Не те сакам, те посакувам....те посакувам толку многу што помислата на тебе ми создава нервоза и мачнина, затоа што те немам. Кога би имала шанса на еден ден со тебе, без размислување би ти се предала, макар и била најлесната личност на планетава, никогаш не би се каела, знаејќи дека е само момент, но сепак... Вечерта со тебе, разговорот, погледот кој ме издаваше, лицето од кое неможев да ја симнам онаа несуптилна насмевка...и неколку мои скриени намери. Магично. Ми се чинеше премногу совршено за да биде реално. Оној патетичен копнеж кој сјаеше во моите очи е сеуште присутен и ме убива. Да, покрај тебе сум беспомошна, глупава, смешна. Идиотски заљубена. Свесно се разминав со пропуштената шанса. А пропуштеното останува недостижно. Зар не?
мислам дека знам како ке заврши мегу мене и тебе глумиш фраер ама верувај времето има на колена да те клекне а јас богами има да си го продолжам својот живот-а знам дека џабе ти дадов ултиматум нема ни да гукнеш и не мислам со сила да те натерам да прозбореш се решив на пауза -која веке е во функција од љубов, врски и се останато поврзано околу тоа, и така ке биде
Имаш фора до Февруари 2015 да ме земеш, до тогаш ми трае пасошот, и личната карта не мислам да вадам секој ден нови.
И покрај се, јас навистина многу те сакам! Дишам со љубов, гледам со розевите очила на љубовта. Ти ме научи така, ти ме направи подобар човек. Незнам дали има утре без тебе, незнам... И двајцата ги мразиме патетичните работи, ама знаеш понекогаш и јас и ти, сме патетични заради љубов... Знаеш колку мразам кога некој зборува за совршенство, не постои, како што и не постои таква љубов, таква врска, ама баш тоа несовршенството ме натера, да паднам, head over heels по тебе.
Боли. И ќе боли. Подобро сега отколку подоцна. Ти гарантирам дека за возврат на ова страдање, ќе доживееш неизмерна среќа. А како знам? Па не сакам да верувам дека сето го правам залудно. Да се правам дека не ми е грижа за тебе, тешко е. Да ти кажам дека не те сакам, уште потешко. И глумата, тешките зборови, рамнодушноста, ќе ми наштетат само мене. Се молам на Господ да ме послушаш и да се откажеш, се молам да поверуваш дека одеднаш ништо не ми значиш. Го посакувам тоа, зашто ти никогаш не би знаел колку би ти било поубаво со друга ако не пробаш. Не е дека не си храбар, не е дека се плашиш да ризикуваш, не е дека веруваш дека подобра нема да најдеш. Само убеден си дека јас сум тоа што го сакаш. Ти си тој што го сакам. Тој за кој планирав да испишам цела тетратка со причини зошто го љубам и да му ја подарам. За да може секој ден да ја чита и да сфати колку посебно човече е. Тој од кого ми прострујува енергија низ цело тело кога ќе ме прегрне. Кој ме гледа во очи кога дискутира за проблеми и кој прави моето мислење да биде не запоставено, туку побитно и од своето. Тој за кого ќе плачам кога ќе се сеќавам колку срамежливо ме бакнуваше на почеток, кој ме викаше "сонце", а најтешко ќе ги задушувам спомените кога ќе минувам низ паркот. Но, ти... Ќе бидеш посреќен во нечие друго семејство. Бидејќи моите сеуште не гледаат колку си посебен и дека всушност јас не те заслужив тебе. Јас ќе умирам полека секој ден, но веројатно времето ќе ме научи да бидам радосна кога ќе те видам во прегратките на друга. И тогаш, кога пак ќе засакаш, нема да ти кажам - Ти реков. Ќе ми падне планина од срцето. Ќе си велиш - проклета нека е онаа девојка која не научи да ме сака повеќе од своето его. А само јас ќе знам. Само едно е потребно - да ме пуштиш. Ако не можеш кога слушаш рамнодушност во мојот глас, ако не можеш кога правам се` да те повредам, ако не можеш да избегаш кога сум најмалку вредна за сакање, тогаш навистина се плашам дека ова е залудно. Но, разбери. Не можам да те следам. Не можам да одам во чекор со тебе. Не знам да се борам, не знам да совладувам препреки кога искрено сакам. Ниту знам да верувам во себе и помислата дека заслужувам нешто убаво. Те молам, моето празно место пополни го. А во моето срце и ум, нема да има друг. Првпат нечие добро ми е побитно од своето. Првпат не ми е гајле што ќе мисли за мене. Првпат вистински сакам. Како ти, повторно, некаде, некоја...
