Долго време уназад на фемина ја отворам само оваа тема и СДК, бидејќи периодов имам само тебе нешто да ти кажувам и на самата себе. И уште нешто! Ништо веќе не знам, не знам што да кажам. Нема врска..
Јас сум настината и болна, едвај дишам, кашлам и кивам на секоја трета минута. Одбивам да те видам од проста прочина што не се чувствувам добро, сакам да те поштедам од ризикот да те разболам и ти ја негирам секоја можна покана. Но како да му одолеам на тоа насмеано лице во исчекување на мојот одговор, додека ми стои под балкон и ми носи топло чоколадо што сам ми го направил. Како да не го гушнам тоа згреано тело под дебелата јакна? И како да го пропуштам тој бакнеж, таа нежност што ми ја нудиш? Таа љубов?! Те сакам, Да! И жал ми е ако утре не можеш нормално да дишеш и се разболеш како мене, но сам си крив за тоа! Јас моето го направив. Те предупредив маче!
Извини за мојата дрскост,тврдоглавост и карањето................Но што да се прави јас сум таква ЗАТОА ШТО МНОГУ ТЕ САКАМ И ТЕ САКАМ САМО ЗА СЕБЕ
Ете и пак почна истата приказна... издржа еден месец без мене, солиден си... се надевам дека си го пополна времето со други мувачици во меѓу време, ама на крајот пак се врати кај мене бе срце... реков јас кога тогаш ке ме побараш оти како мене да најдиш друга нема. Не се преценвам, ама искрено за тебе јас сум 7-ка на лото и затоа изгледа ти текна додека не е доцна да превземиш нешто, искрено да ти кажам си голем среќник... оти ми влезе под кожа и те сакам како некоја будала.. Стварно на моменти не можам да те сватам, ми идиш на нерви, ми иди да те зашамарам така убаво да ти дојди паметот ама пак не можам пак да поднесам да биде како тогаш.. не! Ете ја истата приказна, исто е се како минатиот пат.. ама овој пат јас ветив дека ке играш јас како што ке ти свирам, епа ајде да видиме кој ке биде главен сега. Срце мое, знам јас ти убаво колку ме сакаш.. ама пак Господ да те разбери во твоите работи.. ајде ке си играме уште малце, ама да те предупредам... во оваа рунда ти ќе загубиш!
Е те сакам и тоа многу,ама ете се тешам како и да е морам да си ги исплатам грешките,па повторно да се научам што беше искрена љубов,ама оваа разделеност ме убива... колку само копнеам по тебе,не можеш да замислиш ама немам избор,ќе чекам подобри денови за нас двајцата
Ајде,збори,плачи,убедувај,мачи се,трпи,страдај,преку стојко мој што го немам веќе. Ми се смачи само јас да се трудам. А сепак, не сакам да раскинеме. Имам многу работи од кои се плашам да ти ги кажам,за да не се случи тоа. Ми требаш,те сакам и те мразам. Само уште еден ден да е како порано.
Еххх самооооо лога би можелааа. Имам многу за кажување ама пуста гордост. И ке чекам ако треба и вечно тој да дојде. ..
Еј, повторно имам нешто да ти кажам... Јас секоја вечер пред да си легнам го планирам нашиот заеднички живот, а ти?
еј бетер од баба ми си додека не ги изгледаш сериите нема шанси да дојдеш нели аман од 17 до 23 ти гледаш турски серии недека не ги гледам и јас ама не сите како тебе, ама ако ќе си почекам јас уште малку и онака ноќва е резервирана самоз а нас двајца
Кога мислам на љубов, мислам на тебе. Што сум јас без тебе? Истата таа што сум и со тебе. Само не толку среќна, не толку исполнета, без комплетни доживувања на нештата. Се живее и така... ако не знаеш како е поинаку
Добро е, знаев дека на крајот сепак ќе попуштиш ти прв. Прво ми викаш несакам, после ми викаш сакам. Ах тој твој инает магарешки
Само уште еден ден и ќе дојдам кај тебе.Не сакам да ме разгалуваш толку и да ме прашуваш за секој детал,дали нешто ми одговара или не.Оваа недела секоја вечер размислувам колку убаво ќе ни биде цели 3 дена заедно,ах колку убаво ни секунда нема да се одделам од тебе,добро де само кај чичко вецко кога ќе одиш .Како што поминува времето се повеќе се навикнувам на твојот дом,на твоите родители а уште поубаво ми е дека наскоро тоа ќе биде наш дом.Се сеќаваш кога ми кажа дека твоја мисија е да ме правиш секој ден среќна?Е па сакам да знајш дека јас не сум среќна,туку сум најбескрајно најсреќна на свет.Доволно ми е само ти да си крај мене засекогаш,друго ништо не е важно и не ми треба.Само ние двајца заедно среќни и лудо вљубени засекогаш.
На симпатијата од факултет: Среќен роденден, се најубо, сакам да те гушнам утре На мојов: Се молам да помини се ко шо треба, и се да е во ред.