Е ова го мразам. За ова ти зборував. Лигавање на фејсбук , акање срциња на зид , постирање песни за сечење вени, глумење ромео и јулија, ставање заеднички слики. Не мал мој, не е тоа љубов.. тоа е патетика!!!!!!!
И на крај се докажа љубовта... се одлучи пак иако помина толку време да ме побараш... воопшто не се сомневам дека ме сакаш... а јас те сакам повеќе од се! Ова беше најубавата вечер од сите..
Мислам дека не би можела да го носам сиов овој товар на својот грб, да не си ти! ЗСКТС! (Си знаеш ти)
Ние функционираме на чуден начин.. На чуден начин сме многу исти, а на уште почуден начин сме различни Мило ми е што не се караме за банални работи, мило ми е што не правиме љубоморни сцени, мило ми е што те запознав.. ке биде многу убаво, се надевам
Уште 2 минути и ќе дојде уште еден 14-ти ден во месецот,уште едно дежаву на убави спомени,но славење и на нашата љубов која што секој пат ја славиме и и се радуваме како мали дечиња.Како што велиш ти кога е убаво нештото брзо минува.Епа ова нашето е најбескрајно најубаво сону мој и знам дека секогаш ќе ни е така.Те Сакам знајш нели?
Каква сум? Заљубена. Занесена. Драматична. А да, и неподнослива. Јасно ми е. И секаква, а нон стоп заљубена. Во тебе, се разбира. Секогаш. А вчера, онаму кај што јадевме јас и ти тортиљи, таму повторно се заљубив. Неколку метри разлика, ни збор, ни име, тука беше тој. Со онаа детска палавост, возрасен, допадлив, најверојатно женски околу него се вртат на број 102. И ме гледаше, и го гледав. И толку. Ме потсетуваше на тебе... дали до местото, дали затоа што душава ми плаче по акција. Не знам. Не беше ти а сакав да беше. Затоа. Врати се побрзо? Сега ја гледам вистинската негативна страна за тие факултетите во странство.
Ќе ти текне ли на денов...сеуште се прашувам! Толку си расеан. Ама ајде да си наздравиме...во наша СРЕЌА!
и ти си бил мачо развиено тело, памет ко дете, срце тврдо ко камен, невиден инает повеке лишиш на маче отколку на мачо прави што сакаш јас не попуштам и точка ЈУ АРЕ АУТ ОФ МА ЛАЈФ и помири се со тоа
Зошто кога сум среќна ми текнува на тебе? Ми доаѓа да ти се јавам и да ти кажам како сум што сум... Да ми кажеш и ти ако сакаш... Сакам да ја споделам среќата со тебе...