Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ме мачиш, ме измачуваш психички, ме уморуваш...
    Знаеш она кога велат внимавај што зборуваш бидејќи девојките го памтат секој еден единствен збор?
    Јас сум роб на секој твој збор..
    Некогаш знам дури и да се заборавам анализирајќи некоја твоја реченица, прашувајќи се што значеше тоа? Што сакаше да кажеш? А во последно време се по често ми се случува тоа... Лежам така на кревет и си мислам, Е што сакаше прееска да ми каже со тоа што го рече.. Секогаш имам два одговори на секое едно прашање што си го поставувам... Со едното си одговарам, со другото се демантирам...
    Се преоптоварувам себе си... А како стигнав до оваа точка не знам.. Станав премногу депресивна, премногу плашлива, се плашам за себе, за тебе..Се разбудив едно утро и чинам од тогаш навака се се смени...
    Знаеш сите имаат некоја точка каде што попуштаат, покажуваат знаци на слабост и тоа е нивниот крај, пропаст. Јас одамна ја покажав таа слабост...
    И зошто секогаш од тебе ми зависи се? Се сеќавам еднаш напишав, расположението не треба да ни зависи од љубовниот живот..Ма кого залажувам кога ти си причина за мојата насмевка или моите солзи?
    И зошто станав толку кршлива, толку лесно совладлива?
    И зошто имам толку грижа на совест дури и кога нештото што го правам воопшто не е лошо? Можеби затоа што често ме осудуваше дури и кога бев невина и чиста како роса... Кога признавав и се извинував само за да не се лутиш..Ех, и тоа ми се има случувано, да се извинувам божем сум крива а немам никаква вина, Бог знае, немав никаква вина...
    И зошто до ден денес не сум изустила збор кој те навредил, што не е случај кај тебе..Јазикот ти е многу остар за време на расправии..Ме сечеш...
    И не знам каде води нашава врска, само знам дека јас целата енергија сум ја насочила на неа, целата своја позитивност ја чувам за тебе...
    Знаеш ли дека има доста случаи кога си ми бил премногу потребен а си ме оставил сама? А знаеш ли дека јас тоа никогаш не сум ти го направила? Некогаш си мислам што воопшто барам со тебе кога има доста работи кои не ги заслужувам а упорно ми ги правиш... А од друга страна па си велам, колку само не те заслужувам бидејќи ме сакаш како никој, ме прифати како никој, ме љубиш како никој, ме креваш како никој... 1000 зошто и 1000 затоа, и кога и да ги ставам на кантар лошите и добрите работи за тебе, добрата страна секогаш победува, бидејќи си добра ма пре добра личност, бидејќи не сум запознала никој како тебе...
    Многу работи ме повредуваат, кај тебе најчесто тоа се зборовите... Сакам да видам дека сум ти нај важна...дека исто како мене би оставил се, би кружел пеш по овој голем град само за да ме видиш на 5 минути на -50.... Да ги правиш плановите во согласност со моето слободно време за "случајно" да се сретнеме како што знам јас тоа да го правам... И нека е премногу, ама сакам романтични сцени како на филмовите...Сакам да ми кажеш Единствена моја, те сакам повеќе од порано, секој ден се повеќе...клише нека е, смешно нека е, јас во тој миг би се расплакала....
    И зошто го пишувам овој измешан пост додека ти спиеш мирно, и повторно се измачувам за одредени моменти и за нештата кои си ми ги направил секоја секунда менувајќи 100000 опции...
    Денес во една реченица кажа толку многу што ни сама не знам како да ја протолкувам...
    Јас за тебе можам да си напишам и Енциклопедија 1000 зошто и 2000 затоа...
    Спиј мирно, јас одамна немам сон кога мислам на тебе...
     
    На Libera, PinkGir123, thelittle17 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Слатко сонуваш, знам..
    Добра ноќ, сонце мое, иако ти го кажав тоа пред 1 час. :angel: :angel:
     
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Дојди како Сенди, и однеси ја секоја депресивна клетка од мене, дај разбуди ме и кажи дека е 1ви септември. Не знам дали осеќаш ама паѓам во емоционална кома, се гушам во безредие и магла. Се ми е магла, се ќе изгубам. Не сакам себе, не сакам ни тебе ...

