Ништо не ме радува. Само твојата насмевка кога се будиме. Ми значи како некому што му значат некои други нешта. И да спијам под отворено небо, не би се грижела. Само да ја имам таа топлина што ја сакам повеќе од што се сакам себеси.
Сакам да знам повеќе , сакам да учам од тебе, за тебе. Не го сокривај тоа во тебе, зарем од мене ? Незнаењето за тебе, ме прави несреќна.
Буууууууу .. ти го љубам парфемот. Ама само ако е на тебе, не од шише да го мирисам! Пак ко ќе ме гушниш .. боо, добитна комбинација! На времето ама .. сега само чиста уживанција. Осеќам дек ќе ми се јавиш и вечер.. ама акуууууу, ми се смејт!! И не се секирај.. чим решавам крстозбори овде, водката не ме имат ни чепнато ко шо требит. Фала шо се грижиш, душе. ~ А ти, ти .. Ич не сум сигурна и тешко ми е да се замислам во нечија друга прегратка освен на овој горниов .. ама се трудам и мислам дека ќе не бидит. Фино детуле си и уште пофино е шо ми се свиѓаш.. за промена. Не љубиш гушкање, очигледно.. и ме нервираш ради то.. ама ти праќам и тебе една - за лека ноќ.
Штом толку ни е убаво на нас двајцава последниов период...нешто ќе се случи. Не дека кобам душо...ама едноставно знам
Доста веќе со твојте глупави идеи претеруваш можеби сакаш да постигнеш нешто повеќе но чекај рано е за тоа што го планираш
Е штета што живееме во иста населба да ти кажам право. Да живеше на пр. ти во Ѓорче, јас во Драчево (луда релација) до сега сигурно за жена ќе ме земеше. Не за друго, по исплатлива алтернатива ќе ти беше свадба од трошење пари за гориво секој ден наваму-натаму нели? Па замисли да требаше по неколку пати на ден да го тепаш тој пат? Поскапувањето на горивото гарантирам дека е причина за многу склучени бракови во изминатава година. Види и ова со данокот за ергени е некој знак, знам за мене и тебе е рано ама побарај ме за жена додека е време. Зошто да чекаме да ја спуштат границата, нели и тоа е можно? Се е можно. Зошто да плаќаме данок де? Не за друго па и ти.
Ова е оној момент кога јас сум 100 километри далеку од тебе, сама во кревет, ладна и осудена на несоница, и рано станување наутро. Момент кога знам дека следното утро ти нема да си до мене. Но, набитен момент е овој, што имам потреба да го напишам, исфрлам ова од мене, зашто мојот кревет, мојот сон не е на место, ако ти не си до мене. Ти си мојата љубов, вера, надеж, мир, спокој, среќа... добар сон и долги есенски утра. Момент, кога јас, би дала се, само да те мириснам и да заспијам спокојно во оваа ладна ноќ...
Те гледам ретко, кратко, воздржано...ти се мачиш, јас се мачам ама за различни работи. Јас копнеам по повеќе моменти со тебе, ти си фокусиран на светот. Сакаш заедно да го освојуваме, да уживаме, сакаш нешто повеќе, а јас сепак сакам само една топла и од тебе. Ќе успееме ли ние после заедно да видиме и ...
Нашата далечина не ја мери ни недостигот. Знам дека ти е тешко, мене уште повеќе. Плачка сум, па што. Но, никогаш нема да задржувам емоции. Ме фаќа криза. Сакам да ме утешиш. А ти. Ти си таму, и тоа е целата реалност, што ја варам како лоша манџа во стомаков. Но, решивме. Одлучивме свесно дека ова е или не е. Ништо или се’, како на Тамара песната, што има лош текст, но ок поента. Те сакам и ќе раѓам нови херои со тебе. Што ќе го спасат градов.
некаде помеѓу мирисот на тебе,мојата љубов и твојата гордост... тука некаде заврше нашето. Те молам,не барај ме.Се обидувам да бидам среќна покрај некој кој живее за тоа да ме усреќи, иако знае дека твоите прегратки сеуште се местото во кое сум најсреќна...
Дури и комшииве мои почнаа да те фалат колку си бил ти вреден зет. Само пази се уроци да не фатиш некој ден
За тебе најлесно е избрчи ја колата...и замини со 100 во старт. Многу си импулсивен во последно време.
Обожавам кога ми ги бакнуваш вратчето. Нежни, малечки бакнежи. Цмок, цмок. Секое влакно на моево тело се накострешува.
За вакви викенди живеам Љубовче мое! Саботен ручек во кафана, шо ако беше од Групер, ние си го доживеавме ко во Палас да бил. Ретро во Магор, со драги пријатели, Саботна ноќ за респект. Неделно утро, одлично утро, долго излежување во кревет и озбилни муабети, кафенце и шопинг. Пециво и колачи за тебе најмил мој, направени со најмногу љубов и насмевки. Те сакам, многу ли барам со тоа што сакам секој викенд да биде ваков
Сонце, немаш претстава колку многу ми зачеше тоа што го направи во петокот. Затоа и 100 пати ти се заблагодарив, иако се чудиш и велиш дека ништо не си направил и дека нема потреба да се заблагодарувам. Понекогаш и не треба нешто конкретно да се направи за да има значение.......доволно е присуството. Бескрајно ти благодарам што стоеше до мене, цврсто ме прегрнуваше и ми ја стискаше раката......по којзнае кој пат покажа и докажа дека си ми безрезервна поддршка во животот. Дека можам да сметам на тебе во животот. Дека си со мене и во добро и во лошо. Ти благодарам уште еднаш, најмило мое