Заради ова е и нашава криза а? Па стварно извини ама така оди знаеш Се шалам,да знаеш,едвај чекам да помине периодов http://www.youtube.com/watch?v=kKD55gOP ... re=related
Estoy contigo.. баш така И не ми е ич гајле што цели две недели сум љубовно расположена, нека знае цел свет и цел фб и цела фемина Сакам цел свет да знае и ич не ме боли .. Убаво ми е, се чуствувам посебно. Мислам дека се најдовме во правото време, ти се предадов, повеќе ги нема тие железни ѕидови околу мене.. Уште сме на почеток не сакам да избрзувам но со тебе имам замислено многу работи!!
Дојди и кажи ми ја вистината.Нека боли,нека ме скрши на парчиња...јас само сакам да знам... Биди човек во моите очи ,барем еднаш.Дај ми шанса да те облечам во заборав,и со тој гест покажи ми дека сакав човек.И да престанам да се каам што си засекогаш дел од мене.И да можам конечно да ти дарам крај. http://www.youtube.com/watch?v=OjioxXE30G4
Убедливо си најупорното детиште. Како тргна да ми ѕвониш од 14 до 17 часот, 20 повици. И ти успеа, ме разбуди. Не ти се лутам, ми се допадна.
http://www.youtube.com/watch?v=MmN7ULZ2 ... re=related Очиве не ми се насмеани, долго време... Гледаш со очите затворени, И од ден на ден полека се навикнав, Но не сфаќаш. Ме губиш знај, пред очите ти свенувам, Но ти не гледаш... Види ја косава моја, менува боја, Се помалку јас сум твоја... Ако се реши жена да бега, Косата знај ја издава неа...
Некои караници и разделби навистина прават да почувствуваш колку некој ти значел, како што е со нас двајца. Многу ми е мило што сум повторно со тебе, ма во ниту една секунда не престанав да мислам на тебе, само што неможев да ти кажам. Мило ми е што си ги простивме некои грешки и двајцата и што многу сменифме овие неколку дена, се надевам ќе остане исто и понатаму затоа што многу ми е убаво. Ние неможеме еден без друг па колку и да се инаетиме, ти го победиф и инатот , сега сфатив многу работи кои што ми беа нејасни се надевам и ти ги сфати. Јас и ти сме едно, иако сме толку различни толку прекрасно се софпаѓаме. Многу те сакам.
Фала ти за прекрасната вечер искрено ме изненадуваш колку човек може да се промени. Али баш таа твоја промена јас ја сакам најмногу
Е абе ти мислењата да не ми ги читаш овде во темава? Или телепатски ја откриваш мојата желба? Шала на страна, фала ти за убавата вечер,Фала што направи да се чувствувам исполнето. Мислам дека те сакам
љубов не е да му дозволиш на саканиот да пати,да го измачуваш и да гледаш како страда-солзите на партнерот треба да ти бидат тешки како планина.... Што и да се случило прегратка топла,насмевка и бришење на солзите со бакнежи го исполнуваат срцето со позитивни вибрации-никогаш не би се насладувала со твојата тага
покрај тоолку френдици на нет и претпоставувам во живо, зошто баш мене сакаше да ме запознаеш, се допишуваше со мене? што јас бев толку посебна во твоите очи? го знам одговорот ама сакам да го прочитам од тебе-како што можеш да видиш те читам ко книга
Мачор мој брклест. Не знаеш колку сакам да си тука сега. Да шетаме по Ленинова од кај Пепер се до парк, да си купиме винце, да газиме есенски лисја и да си цвркотиме. Да ти го масирам грбот со Бекутан масло после туширање и да ми кажуваш како секогаш кога остануваш сам, ти мириса цела дома на мене, на нас. Да ти правам кус кус со морков и туна и да јадеш без око да ти трепне. Како тогаш кога ти донесов сутлијаш и со раката ми направи СТОП, за да не зборувам, а ти да уживаш додека јадеш и очињата ти беа вакви - о.О. Мил мој! За тебе сета љубов можам да ја пренесам, формирам, издишам, внесам, прераскажам, доживеам. Зошто Ти си, тоа што сакам, што ме прави комплетна и своја истовремено. Еднина во множина. А толку едноставно и без губење на себеси. Реткост. Те чувам, како џамлија во џеб, и те потфаќам за да примиш топлина од моите дланки. И во тебе се стресува сета вселена.