Остана ли нешто што не сум ти кажала? Не, се' си знаеш. Дека си љубовта на мојот живот-знаеш. Дека си причина за постојаната насмевка на моето лице-знаеш. Дека си најмилото нешто во мојот живот-знаеш. Дека си ми безрезервна поддршка секогаш за се'-знаеш. Дека сум ти безрезервна поддршка секогаш за се'-знаеш. Дека знам колку ти значам-знаеш. Дека сакам да го поминам цел мој живот со тебе-знаеш. Дека сакам да бидеш таткото на моите деца-знаеш. Дека до ден денес ми трепери срцето кога треба да те видам-знаеш. Дека и после 6 години страста према тебе никогаш не се намалила, само се зголемувала-знаеш. Дека најсигурното и најубавото место на светот за мене е твојата прегратка-знаеш. Дека никогаш не ми е ни одблиску доста од галење и мазење со тебе-знаеш. Дека слаба точка ми е твојот профил-знаеш. Дека ти ги обожавам очињата-знаеш. .......... .......... Немам нешто плус да ти кажам, љубов моја.
Знам дека те повредив душо моја по нашава разделба душава не ми стивнува,те бара тебе и ке продолже да те бара се мислев дали да те побарам пак,дали би ми простил доколку ми простиш би била најсрекната девојка на светот ти си љубовта на на мојот живот,ти си тоа што многу време го барав го најдов,ама за секунда го изгубив........страшна празнина ме обвива се мислам пак дали би можела да живеам без тебе доколку животот не не спои пак?!
Ти и јас. Февруарска ноќ. Може и да беше 15 февруари 2010. Во градски парк, таму спроти градскиот стадион. Замрзнувавме седнати на клупа, а всушност горевме. Наоколу никој само минимална светлина. Маглата не обвиваше а јас за првпат во мојот живот му дадов на некој да ме допира така. Додека ние се мазевме палаво во позадина идеше песната http://www.youtube.com/watch?v=uil58L7Tz0k. Знам тогаш целиот мобилен ми беше преполн со песни од Северина, едноставно ја обожавав. И така ние си уживавме на минус степени, јас ти пеев гракајќи. А незнајќи дека не сме ни биле сами. Си се вртам позади и кога има што да видам, манијак не снима. Целиот облечен во црно долго, со косица до уши. Леле мислам крвта ми застана. Станавме и јас почнав да го пцујам. Со брзање избегавме од таму. После тоа во кафич си слушавме песни од Тоше. Таа ноќ никогаш нема да ја заборавам. Таа ноќ беше предвесник дека за неколку ноќи после неа ќе ти се предадам за првпат тебе. Ти си ми прв во животот за многу работи. П.С. Некоја будала има снимка дома од нас двајцата како се лапаме. Мора додека сме живи да ја најдеме. Ептен ме интересира како изгледаме. Сакам да ја имам за спомен. Ако таа будала некогаш го прочита ова да ми пише ЛП ќе му дадам до 1.000 денари за снимката. Тоа е доказ за мојата прва љубов. Ете то никогаш не се заборава.
Цело време јас вложувам,цело време ти си она жртвеното јагне а јас виновна.Никогаш до крај не можеш да ме ислушаш секогаш "сестра"ти ти е поважна од личноста која навистина и живот би дала за тебе. Зар не сфакаш ли ти дека се губам кога се карам со тебе,дека се губам целосно кога зборуваш како ке идеш на кафе со "сестрата" а знам дека не ја гледаше до скоро така? Ме бараш најпрвин па потоа си тераш свои филмови.Играш своја игра,и упорно ме лажеш а јас се правам дека ти верувам. Не можам да играм на таа карта.Не повеке.Молчам зошто знам дека си пречуствителен кога се работи за мене,и дека ке ме снема зошто навистина ке ме снема ако секогаш таа е на прво место и секако вистинските "prijateli".Сакаш да те сакаат а не знаеш да пружаш љубов?Сакаш постојано да сум до тебе а ти да се однесуваш вака?Да ме уништуваш а јас да молчам знаејки каква ти е ситуацијата и главната причина што не те оставам.? Време е по мое да одиме.Или иде или не иде.Од утре почнувај да го почуствуваш моето отсуство. Ке ме бараш ти мене.Ке ме бараш. А ј ас ако сум будала вееднаш ке ти простам.
