Ние многу добро функционираВМЕ. Тоа е факт Но зошто? Зошто синоќа повиши тон на мене, зошто се осуди да го направиш тоа? Ме разочара ептен,да знаеш. Без разлика што сега велиш дека се каеш поради тоа ,јас неможам да заборавам. Мислев дека ти си ТОЈ господин совршен..но како што кажав ..МИСЛЕВ !
...Вчерашната ноќ,беше уште една прекрасна ноќ,поминета со среќа и љубов,уште една прекрасна ноќ сотебе. Секоја минута поминета сотебе замене е нешто посебно,нешто необично. Незнам зошто,но кога сум покрајтебе заборавам на се. Заботавам на сите проблеми и грижи. Ти успеваш да ми ги отстраниш неубавите мисли од мојава главасо твојата љубов,со твоето рабирање. Ти успеваш да ме насмевнеши расположиш. Кога си покрајмене не чуствувам никаков страв,никакви грижи за било што. Ти си една прекрасна личност ,што секој пат кога ќе ми се насмевнеш ме заведуваш се одново и одново...Бев сама,бев тажна и разочарана но ти,ти ми го промени животот од корен. Во сета темнина што беше околумене ти си зракот,ти си светлината,што за момент ѕспеа да ми го разубави животот. Животот кој порано го мразев,животот кој порано го проколнував,сега го сакам. Да затоа што те имам тебе до мене.Затоа што ти ми влеваш надеж за да продолжам понатаму,ти ми покажа дека не е се така црно,ти си тој кој ми ја покажа топлината на среќата и љубовта...фала ти што постоиш во мојот живот. Фала ти за сета љубов што ми ја пружиш. Фалати на искреноста конмене. И за крај фала ти што ми покажа дека сепак животот е убав кога имаш покрајтебе личност која искрено и неизмерно ТЕ САКА...ТЕ САКАМ СО СЕТО МОЕ СРЦЕ,ТИ СИ МИ СЕ
Знаеш, секогаш кога ќе ме прашаат како ми е со тебе, се плашам да одговорам Супер. Не сум суеверна, ама ич, но речиси секогаш кога ќе ме прашаат како за инат нешто се случува, буквално СЕКОГАШ. Овој пат реков само Машала а што да речам? Да не сме на подрек, не за друго И чудна работа бе, луѓе со кои се гледам 2 пати годишно, прво прашање им е како ми било со тебе... Е па се е*еме до бесвест секој ден, така ми е. Другиот пат и позите ќе им ги кажам.. Луѓе без осет бре!
Сакаш искрено? Епа да знаеш,сакам за некоја година да ти изнародам цел кошаркарски тим машки деца. Надарени ќе бидат сигурно,на нас двајца. И дефинитивно за репрезентација ќе играат
Ќе ја дознаеш вистината некој ден. Можеби и не треба да ја знаеш. Ми рече дека не можам јас да одлучувам за твојата среќа. Ќе одлучам, ама ќе го изберам потешкиот начин. Те оставам да мислиш дека егото не ми дозволува да те побарам, да ти се извинам. Мисли дека не те сакам. Мисли дека гајле ми е за нас. Вистината е...секогаш беше предобар за мене. Многупати си ветив дека ќе се изборам со меланхолијата, заради тебе. Не успеав. Забораваш колку често плачев без причина. Колку бев тажна и се чувствував безвредно. Колку денови се борев против сета негативност, а замената траеше кратко. Не си среќен со мене, само мислиш така. Не можам да се променам, а не сакам да те влечам надолу. Премногу ми значиш. Имај некоја со која пак ќе планираш да имаш дечиња. Која кога ќе ти треба поддршка, нема да мора да го совладува своето лошо расположение, за да може и тебе да ти понуди радости. Знам дека ме сакаше долго, ама ќе засакаш пак. Јас нема. И нема да дадам шанса на друг, за да страда заедно со