По вчерашната силна караница, супер ми е. За некои работи бе човек толку те сакам. А за некои.... Ама таков си, некогаш не сакаш да размислуваш толку и да ја тупиш во место.
Ти, знаеш ли дека секој ден се молам за тебе? Секој ден ми е исполнет со молитва, а во секоја молитва го спомнувам твоето име... Има толку многу работи кои не ги знаеш, кои ги чувам само за себе... Не сум веќе истата напната девојка која те гуши секој миг, не сум веќе здодевна со глупави прашања, дури и не ти се јавувам кога си со друштво воопшто. Сето тоа ти е чудно но на толку убав начин те привлече до мене што ми се чини секој миг ме сакаш се повеќе... Не си ми спуштил слушалка како што тоа знаеше да го правиш доста често, не си ме навредил, ме бараш повеќе отколку јас тебе, се радуваш кога ме слушаш ти познавам во гласот... Синоќа додека си беше со друштво, два пати се јави за кратко време да ме слушнеш а обично тоа не ти се случуваше... Порано јас бев таа што ти се јавуваше додека не беше со мене, едноставно напнато се чувствував тогаш, и сега самата помисла на тоа ми буди напнатост... И поубаво ми е, знам дека конечно си задоволен од моето однесување, и верувај ми јас сум воодушевена од твоето... Не знаев дека тие глупави работи не водеа по погрешен пат. Не знаев дека тоа ѕврцкање, тие глупости, тоа лутење без причина, инатот, тоа гњавење изгледа толку глупаво...и од твоја и од моја страна... Чудни сме ние луѓево, што повеќе се оддалечуваш од нешто, толку си поблиску. И што повеќе пробуваш да се приближиш, толку повеќе се оддалечуваш.. Не сум ладна, не сум се тргнала, те сакам повеќе од секогаш, само што едноставно - пораснав! Знам што треба а што не треба да правам, смирена сум, стабилна сум, и гледам врската со тоа ни станува посилна. Од време на време сето ова треба да се зачинува и со "детска" љубов, но сепак пораснавме нели? Сериозноста треба да си завземе став. Многу ми е убаво, и тебе гледам, во очите ти гледам.. Бараш причина да ме видиш, ми ѕвониш дури и почесто та ми зборуваш слатко, мило... На крај, се се исплати...секоја жртва, секоја солза...
Едвај чекам сабота јас ти и братучедка ми како во старите добри времиња кога ја штевме ..... срценце на дада постојано прашува кога ќе ја шетаме
I feel you, in every vein In every beatin' of my heart Each breath I take... http://www.youtube.com/watch?v=dQlxjSm0qU0 Морам! Морам да ги тргнам мисливе од тебе, инаку отидов јабана.. И двајцата до гуша сме затрупани со обврски, но не можам. Одвај чекам да те видам веќе
Па би ти кажала да си дојдиш побрзо од славата, да ми се јавиш и да ги правиме "оние" муабети Би ти кажала и дека ми фалиш, мислам тоа е јасно како ден.
со нетрпение чекам да ти кажам тоа што треба да ти кажам ПА ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ да се ИЗГУБИШ од МОЈОТ живот. па дали ке се убиеш, ке сечеш вени, тоа е веке твој проблем
Те молам престани. Ќе излажам ако кажам дека не ми годеше кога ми правеше муабет и ми обрнуваше внимание, но повеќе не го сакам тоа. Не го сакам тоа затоа што јас ставив крај на се. Престани да ми го правиш ова. Можеби тебе ништо не ти значи, но мене ми е тешко. Разбираш? Тешко ми е затоа што постојано се навраќам на тоа како направивме да се чувствуваат одредени луѓе со тоа што го имавме. Поради тебе си уништив многу нешта во животов. За тебе некогаш имав чувства, а сега тие чувства се потиснати некаде длабоко во мене и нема да ти дозволам да направиш да испливаат на површина. Нема да ти дозволам уште еднаш да направиш да се почувствувам лошо. И престани така да се однесуваш спрема мене. Очигледно ти не гледаш како луѓето не гледаат. Мене ме гледаат како онаа расипаната затоа што ти веќе имаш девојка. А не сум јас крива, туку ти си. И ајде, јас продолжив со животот, продолжи и ти. Сега имаме нови личности во нашите животи затоа немој повеќе да се враќаш назад. Престани да бидеш онаков каков што беше пред седум-осум месеци. Тоа што било - било, остави го во минатото. Живеј си го животот и заборави на мене. Остави ме на мир така што ќе можам да заборавам на тебе и на тоа како направи да се чувствувам. За бившиот.
Љубов јас ќе дојдам кај тебе утре, затоа што сакам да те изненадам со вкусните колачиња кои ги правев цела вечер и НЕ Ме РаспрашуваЈ дозволи да те разгалам
Дечко : - Не хемија, Не БиоХемија која сака природна наука нека е измеѓу нас, ја со прст не мрдам !!!
Ти си најголемото совршенство што постои за мене на овој свет . Што би правела да не те имам, те сакам многу, многуууу си знаеш нели