С. не знам да одберам соодветно време за да ти кажам колку многу ми значеш, но ти ме знаеш доволно добро, ти го кажувам ова и преку песна, песна што никогаш нема да ја прочиташ, за да остане така како што е. За се` што е лебди во мене Јас би стоела во центарот на планетава, на највисоката планина, на најметежната улица, би стоела онаму каде сите би можеле да ја видат насмевката што ти ја создаваш, кога сакаш. Јас би била се што сум, и се што не сум. Јас сум се што сум, со тебе,до тебе. Со дланките над твоите, моето лице на твоето рамо а твоите дланки на моите колкови, со тебе каде што ти посакуваш. Зарем не е доволна секоја моја насмевка, воздишка, за да продолжиш да ми создаваш насмевки ?
На бившиот: Значи не ми се верува дека сум била со тебе... како? Згрешив и јас, но што ти прогледував за многу работи после низ прсти никогаш нема да си простам. Сега кога ги гледам трезвено работие, сфаќам дека кој и друг да ми направеше нешто од работите ти што ми ги направи, во истиот момент ќе беше мртов за мене. А, ти не. И дали те сакав? Мислам дека да. Сигурна сум т.е. Ама, сепак после некое време не беше то то... Не ми беше некако доволен. Те сакав, ама сфаќав дека заслужувам подобро. Но, ајде сепак не ми е криво. Ми беше огромна лекција. За самопочит и за да станам подобра личност. ДА, заради тебе направив и некои лоши работи. Сепак, прва љубов. Штета што со твоето понашање од после не ми остави простор за да се сеќавам на убавите моменти (А, ги имаше. Многу.) и да ти посакам се најдобро. Леле колку сум збунета. Ме сака вистина? Страв ми е. Многу. Да бидам со него? Да пробам? Дека ми се свиѓа ептееен тоа дааааааааааааа !!!
Прекрасен си бе. И ќе си плачам од среќа и од збунетост затоа што не знам дали вака си ми поубав или не.
Значи колку повторно ме усреќи денеска,ти не си свесен. Веќе почнав и да го тупам во темава од што секојдневно ме усреќуваш. И ти го знаеш тоа. Ни јас несакам да се разделам од тебе,знаеш. Што и да се случи. Никогаш
Понекогаш си мислам дека јас тебе не те заслужувам, а не ти мене. Оние луѓе кои знаат и можат да простат за мене се големи луѓе, а и ти си еден од тие. Не знам како можев да го направам тоа што го направив, но знам дека со тоа сватив колку ме сакаш и колку те сакам. Синоќа додека лежеше на мојата постела и спиеше како безгрижно дете, те гледав цела ноќ и му благодарев на Господ што те прати кај мене. Благодарна сум ти и тебе што ми ја прости најголемата грешка. Знам дека сега ти е тешко да ми веруваш, но јас ќе ја вратам довербата. Ќе бидеме пак како што бевме некогаш. Можеби нема да биде лесно да го поминеме оваа, но сме поминале се па зошто да не и ова? И знаеш што сакам? Сакам кога си ги допираме нозете под ќебето. Кога се грижиш дали имам доволно ќебе па ако немам ми го дадеш и твоето. Сакам кога ми зборуваш дека утрата кога се будиш со мене ти се најубави утра. Сакам кога јадеме сомун заедно, а ти ми се смееш затоа што го јадам целиот и ми викаш бише. Сакам кога правиме планови за во иднината иако можеби неостварливи, но важно ги правиме. Сакам кога ме гушкаш толку силно што не можам дури да дишам. Ги сакам сите мигови што ги поминувам со тебе. И знаеш што? Да не се случеше тоа што се случи, никогаш немаше да сватам колку вредиш. Никогаш немаше вистински да се борам за тебе и секогаш ќе ги слушав оние кои зборуваа дека не си за мене. Нашата љубов е вистинска и затоа ќе направам се да продолжиме да се љубиме.
Батерфлај што убаво кажа-дури и јас што сум труп се разнежнив. Сакам да му кажам дека изгледа конечно барем малце ке се смирам.И тоа ке го направам за него. За конечно некоја врска да ми успее...