мене. Тебе ти треба нешто многу поинакво. Нема, кога ќе ви биде најубаво, наеднаш да и` се појави тажен израз на лицето. Нема да мора да ја молиш да ти каже што и` е, зашто и самата не знае да објасни, Ќе ти зборува, а нема да ги голта солзите во себе и нема да и` се фаќа гласот кога и` е тешко. Зашто ти тогаш бараш одговори, а не разбираш дека не можам да зборувам. Кога ќе минува низ кризи, нема да се трга подалеку од тебе и да избегнува комуникација. Ќе биде борец и заедно ќе остварувате големи цели. Двајцата ќе се смеете, нема да се грижите што велат другите. Пробав да бидам таа. Не успеав. Ама ако ти не знаеш што е добро за тебе, ќе одлучам во твое име. И ќе оставам да ме замразиш зашто така ќе ти е полесно. И нема да дозволам еден ден да дознаеш дека ова го направив за тебе. Зашто многу ќе те боли. Ќе мислиш дека можело да заврши поинаку, но вистината е дека не. Ти никогаш нема да си среќен со мене. Ти ја крадам насмевката, носам облаци на твоето небо, ти ги одземам сите радости. Биди ми среќен, јас никогаш не научив како.
Фала ти за прекрасните моменти кои што ми ги подаре како и секој викенд,никогаш нема да заборавам кога ти спиеше а јас те гледав и слушав како ти бие срцето,те гледав како мирно спиеш и знаев дека си спокоен и среќен.Мило ми е што јас допринесувам за таа среќа,сакам секоја вечер да заспивам и да се будам наутро крај тебе.Твоите прегратки се незаменливи,а и не ни сакам да ги заменам со други никогаш.Знаеш, како што доаѓа времето така се повеќе сакам да сум со тебе,крај тебе засекогаш.Само за нас да постоиме ,да не влијае никој и ништо на нас како и до сега.Ме правиш најсреќната личност на светот,сакам барем делче од тоа што ти го правиш за мене да го правам и јас.Никој до сега за мене не доаѓал со километри стопер само да ме види макар и еден час,никој не седел два часа сам додека не дојде возот за назад, никој не ме бакнувал во чело толку мило и со толку голема нежност,никој не ми кажал дека сум негова лепотица со сјај во очите и толку искрено.Не ни треба бидејќи само ти беше,си и ќе бидеш моја вечна единствена љубов.Те Сакам Најбескрајно.
Многу скромен дечко си бил ти бе? Ако тоа ме радува, барем на тој начин девојка ти ќе добие повеќе Како и да е ме правиш среќна и знам дека сум ти потребна, знам дека ме сакаш
Проклет да си. Проклет. Што сакаш од мене сега?! После толку време реши да се доискажеш? Зошто последниот пат не знаеше да одговориш па сама ставив крај. Продолжив. Пробај, погледни ме и прашај ме. Како сум? Пресреќна. Ценета. Заљубена. Тој знае да дише во ист ритам со мене. Тој знае како да ми влезе под кожа. Тој не пробува да ме импресионира со муабети и лекции, туку молчи со мене кога тоа ми е потребно. Тој не пробува да ме држи за рака пред некои како триумф. Тој ме држи за рака кога заспивам и кога се будам. Кога среде ноќ ќе се разбудам тресејќи се, тој е тука да ме смири. Не ми ветува розев свет, туку ме изненадува во моментите. Се грижи за мене како што ти никогаш не умееше. Болно искрен е. Највеќе од се тој не е ти. Заслужив, проклет да си. Заслужив подобро. Има некој дел од мене што чува закопани спомени и по некоја искра за тебе. Ама не се враќај да ме држиш за рака на -10. Не сакам трет Божиќ со тебе. Доволно беше, топи ги снеговите со друга.
Ти никогаш нема да бидеш истиот оној кој што беше на почетокот, ниту еден збор, ниту едно дело, бѕквално не е ништо исто како тогаш. Каде е тој човек? Каде е човекот кој се плашеше да не ме изгуби, кој ме бараше и ми се извинуваше кога беше виновен? Се олади, како тврд орев си, те чувствувам, не си истиот, не е доволна само љубовта мил мој, јас и ти можеме да се сакаме бескрајно и да си недостасуваме премногу, но никогаш повеќе да не бидеме заедно. Беф истата, но ти ме смени од кога и самиот се смени, многу убави работи ги претвори во спомени, спомени кои неможат да се вратат. И можеби нешто од тоа што го имафме, некогаш ќе го имаш со некоја друга, но тоа што го имафме јас и ти некогаш, никогаш никој никој во целост неможе да го има. Многу ми значиш и те сакам но нема да го дозволам повеќе ова, ти самиот одлучуваш овој пат од тебе зависи се, па среќно!
Ми недостасуваш, еве неколку дена не си дома јас како изгубена сум сваќам колку те сакам и не можам без тебе , празен кревет не поднесувам душичке моја ајде ќе издржам уште малку па послеее тешко тебееее. А и ми недостасува тоа што му менуваш пелена на син ми, ми топлиш млеко, го шеташ за да можам да одморам. Ајде дојди си да се одморам малку
Од се што имам денес, те немам само тебе И неможам да најдам мир... Си имам свое место, ни широко ни тесно, но во него ми фалиш ти...
oooooooooooooooo, па дали тоа наеднаш забележа дека постојам? А која ти е онаа? Жалам,незнам дали сум ти кажала,но јас простувам се освен друга жена. А,да, и не ти недостигам јас, туку ти недостига моето внимание..тоа е гоооолема разлика!
... и Универзумот крои заговор кога сме на праг на расправија - оп, да снема интернет во истата секунда. Додека го поправија, мене ми испари и нервозата, а искрено и заборавив за што точно ќе се кошкавме. А и прилично лејм е реално да се расправаш на скајп, that is like so 2009 Јас тебе те сакам. Во секој случај, да не се будалеам, знај дека сум потполно свесна за моите маани, и го љубам фактот што ти ги љубиш и ги трпиш со неподнослива леснотија на нивното постоење.
I heard a voice say please don't hurt me You've carried on so long You couldn't stop if you tried it You've built your wall so high That no one could climb it ...
Priznacu ti nesto. Nijednom muskarcu nije uspelo da okupira moje misli pred spavanje, kao tebi. Zaplacem zbog svega tuznog sa tobom. Neispunjenog. Zabranjenog. Nemoguceg. A onda izmame osmeh sve lepe stvari, svaki tvoj pogle, osmeh, provokacija. Da si bar tu, da zaboravim da mogu da glumim da mi nije stalo, bar kratko... A stalo mi je, o jos kako ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥
Некад ми иде и да те заколам,да те вечерам жив,да те изгризам,да те изедам и да те нема веќе Некад сакам да те гушнам,да те бакнам,да те погледнам во очи и да ти кажам колку многу те сакам,иако тоа не се кажува со зборови. Едно е сигурно - те сакам и ме правиш среќна. А проблемите,и самиот виде колку лесно можат да се надминат. И така врските без караници се кратки и лажно совршенство. Јас никогаш не сакам да се разделам од тебе,да знаеш
И сега кога сe е минато, сега боли секој спомен, секоја минута помината со тебе. Нема ден да не помислам на тебе, нема место покрај кое би поминала, а не би помислила колку бев среќна со тебе, а дозволив толку лесно да заминеш од мојот живот и да продолжиш без мене. Ти биди среќен, а јас ќе живеам со нашите спомени и среќна сум кога треба да заспијам... таму си ти со мене..... Не заборавај дека некогаш си бил љубен.И тоа повеќе од возможно љубен.Не дека сега не те сакам,те сакам уште.