    Не личам веќе ни на себе. Ако не ме кренеш ти, ќе одам ли уште подалеку? :(
     
    На cinderella5, ilipili, creshicka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Ти не знаеш, не сваќаш како е некој да те сака поради тоа што си...
    а знаеш ли дека можеби јас сум единствената која те сака таков?
    со твоите илјада маани, каприци, пороци... кои повеќето не можат ни да ги поднесат.
    На кој и да те спомнам му се гади од тебе, сите знаат каков идиот си... и самиот кажуваш дека никој не те сака.. или не сакаш да видиш...
    Знаеш, еден ден кога на сите ке им здосади од тебе.. од твојот гнасен карактер ке се запрашаш каде згреши и тогаш можеби ке ти текни, ке ти текни на мене... на девојката која секогаш кога и да ја побараше беше тука за тебе, која ти повторуваше милион пати дека те сака зошто ти не можеше да и поверуваш..
    и ке ти текни дека токму таја беше единствената која ја најде добрата страна во тебе.
    Тогаш ке ти биде жал, ке се јадиш самиот себеси зошто не ја задржа покрај себе.
    Знам дека сега се ти е збркано во главата, ти брчат бубачките.. си го живееш животот на максимум..
    но што кога сето тоа ке престане? Што кога ке се завртиш и ке видиш дека животот ти поминал лутајки од едни прегратки во други, што мислиш.. ке се гордееш ли со себеси? ..
    Не, не велам дека ке те сменев... но ке се обидев, ке беше поинаку.. ке бев секогаш до тебе секогаш и кога твоите „најдобри“ другари би те оставиле.. верувај, ќе направев се!
    Сите ми велат да се тргнам од тебе, зошто не си за мене.. не вредиш ни за влакно.. ама мене не ми е грижа што велат другите... јас пак би била со тебе без размислување.. зошто не се плашам од ништо!
    Јас ниту еднаш не те осудив, не ти ги плеснав во лице твоите грешки... туку напротив те бранев кога сите те обвинуваа.. и знаеш зошто? Зошто те сакам.... и ке те сакам...
    не знам до кога ке трае ова, се надевам да заврши брзо зошто неможам да издржам...
    се надевам дека ке бидиш среќен... и ке најдиш некоја која ке те сака како мене.
    И сега нема пак со солзи да го завршам ова, зошто си ветив самата дека нема да направиш да плачам повеќе ниту еднаш.
    Илјада пати се збогувам со тебе и на крајот пак нешто не спојува, можеби е судбина,, можеби случајност..
    ако така треба да биди тогаш нека ја нема оваа дистанца меѓу нас и нека заврши веке оваа мака што поскоро.. јас пак не се откажувам, ке чекам.. колку и да треба... зошто имам надеж во себе дека нешто ке се смени и пак ке бидеме заедно, но и да не биди така.. барем ке речам дека еднаш во животот вистински сакав некого.
    Толку од мене!..
     
    На calliope и fallenangel им се допаѓа ова.
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Мирисаш на минатото.. Мирисаш на денот кога се запознавме..
    Знаеш ли колку сакам да ги слушам тие зборови? Да знам дека се сеќаваш на денот, па дури и на мојот мирис кога ја започнавме оваа приказна? Понекогаш кревам раце од се убедувајќи се самата себеси дека не си за мене. А ти толку упорен, не сакаш да ме оставиш. И тие твои солзи веќе не можам да ги гледам. Сакам да се` вратам таа што бев некогаш, таа што те сакаше најмногу и ништо друго не и` беше важно. Сакам да се вратам во тоа време кога единствено сакав да бидам во твојата прегратка и никаде на друго место. А сега, како што рече и самиот, се друго ми е поважно. Да така е, нема да те лажам, но ветувам дека се трудам да се врати таа девојка.

    И знаеш ли оваа студеното време на што ме потсеќа? Всушност знаеш, затоа што и тебе те потсеќа. Синоќа стоевме на прагот од мојата куќа и не можевме да се разделиме. Знаеш ли од кога ме немаш испратено до дома? Знаеш ли од кога не сме стоеле на ладното, прегрнати и ништо да не може да не раздели? Синоќа толку многу уживав во твојата прегратка и во твојот мирис што не сакав никогаш да заврши ноќта. Знам дека ме сакаш и знаеш дека те сакам. Знам дека сум променета, но знам дека ти ќе направиш се да се вратам таа што бев и ние да бидеме тоа што бевме.
    Знам..
     
    На La.Reina.Del.Sur и Pelikuna им се допаѓа ова.
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Се сеќаваш кога ми ги триеше дланките премрзнати и пресушени од ветерот?
    Кога место дланките, ми се запалија образите и ја добија бојата на рубинот кој го носев на врат?
    Кога мислевме дека ако некој не види од далеку, ќе види само 4 ѕвезди кои светкаат и се бараат меѓу себе... Кога мирисот на твојот и мојот парфем се спојуваа и праева некоја страшно опојна материја.
    И кога ми ги прекри усните со своите, бидејќи мислеше дека зборовите се излишни.
    Кога ти побарав малку, а ми се стави целиот на дланка...
     
    На Libera, ilipili, Pelikuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не ми е важно,не ми е гајле.Прави што сакаш.Љубовта и те како ке почне да ми се намалува.Претеруваш.
    Ако ,збори си ти со нејзе,јас не сум ти повеке потребна.Кулирај си,полека се повлекувам.
    Не ми е гајле што планираш да правиш,не ми е гајле ни дали ме сакаш,не ми е гајле ни за нашите планови зошто сите тие ке пропаднат.Ке пропаднат пак заради трета личност.
    Проклетството и Марфи не ме напуштаат,секогаш 3та личност мора да постои.Ама додека сум и јас и ти со тие памети никаде нема да стигнеме верувај ми.Додека не покажам заби секогаш ке си го извлекувам дебелиот крај.Утре се ке биде по старо,јас си молчам ти ке си тераш по свое.Не иде тоа така братче.Од сега како брат ке те гледам,како пријател...но како личност која ја сакам, не знам.Се додека го правиш тоа тешко зошто злато довербата е важна а јас ја немам.
    Не ти бранам да се дружиш и да се допишуваш со која сакаш но таа девојка од такт ме вади.тебе ти е смешно а јас вријам од внатре.
    Да се борам или не?Нема...не сакам да вложувам повеке кога знам дека се ке оди во круг.
    Следните денови имаш шанса да се избориш за мене и мојата љубов,односно да не ја загубам а ако ен го сториш тоа знаеш што следува.
    На сцена ке стапи мојот инает и глума.Па ке видиш тогаш мене како ми е.
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Без тебе до мене ќе сум пола човек. Треба тоа да го знаеш. :)

    Ти благодарам што си до мене, во какво и да сум (не)расположение. Ми значи богатство. :*
     
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Само уште два дена и ќе бидеме заедно ,ќе се гушкаме покрај каминот,ќе гледаме филм,ќе шеткаме,ќе те носам од бутик до бутик ,а ти нема да прозбориш ни збор дека ти е мака туку само задоволно ќе ме гледаш и од време на време ќе ме бакнуваш и кажуваш дека ме сакаш.Ќе одиме во нашата слаткарница каде што ти ќе земеш дури 3 слатки,а јас како по обичај нема да можам да ја изедам ни половина,па половина ќе ти дадам тебе и ти со поглед како на дете пресреќен ќе ја изедеш:inlove: Ахх живеам за тие наши мали,но големи моменти.Се радувам на секој збор од тебе кон мене,на секоја твоја прегратка,бакнеж,полека но сигурно се ближи времето кога за нас ќе се сменат многу нешта на подобро,кога нема да мислиме на ништо туку само на нас.Ја бројам секоја секунда до тогаш,а само ти знаеш што планираш :wasntme: :D :*
     
  11. sunrise17

    sunrise17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    17
    goodbye my friend :(
     
  12. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Остави ме да се удавам сама со себе. Не ми требаш.
    Се лигавам на различни стории, но никако мојата да ја изградам. Јас те сакам, ама чуден човек сум, знаеш. Ладна сум.
    Скептична сум и не мислам дека ќе до дожиеваем она што го сакам.
    Јас те оставам да ја бараш среќата, најди ја. Најди сам.
    Остави ме и јас мојата да ја побарам.
     