Не ми се зборува, не ми се прави муабет, не ми се дефинираат работите дали ќе бидат вака или така... не! Ме плаши тоа, ме ежи, ме нервира... зошто пола пола се шансите за истиот муабет да заврши со кавга. Сакам да ми шепнеш дека сеуште ја имаме истата слика за иднината, сакам да ми шепнеш дека сум ти се на светот... и тоа ќе биде повеќе од доволно. Сакам да ме гушнеш и да ќутиш и тишината после нека си го стори своето. Да ги оставиме работите само да течат овој пат, може ли? Знаеш... http://www.youtube.com/watch?v=TdN5GyTl8K0 even if the skies get rough... I'm giving you all my love, I'm still looking up... We've got a lot to learn... God knows we are worth it.
Не ми треба човек кој не верува у мене, не ми треба човек на кој неможам да се наслонам безусловно не ми треба човек кој не ги разбира моите соништа не ми треба човек кој често пројавува сомнеж во мене не ми треба човек кој ми приговара за ситниците кои ме прават мене не ми треба човек кој се запрашува дали сум верна не ми треба човек кој не верува во мојот збор ветен цврсто уште одамна не ми треба човек кој работите што ги кажал ги побива со делата не ми треба човек која со еден збор може да ме повреди како со 1000 истрели не ми треба човек кој со поглед ме пробушува, ме казнува за некоја грешка не ми треба човек кој не заборава ни една грешка, а заборава добрина не ми треба човек кој тека лесно може да со откаже од мене, со леснотијата не еден збор НЕ МИ ТРЕБА......... колку си сватил незнам, колку сакаш да сватиш незнам но јас знам, сватив и засокогаш ќе запамтам дека таков човек навистина не ми треба. Изборот е твој, малку барам, нудам изобилие од љубов за возврат, искрена. Криво ми е ако не си го сватил тоа до сега, зашто лесно беше да видиш, и да почувтвуваш. Ти ја отворив душата,до самата срџ!
Ме читаш овде а? Ме пронајде и ме читаш. Ми ги читаш старите постови напишани за тебе, и ми ги праќаш. Прочитај го и ова и прати ми пак. Незнам само дали сфаќаш што пропушти. Да, тогаш те сакав неизмерно и пишував од срце. И кога сега пак стапивме во контакт, знаеш, имав чувство дека пак ќе се вратиме. Ќе бидеме заедно. Но не. Неможам, несакам да се вратам на нешто коешто ми создало рани. А и упорно пак ми ги создаваш. Пред два месеци ме фати една голема депресија за тебе. Пишував за тебе. Можеби се си прочитал и гајле ми е дали знаеш како сум се чувствувала. Знам дека помеѓу нас не е веќе како што беше некогаш. И нема ни да биде. Затоа не ме барај, и не ми викај дека ако имам потреба од тебе можам да ти се јавам во било кое време. Не! Немам потреба повеќе од тебе. Имав, но веќе немам. Можеш слободно да ме оставиш на мира, и да продолжиш онаму каде што застана. Јас веќе продолжувам каде што застанав ради тебе. Ми беше тешко да гледам друг во очи, затоа што секаде те гледав тебе. Guess what, повеќе ова не се случува. На почетокот се прашував колку време ќе ми биде потребно да можам повторно да се впуштам во било каква авантура. Сега кога погледнувам назад, па тоа било долг период, но вреден. Ајде ариведерчи!
Лажев. Лажам кога ти пишав дека не ми е гајле, кога ти кажав дека можеш да имаш што сакаш со неа и дека мене веќе не ми е гајле за тебе. Ме боли, признавам. Ме боли кога ме прашуваш за неа. Ми се пресекоа нозете вчера кога те видов, се тресев целата. Не смеев да дозволам да премине во нешто повеќе, а дозволив. Оној пат кога ме праша дали имам нешто да ти кажам, кога ти реков не.. имав, имав да ти кажам, ама немав храброст. Не сфаќаш ништо. Не го заслужувам ова, а ти не заслужуваш ова да го чувствувам за тебе. Ти заборави се’, ама јас ништо. Не можам. Не сум свесна во што се вплеткав.
Ајде нека завршат полагањата и да пиеме едно кафе.Многу сакам,затоа што ептен ми е потребна свежина во животот.