Слушај ваму, поради ова што нема да се видиме 2 дена мора да ми ветиш дека во Понеделник ќе си ги прибереш раченцата и САМО ќе ме гушкаш, а јас ќе уживам лежејќи ти на гради Злато си бе
Го видов Иван вечерва. После три месеци. И не осетив ништо. Душо моја најубава... Ах, ќе те убедам, утре да си дојдеш од кај сестра ти и да спиеш кај мене. Со мене. И така, да не ти смета тоа што ќе ти го завртам грбот, а ти тогаш ќе ме гушнеш толку силно како да ти е последно, да не ти смета тоа што ќе спијам со чорапи оти сум многу зимурлива, и тоа што ќе те будам и гњавам на сабајле за да станиш, за да го фатиш денот по со време, за да не бидеш толку голем спанко, оти ... Реалноста е конечно подобра од сонот. Многу ми недостигаш.
Се заситивме еден од друг верувај... Беа премногу пресврти,беа премногу слози,беа премногу испиени чаши алхкохол.. Имаше среќни момнети,имаше и тажни,имаше скриени погледи имаше и провокации.Имаше многу луѓе околу мене ама никој не знаеше да ме погледне како ти со твоите зелени очи,толку нежни,толку прекрасни а така проклето одбивни. Времето минуваше,имаше нови ситуации и нови личности во нашите животи.Како времето минуваше,така јас успеав да го пронајдам она што никогаш не успеав да го најдам кај тебе..А болеше! Болеше многу фактот дека никогаш нема кај тебе да ги пронајдам оние совршености кои ги поседуваше друг. И плачев,и се надевав.Плачев тивко во себе,за никој да не открие како се чувствувам. Тлеев надеж за секоја нова средба.Секогаш кога се спремав пред огледало се насмевнував и посакував да се сретнеме,за не останеш рамнодушен на мојата појава. Беа тоа испреплетени страсти,како оние на филмовите кои не секогаш завршуваат со среќен крај. Тоа сме јас и ти убавецу. Ние сме многу различни карактери,ние секогаш знаевме да љубиме,но и секогаш знаевме да ја искористиме нашата гордост која ја имаме премногу. И се ќе беше така совршено ако вечерва не се сретневме. Имаше погледи,имаше и прашалници за тоа дали некој треба некому да пристапи.И не се случи тоа,јас немав никаква потреба да се упатам кон тебе и да те фатам за рака,да те однесам на некое место и да бидам среќна барем уште една вечер со тебе.Не се случи истото ни од твоја страна. Разбирам...Многу е... Нашето траеше и трае веќе 6та година,и знам дека ќе трае до оној момент до кога еден од нас не направи пресврт во сопствениот живот.Имаше и такви престврти,но боли фактот дека секогаш успеававме да вратиме еден кај друг.Ние не научивме да живееме еден без друг.А мора...Мора да сфатиме дека нашето неможе да успее.. Ми предизвикуваш немир секој пат кога ќе те видам,без разлика дали имам некој во животот или сум осамен како маглата која што сега се наоѓа надвор и никој не ја сака. Можевме заедно,ама не се потрудивме доволно.Многу работи никогаш и не ти ги кажав,многу работи и никогаш не ги дознав од тебе.Ама ако..така требало да биде. И немој,немој веќе никогаш да ме гледаш со такв насмевка како да сме најдобри пријатели.Немој бидејќи од тебе се уништив и психички и физички.Немм веќе сили разбираш ли? Немам ни солзи,немам ни чувства после тебе. А тебе те сакав најмногу,ти секогаш ќе бидеш дел од мојот живот,до оној ден до кога не видам дека си ставил бурма на раката.Ама лажам!!!! И после тоа ќе тлееш во срцево,ти ми беше најголема љубов. Беше и остана !
You are missed. Твојот мирис, рамиња, рацете замотани околу мојот грб, твоите стомачни врз моето мешенце. Топлината. Дланките врз моето лице, во мојата коса, испреплетени со моите. Чувство на припадност. Усни на усни, кои во тие моменти не сакам никогаш да се одвојат. Твојот поглед кој никого не гледа така и очите во кои се чита жар, желба, копнеж ... Јас не сум поетска душа, буц. Знаеш дека мразам лигавења. Али и јас знам да тропнам нешто понекогаш. Немој да те чуди! До утре ...
премногу те сакам и ми недостигаш будалче ... ајде разбуди се побрзо и дојди кај мене да те гушкам !!
Замина далеку,надежта дека ќе ми биде полесно умира.. Знаеш што сфатив-присутен си во секој миг од мојот ден,можам да те почувствувам како ми дишеш во врат,како ме прегрнуваш и јас добивам сила да го постигнам и недостижното..како некогаш.Ми навираат слики на она време кога небото беше мојата почетна станица..Иако е минато,ти благодарам што ја разбуди жената во мене,што направи да се спознавам себеси,да љубам,да се извинувам,да бидам пожртвувана,да чувствувам дека припаѓам некаде,дека спијам во нечие срце. Иако знае во некои денови да заболи,да се почувствувам како губам здив,благодарна сум за подарокот кој вечно ќе го носам во душа,љубовта од тебе...
Сите приказни, исти се.. Тажни ко оваа.. Само ти си ми во мислите кога е празна душава.. Те молам, помисли на тоа што се можеме, сега можеби е доцна, а може не? Дали крајот вака мириса.. ? Јас сум за во бестрага..