Баш убаво изненадување што дојде кај мене на факултет но мораше ли баш кога со другаркиве си трачаревме и така ненадајно се појави од нигде никаде
Ти ја обожавам таа твоја најубава насмевка што не ми дава никогаш да бидам тажна, тие најсјајни очи кои секогаш ме гледаат заљубено, и тие раце што не ме пуштаат ни во најтешките моменти. фала ти за се!
Се мразам себеси што те сакам тебе, во овој момент би си го откорнала срцево кое упорно ме насочува кон тебе.. и покрај тоа што како ден јасно ми е дека ти си најголемиот идиот што го имам сретнато во животот сеуште не знам што толку ме влече кон тебе. Ти никогаш нема да се промениш, си бил и ке останеш женкарош.. тоа е факт. Понекогаш ми си одвратен.. но потоа пак ме обземаат некои силни емоции кои ме тераат да срушам ѕидови и да скокнам планини само за да те имам пак. Толкава болка досега не ми нанел никој а ни на крај памет не сум помислила дека ти ке бидиш првиот поради кој ке патам... и се чувствувам толку ниско и глупаво. Тоа што се заљубив во тебе е како да испив отров кој полека бавно ме убива.. а што да се чудам, па ти си Шкорпија.. хороскопскиот знак од кој патат сите жени. Ми се срушија сите надежи, баш оваа ноќ... знам дека те изгубив засекогаш, нема да се вратиш.. ќе морам некако да се соочам со тоа. Тешко е и болно.. се чудам само што толку сум му згрешила на Господ што ме „награди“ со некој изрод како тебе... се прашувам зарем заслужив баш таков? Можеби е ова лекција.. за понатаму да знам како и кого да бидам. Сепак ништо не помага, залудно е се.. сите обиди да те заборавам, и тие чувства кои сакам да ги потиснам со лажната омраза се повеќе се разгоруваат. Се надевам дека во животот никогаш повторно нема да наитам на некој како тебе.. не би можела да издржам.. доволно е, се изморив веќе!
доста играш дота и се ѕвериш во мониторот ќе си ги расипеш очите и после ќе те болела главата па нормално дека ќе те боли кога ќе седнеш не стануваш 3-4 саата.а и редно време е да си легнеш утре на работа си
Сакам да влезам во тоа твое мало мозоче и да видам зошто толку се измачуваш, да ти помогнам и да те утешам. И сакам да влезам во тоа твое срце за да ти покажам дека љубовта и вербата не се исчезнати од планетава...уште само Надежда што не се викам
На пријателот:Не се надевав дека тоа ке ми го кажеш.Како можам јас да ти се допагам?јас и мојата комплицираност?Не ми ги измешувај чуввствата те молам јас те гледам само како пријател,и така ке остане. а и помлад си од мене На него:Имаш нешто посебно што ме тера секогаш да ти простам,да те сакам безусловно и да ти се радувам како мало дете на играчка.Те молам нека остане така
За момент почувствував дека нема да имам потреба да ти се обраќам тука. Но... се излажав. Знаеш, пред некое време прочитав дека жените биле како месечината - еден дел од нивната душа секогаш скриен останува. Чувствата губат од својата тежина кога човек ќе ги сподели. Но, мислам дека прво треба сама со себе да расчистам за некои работи. Не знам да глумам пред тебе, а и не сакам. Ама кога ќе ме прашаш што ме мачи, а јас ќе ти речам - „Остави.“ - верувај, подобро е така.
Ти благодарам што ми даваш верба за подобро утре. Кога ќе застанам, ми подаваш рака, ме повлекуваш нагоре кон тебе. Ти благодарам што ми даваш парче твоја душа.