прашала родителите - ЈАСНО ви е тоа сега ?? :geek: Ете, само ова Како што веќе пишав, ништо посебно...
Спојлер Kako su lijepe samo da znaš Sve me ljube ko ti, sve mi lažu ko ti Sve su moje a tako sam sam Malena, kako cu bez tebe sutra Malena, falit ce mi s tobom jutra Ima drugih, ima boljih, ali nebo zna Samo ti si moja malena! Знаеш што? Не сум јас виновна што ме остави . Знаеше дека те сакам, дека сум верна и лојална, едибнствена што ги знаеше семијените ти проблеми и секогаш тука за да ја потпреш главата и исплачеш. Сега кога си сам, не ме барај, не провоцирај за да се јавам. Нема да го сторам тоа. Веќе што и да направиш нема да има повратна информација од мене. На 21 веќе мора да се збереш, научи да сакаш, остави ме. Јас сум среќна. Сфатив дека има луѓе што љубат. Љубена сум. ЗНаеш колку сум среќна кога ќе го соблече џемперот и ќе ме покрие со него, кога јас спијам? Кога ме варди и посматра додека го бркам сонот низ автобусот? Кога од никаде ќе ме бакне на чело. Кога му доаѓа да ме смачка во прегратка, да ме стопи во него? Епа со тебе тоа го немав, незнаев за љубовна топлина . Знаев за солзи. Затоа остави ме и сфати не те сакам . Не се труди. Бидејќи сега и јас го љубам. Сакам да го покријам, да го гледам кога спие.. Се заљубив.
ТЕ САКАМ.Само тоа ке ти го кажам. Те сакам,Ti Amo,Te Amo,I love you ,volim te и не знам уште на кој јазик да ти пишам.
Знаеш што? Лошо било цело време да потиснуваш чувства,и да се правиш дека си силен кога се во тебе плаче. Што би ти кажала.. Веќе еден месец те немам покрај мене ,и се сменив многу. Ти ме смени. Навечер имам некоја болка.Некои спомени кои упорно ме навраќаат на тие денови. Нашите среќни. Самата себе си давам илјада обврски .Мислите ги насочувам на друга страна. Но неможам веќе.Тешко ми е . Ми значеше многу.Сеуште ми значиш.Се наоѓам самата себе како се сеќавам на некој твој бакнеж,некој момент кога се смеевме толку силно,моменти кога бев толку среќна. Ама неможам да го заборавам моментот ти со неа. Се скршив на илјада парчиња,и тешко го составувам тој дел во мене што се скрши. Тапа болка во ноќите имам. Твојот глас,косата,тие очи.Неможам да заборавам.Ко казна. И сакам да плачам,ама не оди. Тешко ми е ама солзите не излегуваат. Сакам да останам горда.Ти ме изгуби.Баш тој миг кога одлучи сите наши мигови ,да ги замениш со неа. Не те мразам.Те сакам до лудило.Без разум. Многу ме гушат спомените Алек.Секоја ноќ. Зошто не?Ти и јас? Зошто не уште мигови?Зошто животе? А мене ме чека цел живот. Многу нови мигови.И тебе. Повредив некој поради тебе.Го бакнував а посаакував да си ти.Толку очајно.Многу. Некои ноќи шетам сама.На секој чекор,помислувам дека си ти. Ама не си. Не сакам да знам како си,што правиш. Ветив дека до тука е. Учам повторно како да застанам на нозе.По незнам кој пат. Падови и успони.Тоа е животот. Ми рекоа некоја нова љубов ќе ми ги излечи сите рани. Не сакам сега.Залудно е во други да те барам тебе ,твојот мирис . И се плашам да го изговорам тој збор збогум,но морам. Збогум Алек.Збогум љубов. Те сакав и те сакам.Се што си ти ,секој твој дел.Секој твој спомен. Ми донесе најголема среќа,но и една многу голема болка. Ако ова е таа вистинска љубов,имам мало жарче надеж дека еден ден ќе те имам пак. Ќе ти ја држам дланката во мојата и ќе те гледам во очи. И пак ќе го најдам мирот.Вака го немам. Нема да имам омраза кон тебе никогаш.Те љубам.Многу. Збогум..
Камо среќа и јас да имам нешто да ти кажам, да ти се заблагодарам за тоа што си го сторил. Ама ете, нема ништо...
Фааааааааала Богу се опамети и се сети дека имаме натрапник што секаде си го пика носот. Епа така и требаше, да си знае каде и е местото....напаст!!! Спојлер
не сум воодушевена ниту од твојата убавина-за карактерот немам коментар ама да си ми тука има да те силувам и верувај дека нема воопшто да ми биде жал би те исцедила ко лимунче ова не го зборувам јас, го зборуваат моите хормони