Зошто да те замарам јас кога имаш нова занимација. И онака гледам дека ти досадив... Како и да е јас нема да се откажам од тоа да излезеш од депресијата. Потоа,јас ке решам што понатаму како и да е не сакам да сум во твојот живот повеке доколку ти се однесуваш вака.
Среќен роденден злато мое! Да си ми жив, здрав, убав, и вака блесав уште многу години и никогаш немој да се промениш. Продолжи да сјаеш во мојот живот како досега и никогаш не пуштај ми ја раката, без разлика што се случува. Трета година заедно го славиме твојот роденден, па се надевам дека ќе го славиме уште многу години. Да се живи и здрави и мајка ти и татко ти што те направиле. Те сакам цуце.
Знаеш што? Лошо ја формулирав кладбата! Доцна е да се поправам, ама нареден пат немој да лежиш на тоа уво дека вака лесно ќе си поминеш. Реков вечера, ама мислев тој што губи да си ги засука ракавите и да ја зготви вечерата, а не да ја купи. Не дека ќе ми падне лошо од 10-ка со кромид, ама требаше да бидеш малку по креативен. Нареден пат не ти бега тоа, или вака кога ќе си подразмислам може и стриптиз да ми играш. Тешко ми е дури и да те замислам ме фаќа смеа. Ти, разголен, озбилен и ми играш на некоја сексуљава песна.. Боже, боже.. Изгледа веќе ја знам наредната кладба.
Знаеш,да беа некои други времиња или да бевме различни ние,можеби и ќе успеевме... Но сега,во ова време,со двајцата ние,со вакви чувства и вакви случувања време е да сфатиме дека колку и да ја оддолжуваме оваа наша релација,сепак ќе заврши. Ние сме многу различни,многу.Како црно и бело.Како сонце и дожд.Ние сме две спротивни страни. Нашата врска,многумина никогаш не успеаа да ја сфатат,а немаат ни потреба да го направат тоа.Нашето и после се траеше,никогаш и не престана,туку ние на моменти го поттиснувавме и сакавме да веруваме дека веќе престанало. Секоја нова вечер со тебе,секој нов момент ме правеше се посигурна дека јас сум ја доживеала вистинската љубов. Не се каам за ништо верувај.Многу зборови слушнав од тебе,сто пати си ја погазив гордоста,сто пати си се откажав од ветувањата,другите ми рекоа дека сум глупава но јас не мислев така,јас знаев дека човек простува поради љубовта,поради тој што го сака.Не се каам верувај.Кога мајка ми пак би ме родила пак тебе прв би ти се предала.Пак би те љубела најмногу... Имаше многу љубов,имаше.Но не се разбираме.Неможеме заедно.Многу време ми требаше да го сфатам тоа,но го сфатив. Секогаш ќе останеш дел од моите спомени.Ако еден ден имам ќерка,и ако ме праша за мојата некогашна најголема љубов јас ќе и раскажам за тебе.Ќе и објаснам низ какви ситуации поминав поради нас и никогаш не реков,доста е се откажувам. А и никогаш не се откажав од љубовта,никогаш.Се откажав од тебе.Нека остане вака.Не сакам никогаш пак да ме побараш за да ме навратиш во минатото.Никогаш! Знаеш дека ти посакувам се најубаво,сто пати сум ти го кажала тоа. Можеби во некој друг живот ќе научиме како треба.А ќе научиме сигурно,имаме големо искуство од нашите моменти,кои проклето многу ги има.. Еве ја добитната комбинација: http://www.youtube.com/watch?v=fDTouU0iABA
Понекогаш посакувам,магично да ја снемаше таа твоја гордост,да попушти таа тврда глава. Но се потсетувам,да не беше таков каков што си,горделив,тврдоглав,упорен,напорен,немаше вака,лудо да те засакам. И да,постојам. Не ми пречи тоа што скршив нога за да видам како си а ти си беше со девојката,само сакам некогаш да испиеме кафе заедно.
ти мене ме сакаш кого лажеш-мене или самиот себе е навистина си за жалење, тешка превара а јас сум за котек(кутричок, душичка, тешко му е) и уште очите со солзи ми се полнат има кој да го теши, а во случај ако таа не му е доволна, ке си најде друга таков каков што е , секогаш ке има некоја во резерва -за таков лажго, преварант жал да немаш да го мачиш до крај-до последна капка крв ама што да правам кога сум жалослива -мојата најлоша особина
Не, не значи оваа стаза морам да ја извозам за помалку од 1мин и 10 секунди ! Морам! Па ќе видиме после кој е боље шофер/пилот/тркач...како и да е И доста ме крадеш у табла! повеќе не ти попуштам, неможе, кладба падна чекај....уште едно
Среќна сум за тебе, исклучиво што ќе се тргнеш од сивилото што надвисна на тебе. Нека те пратат убави нешта, и јас со нив.
Не дека нема да најдам некој што нема да ме сака повеќе од тебе, туку нема да најдам некој што ќе го сакам повеќе од тебе. Тоа не е можно, никако!
Од тебе драги мој ништо не очекувам. Ама навистина. Знам дека нaјдобро е ништо да не очекувам од тебе за на крајот повторно да ме изненадиш, а не повторно да се разочарам. Сакам само да си присутен во мојот живот, на било кој начин. Важно ми е само да имаме добри односи. Не сакам да го изгубам повторно она чувство кое доминира кај мене кога сум со тебе, мирисот на мене и тебе. Нема да си дозволам да те загубам уште еднаш. Ќе се борам за тебе и ќе те штитам од сите грешки кои сум ги направила.