Далечината е тест на љубовта,многу подпаднале мило,но за оние кои што успеале да преминат преку неа има само еден одговор-Тоа е вистинска љубов. Нашата љубов е таква сонце мое една и единствена.Ако некој ми кажеше пред 5 години и 4 месеци дека ќе имам ангел крај мене кој што ќе ме чува од цело зло ,ќе ме прави најсисполнета и најсреќна на свет немаше да верувам. Јас секој пат кога ќе те видам ми летаат истите пеперутки како и првиот пат кога те видво и секој миг се повеќе се заљубувам во тебе.Иако сме имале пеколни моменти и причини за да продолжиме со животот сами без тебе во мојот живот и без мене во твојот секогаш не спречувало нешто во тоа.Знаеш што е тоа мило? Тоа е нашата безрезервна огромна љубов која што никогаш нема да згасне и кога ќе остариме ,ќе седиме заедно во дворот на нашата куќа гледајќи ги нашите внуци ќе се сеќаваме на оваа љубов,но знам дека и тогаш ќе бидиме вљубени исто како и сега.Те Сакам најбескрајно,очајно,страстно,вечно.
Ми значиш многу, повеќе отколку што сакам да признаам.. И колку само обожавам кога збориш за иднината, кога гледам дека планираш толку многу убави работи за нас двајцата. Можам да се замислам, можам да видам со твоите очи, можам да кажам уште од сега колку среќна ке ме правиш..Сакам кога викаш НИЕ, ми се допаѓа и твојата љубомора, знам дека не ти е сеедно и дека ме сакаш само за себе Ке се заљубам еј, не знам дали јас прва или ти.. И да, друг пат бацувај ме додека не ме издишеш
Не сакам да признаам, но во право си! Ме знаеш, знаеш како дишам, а знаеш и која е причината поради која сум толку озбилна, сталожена, мирна, тивка.. . Знам каква посакуваш да бидам, посакувам и јас да бев.. Навистина посакувам.. -Посакувам и јас да одлепам. -Да посетиме некој гооооолем, убав аква парк и да се спуштам по најголемиот тобоган. Да врескам и да се смеам се дури имам глас. Да паднам во 5 метри длабок базен и да не се исплашам од длабочината и лизгањето. -Да се возиме на некој ужасно страшен ролер костер, да упрпам максимално ама и покрај тоа да се смеам од срце. Го можам јас тоа нели? -Да се изнаиграм и да не ми е грижа кој е околу мене, како ме гледа а ниту како јас изгледам. -Да пееме песни и да не се срамам од тоа како ќе звучам. -Сакам да ме учиш да возам автомобил и 300 грешки да направам да не ми поцрвене лицето ниту еднаш. Не знам да возам, не сум возач и нормално е да погрешам. Не сакам да се чувствувам како да е крај на светот, барем не за вакви работи. -Да се искачиме на некоја висока планина и да се изнавикам квалитетно. Од мене да излезе се што тлее како жарче и ме прави пасивна и монотона. -Сакам да ми помогнеш да ги надминам сите свои стравови. Ахх.. Сакам, сакам, сакам.. Многу работи сакам да направиме заедно. Сакам да ја почуствувам моќта на адреналинот, помогни ми да се сменам, сакам да се сменам, ваква промена многу ми е потребна.
Биди онаков каков што си,срцето ми бие премногу силно.......да,ме заслужуваш,го барам твоето присуство и после толку одминати години
А да си најмиш некој кој место тебе ке збори за нас и за тоа што ке биде со нас ???? Само едно ке кажам се одбројува ....
Ми фалиш, дури и повеќе од какаото со тон цимет. И да, ми фали моментот кога си ја наслонуваш главата на моето рамо додека гледаме филм и инстантно се комираш.
Малкуцка ја претерав, признавам, ама и ти си толку инаетливо створење што ништо не ти се докажува. А и веќе не е како порано, не паѓаш на моите убави зборови за нашата иднина. Признавам
Не ми се верува дека сега воопшто не ми е грижа за тебе. Џабе веќе, можеш што сакаш да ми кажеш, цел свет на раце дај ми го, ама веќе не те сакам. Уф, ама било убаво кога некој се труди околу тебе, а тебе баш ти е гајле бидејќи веќе си го заборавил. Ама немој да мислиш дека ќе те оставам, сега јас малце ќе те врткам тебе, да видиш како е. Ај ај среќна сум чаооооо.