    На Katerinceee, marama и cinderella5 им се допаѓа ова.
  13. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Е п**ка ли ти материна веќе :@ :@ :@

    Се плашам од проблемите,а сакам да ги решиме,сакам се да биде убаво како некогаш.
    Никогаш нема да биде,како што тогаш беше,среќни и заљубени,далечината,километрите и се ни беа само еден број,бла бла,да. Сакам пак :( Знаеш дека те сакам како дебело дете чоколадце,како скопјанчишчана скопје сити мол. Знам дека ти недостигаат тие мои глупости кои ти ги кажував секој ден,знам дека ти недостига старата јас.
    Но знаеш што?
    И мене ми недостига стариот ти.
    Тој кој не им се плашеше на проблемите и кој ме сакаше бре,и во ПМС кога бев.

    Можда во една врска треба двајца да се усреќуваат,а не да се растажуваат.Кај нас се наопаку.Нопаци.
    Ама само едно со сигурност знам,не сакам да се разделам од тебе.
    Никогаш.
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.945
    Допаѓања:
    11.113
    Си купив капут од кашмир. Да ме топли кога не си ти.

    Можеби сум кучка што делумно си ги премолчувам чувствата, ама знам дека кога тие зборови ќе ми излетаат од устата ќе морам да си признаам.
    Себе си и тебе. Дека ова навистина се случува.
    А ако е вистинско значи некогаш ќе заврши. А да го изгубам овој дел од себе, не сум спремна.

    Се уште е премногу добро.
     
    На Libera и marama им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    25.874
    Пол:
    Женски
    Благодарам за мини-поклонот,за рачно изработената честитка и убавата вечер.
    Многу си мил...
    Но, јас? Во последно време се пронаоѓам во текстов, а не би требало.
    http://www.youtube.com/watch?v=hynYXPIUQEs
    А можеби е ова само умор кој зборува од мене...
    Да,прилично сум уморна периодов во секоја смисла,не размислувам како што треба...
    Ама Те сакам... тоа секогаш.
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    откако стварно вчера бев уморна, после сите обврски и подуениот стомак се решив и отидов да зирнам дали си дома(иако во еден момент бев дезориентирана) кај вас улиците ни се гледаат во темница ни ништо ама ете се снајдов :) ти ја видов колата пред твојата зграда, слушнав дека има некој внатре, ама ете не зазвонив како што планирав-ти пишав дека сум ти ја видела колата пред зграда, а ти ме праша зошто не ти зазвонив-зошто ни јас самата незнам :D од изненадувањето што би можело да ме затекне што е исто ко јас , жена а две жени до исто време на исто место-не се познаваат-опасно по живот за тебе :lol:
    не ми се верува дека окапавме по телефон, а пред некој ден кога требаше да се појавиш-те немаше, и уште ми велиш јас ништо не направив :fubar: па сам се издаваш бе-ова јас да го речам е еден милион проценти точно, ама ти премногу сомнително-хм што ли матиш ти :^)
    приметувам дека се плашиш од смртта-јас што сум жена не се плашам, а ти што си маж се плашиш-и после ке ми глумиш МАЧО развиен, вежбам |( :D маче си не си мачо :!: многу си почуствителен од внатре дури и повеке од мене тоа го сватив да.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    17.814
    Пол:
    Женски
    Ма што му ебеш матер, не вреди, чкртни го од твојот живот, има многу риби во морето, скуши, пастрмки, црвеноперки, сомови, лососи итн, уствари и речни :lol:
    Ако сака на две столчиња да седи, скрши му ги ногарките од твоето, нека крши глава :rofl:
     
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Нема зима за срцекршачка :lol: одма ќе му најде замена, лесно и е нејзе туку ние што правиме :lol:

    Оддамна ништо ти немам кажано, нема ни потреба сам ‘се си виде болно е знам, сега знаеш како ми е било мене кога ги слушав сите гласини, животот е тешка кучка, се враќа ;) Да знам убав е и згоден е што ти би рекол ‘‘ Твој стил на дечко‘‘
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    му дадов ултиматум да размисли и да каже зошто му е тешко, што го мачи-се жалеше тешко му е а да ти кажам дека ваков е само да го седиш ко лимунче неколку пати во месецот :lol: а кога тој ке трча по тебе да го ставиш на игнор :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    па совршенство нема зима за мене ко што велиш ти затоа што не сум заљубена, и си давам малку повеке слобода во животот-особено во делот наменет за љубовта:)
     
    На Trendafilka и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.