Ми кажа дека ќе ми дојдеш со тапани наскоро .Иако звучеше смешно и не ми се верува сепак се сомневам дека си толку брлив па да доаѓаш цели 3 часа само поради тоа.МОжеби желбата да ми пееш серенада под прозор се манифестира со чукање на тапани ама ако битно и то е некаква музика .Ме изнасмеа денес е така да си знајш и секој ден без разлика колку и да ми е тешко ми узнудуваш насмевка,а тоа ми е доволно за јас да заборавам на се и секој ден да се заљубувам во тебе се повеќе и повеќе.Едноставно ти си ми мое се и те сакам како што пчелките го сакаат медот
Си седиш така скришно позади мене - којзнае дали ѕиркаш, нема да должам многу, имаме други работи поважни од форумов сега. буБКа
понекогас и со некој збор ме повредувас ама си знам дека сум си многу ама ептен Чуствителна сто да прам ах бе те сакам ама како и да е,сто да правам тоа е
Далеку си ми од очиве,но од срево не си,со разумот те мразам,а со душава едвај чекам да те видам...да можам да те гушнам силно и никогаш да не се разделиме повеќе,ех да можам да ти кажам едно ТЕ САКАМ а да не чувствувам никакво каење во себе...................................
Уште 6 недели... Боже колку ми недостигаш. Имам некое гадно претчувство деновиве и само ти можеш да ми помогнеш. Ме разбираш кога не сакам да зборувам или не можам да објаснам, ме гушкаш, ме бакнуваш на челото и доволно ми е. Да се смирам и да не се плашам.
едноставно те обожавам твојот мирис насмевка очите зборовите што ми ги кажуваш едноставно се што поседуваш
Те сакам колку што не сум мислела дека некој може да се сака. Искрено, наивно, детски, со целото срце... бескрајно, и малку себично затоа што те сакам постојано до мене, и никогаш нема да ми е доста од тебе. Ти си разумен, јас сум тотално неразумна. Ти си мирен, јас сум избувлива. Ти ќе премолчиш, јас ќе дрдорам без престан. Ти си внимателен, јас сум трапавко. Ти ќе разбереш, јас ќе си снимам шпанска серија. Ти си поорганизиран, а јас сум неретко тотално расеана. Ти имаш лоша нервоза, а јас немам. Ти си опуштен, а јас порезервирана. Ти си камен, а јас сум емотивна. Ти си затворен, додека јас сум отворена. Толку те сакам затоа што имаш големо срце, затоа што си толку добра личност... затоа што совршено ме разбираш, совршено се поклопуваме и надополнуваме... буквално сме исти... а пак на некој чуден начин сме толку различни. Многу грешиме двајцата... само се надевам дека се што учиме ќе не однесе на она скалило за кое сонуваме, онаа слика што си ја замисливме за нас... а дека нема да не опече. Греота би било да го изгубиме тоа што го имаме, имаме многу. За многу е неразбирливо, ама оние што не познаваат двајцата добро, знаат дека сме исти говеда што на ист начин се сакаат. Во животот, кога ништо не оди како што треба, ти и да не си тука, тука си. И цела недела да не се слушнеме, знам дека си мој... знам, затоа што и јас сум твоја. За моментите кога се гледаме во очи, кога ме гушкаш силно, кога ми ја мирисаш и галиш косата, кога се смееме без престан, кога се разбираме без зборови, кога срцето ми е полно додека те гледам со внуките, кога ќе се насмевнеме на нешто пред други и само ние знаеме што си мислиме, кога се смируваме без карање, кога не сме се виделе неколку дена и после ќе се видиме... вреди да се живее. Има многу работи што немам сила да ти ги кажам во живо, што можам да ги нашкрабам тука или да ги преточам во зборови во тевтерчето додека сум на факултет... жал ми е што некако ми е страв а не знам од што... но ако нешто знам, тоа е дека среќата твоја ми е премногу битна во животот, и се додека можеме заедно да бидеме среќни ништо друго не е битно. Spoiler Here's to us, here's to love... http://www.youtube.com/watch?v=p22BfALgJpw
Алал да ти е што беше со мене во моментите кога поддршка ми беше најпотребна. Не си свесен колку ми значиш и колку сум среќна што те имам
Те знам малку, но доволно.. Те чуствувам,знам дека си мој и знам дека сум твоја.. Овој викенд беше прекрасен во секој поглед,мислам дека се зближивме повеќе.. И видов дека ти значам ме правиш многу среќна и извини за тоа, знаеш дека не мислев да биде така, момент. Знаеш дека нема да се откажам Не сум најдобра но сакам тебе да ти бидам најдобра Знаеш дека не би направила ништо за да те изгубам.. Верувам во нас..
Од никаде почнавме да си пишуваме и за кратко време муабетите ни заличија како да се познаваме со години. Овој пост и не е за тука, бидејки немам кому да посветам неколку ретчиња, но пак ќе си кажам. Интелектуално тука сме, и си флертаме, се смееме и се нарекуваме секси и ти ме присвојуваш, ме нарекуваш твој. Се е тоа убаво, но колку и да учествувам во муабетот, јас не сум присутен. Сите чатови ми биле пропратени со песната http://www.youtube.com/watch?v=2tes_NzOF7U Мене ми се мислите со неа.
Се лутам кога се интересираш за работи кои не се "од твојата бранша", не ти доликува тоа знаеш? Ме повредуваш кога ми солиш памет и искрено не знам која е поентата, ама се чувствувам понижено. Не ме споредувај со други, зошто јас не сум Ојле а ни Дојле. Јас сум јас! Не осудувај нешто пред време, цени го она што го правам зошто со само еден збор фрлаш во вода нешто во кое сум вложила многу љубов и труд. Боли тоа, ете тоа ме повредува! Долгогодишното искуство си го прави своето не заборавај, јас сум уште почетник. Давам се од себе и добро ми оди. Се што ми треба е поддршка и по некој убав збор за сработеното, а не замерка за нешто небитно, незначајно. Прифаќам критика која држи вода, но ти не ме критикуваш ти ме обесхрабруваш! Правиш да се чувствувам лошо, а не го сакаш тоа нели??? Оваа особина МОРА да работиш на случајот да ја смениш!!! И да.. И јас те сакам! Слатки сни..
Искрено мислев дека никогаш нема да трае долго...но очигледно сум се излажала , за дете како тебе кое секој викенд одеше со различни ова е успех 4 месеци целосна подршка , прегратки за утеха , најдобрите бакнежи што можат да постојат и безусловно сакање.Те сакам многу , искрено незнам дали е можно да се сака еден човек толку многу.Убаво да спиеш , ќе се видиме утре
и што, ако ми напишеш дека ме сакаш мислиш дека ти верувам значи јас донесов одлука-а тоа е дека веке нема да се гледаме и точка-прави што сакаш не ме интересира па ако сакаш сечи вени, изврши харикири знам дека нема, егото те држи чиче ти всушност си решил да ја изневереш жена ти,а дали ке бидам јас или не што е важно за тебе нели, ама јас веке не сакам да си ја барам бељата со тебе-не дека бев којзнае колку затрескана па се повлекувам, и се разбира си го продолжувам СВОЈОТ живот
Ако веќе се правиш толку силен, и реши да уништиш се, и покрај тоа што ти значам и ти мене, тогаш, ПРЕСТАНИ СО ТАЖНИТЕ ПЕСНИ НА ФБ!!! Бар глуми дека си среќен!!!!!! Јас толку добро го правам тоа.. hock: