Да не беше глуп, во денови како овие, ќе сакав да бидеш до мене и да ми бидеш замена за ќебе. Ама глуп си. И мал. Иако воопшто така не изгледаш. Најискрено,... Спојлер ...Твојот Цвет
Заеби. I'm awake again. И пеам на тишината низ отворени очи. Лошо ми е. Далеку си. Не можам да си помогнам. Потискам, недела, две три... Два месеци веќе. Низ нос ми излегоа километрите. Лошо ми е, ми требаш. ...And I can't sleep... You're so far away from me.
Те сакам затоа што знаеш што сакам дури и кога јас не знам. И инсистираш на тоа, бидејќи знаеш дека на крајот пак ќе биде: "Фала што не ми дозволи да ја пропуштам приликава". И затоа што не велиш Ти реков! кога излегува по твое
Јас и ти, не сме од оние парови што кажуваат Те сакам на секое слушање... Кај нас тоа се случува еднаш месечно но во вистинскиот момент, и секогаш кога го велам тоа или го слушам од тебе, како да е прв пат.. Утрово ми кажа дека ме сакаш после долго време.. Си мислам, за да му кажеш некому дека го сакаш толку рано наутро мора навистина тој некој да ти е посебен.. Толку мило ми зборуваше, та си мислам ако причина за ова е тоа што повеќе не збивам како кобила по тебе и што не те барам на секое да се видиме, вака ќе се однесувам цел живот, ти само биди си ваков Колку само ми го разубави денов не си свесен, секој пат е како прв пат. И јас Те сакам!
^^ So cute Мило ми е! Абе душе мое уморено,не ме ни слушаше што ти зборував на крајот нели? Ќе ми заспиеше пак на телефон Ајде спиј,после чекам да ѕвониш,знам дека си уморен. После ќе ми кажуваш што како. Сакам да бев таму и да те погалев и покриев кога ќе заспиеше така. Ќе ти ставев и перница под глава и после ќе седев и ќе си читав во близина и ќе те надгледував Ејјј цела сум фантазии Ми недостигаат такви моменти,ама ќе ги имаме
Убаво реков, вчера како ништо да не се случило еве денеска ти прв ми се јави и ми дојде на кафе. Ако јавувај ми се, доаѓај ми само не заборавај како си ме повредил претходниот ден. Може згрешив вчера што реков дека не се грижиш за мене, незнам, бидејќи денеска ми го покажа спротивното. Ми докажа дека стварно ти значам и верувај дека тоа ми значи повеќе од се, камо секој ден да си ваков спрема мене Како и да е вечер очекувај ме на гости т.е сам си се понуди да ме собереш од дома со кола И знаеш што ме направи денеска среќна
Кога ќе видиш дека некој друг се интересира за мене, дека постои и најмала можност сериозно да ме изгубиш тогаш буум се претвараш во господин совршен од секоја гледна точка. А јас не можам да не се смеам, не можам затоа што како дете си, Боже мој, ако сакав јас да бидам со некој друг не мислиш дека до сега можев да го сторам истото? Многу си детинест. Научи постојано да го цениш тоа што го имаш, научи дека што и да ти речам не ти мислам лошо, научи дека на една врска треба да се работи, а не сама од себе да опстојува онака чисто само од љубов ... разбери и нема да имаме проблеми. Јас грешам, не велам не, многу грешам, избувнувам, се лутам понекогаш, ќе те изнервирам но немам лоша намера... знаеш дека зад сето тоа стои некоја твоја глупава постапка што ми ги споила жичките плус и минус во мозокот и не можам да ти докажам некои работи. Ама јас и вложувам премногу, дури и поише од што треба ... за разлика од тебе. Мислам, реално да гледаме на работите, луѓе сме, си имаме мани, си имаме лоши денови, си имаме љубов... другото е оставено на тебе. Али никој не е незаменлив. Чукни си ја главата сега, да не си ја чукаш кога ќе биде стварно касно.
Не знам зошто ми е криво ако си со друга, кога јас никогаш не те засакав, или можеби сум малку љубоморна .
Зошто мораше повторно да се вратиш во моја близина, беше многу подобро кога беше таму далеку од мене, бидејќи твоето присуство ми носи надеж а тоа боли...