Не ми се јавувај,нема потреба да отежнуваме.. И така сеој дожд го има мирисот на нас,мирисот на бакнежите кои ги крие нашето место,нашата клупа.Има улици во кои сеуште дише нашата љубов-улици за мене забранети.Одамна беше а во мене чувство како вчера да беше.Само тебе те сакам,секогаш ќе биде така,но не ме барај.Завршивме одамна,навидум,а во мене горки копнежи по тебе,љубов која ниеден дожд не ја изми,ниедни усни не ја избришаа,ниедна прегратка не ја замени..Никој неможе да те замени,знаеш ли?Не е ни битно,животот секој ден пишува нови страници кои со својата реалност болат,а јас во мене продолжив да ги пишувам нашите страници кои јас и ти ги знаеме,чувствуваме,страници кои се кријат во блесокот на нашите очи.. Не ми се јавувај,секоја ноќ ти праќам бакнеж за добра ноќ и ти шепнувам колку те сакам,го чувствуваш ли скокоткањето?Секое утро почнува со мисла за тебе,така е и ова утро.Сеуште биеш во срцево а години минаа,тоа е моќта на љубовта.Не се плаши,сеуште те љубам,немоќта не ми дава друг да заљубам,ти си како казна,сите големи љубови се казна,не можам да не те сакам..
Ти многу си летнал со тоа главчето?! И горното и долното Ако живееме во Париз, ќе бидам многу среќна, ама и ќе ми недостига Скопје. Не знам. Тешки одлуки спомнуваш. Секако, те љубам, со тебе секаде ќе одам.
Ако дојдеш, нека биде како „случајно“ и нека биде ден.. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=J1GuapWfRl0&feature=related
Каква иронија е да те пронајдам, а потоа да сркам мизерии ноќ за ноќ редум. Да те сакам, да те мразам, да полудувам, се едновремено, а да не можам да се отуѓам од тебе. Да те проколнувам навечер, а да те посакувам наутро. Да се радувам што те имам, но и да ме боли кога сум покрај тебе.
Ама ти си еден пристоен и сладок дечко.Ќе пиеме кафе бе,само да се намалат обврските. Ми се допаѓа тоа што си директен
Ти можеби најдобро од сите ме познаваш и не застануваш додека не дознаеш што ме мачи. Но и покрај сите наши искрени разговори секогаш останува нешто недокажано. Мојот најголем проблем и страв. Можеби еден ден ќе соберам храброст
А да те опуштам претколоквиумски? Сакаш да пиеме пивце и да направам сендвичи (yes, I would make you a sandwich) или сакаш какао и манчмелоус? Или обете? Па да се погалиме малку со босанова и дожд во позадина, па да го повториме материјалот заедно, па наредното утро да ти започне со омлет, витамин Ц и јас? Не мора да кажуваш ништо, само кимни и развлечи ја таа смотана насмевка што ја обожавам
Де бре, шо ти е толку тешко да кажеш извини, си згрешил си грешил, место да се докажуваме кој шо направил/рекол, кога увиде дека не си право речи извини и готово, се по старо. А сега јас о0д кога ќе ти речам џабе ми се извинуваш. Ти кажав, прееска ќе ми значеше, сега не!
Јас сум твое бадемче,а ти си мое костенче Денес ме пресмеа и сакам секогаш вака да се смејме.Сакаш да одиме Австралија,па уште и ќе аплицираш за виза е стварно си матуф.Ако ти мислиш дек ќе ни биде убаво таму јас сегде би дошла со тебе,и на крајот на светот знаеш нели? Те Сакам Слаткишу мој,ахх ќе те тепам ама знајш како нели?Со многу бакнежи и ќе те здропкам со прегратки