You saw me reading my diaries and you asked me - "Why do you read them over and over again?" "I don't know, I'm just trying to understand WHY do we make the same mistakes over and over again..!"
Се сеќаваш на сите тие денови кога те проколнував да не си заминеш затоа што си ми потребен? - Епа смети ги за лаги, затоа што тука сум и ПРЕЖИВЕАВ!
Знаеш што? Во право си? Да, во право си... Се променив, не сум таа што бев.. Го изгубив тоа што ме правеше посебна. Ја изгубив гордоста, достоинството, своето ЈАС, карактерот... Да, точно е. А кога тоа се случи, не знам. Не паметам. Можеби само не сакам да се сетам кога. Се изгубив себе си. Не знам веќе ни која сум. Дали сум јас таа која можеше да оди против сите, да се бори, да биде среќна на мали ситници, ОНАА КОЈА ЗНАЕ ДЕКА ЖИВОТОТ Е УБАВ!... Ја изгубив силата. Повеќе не се препознавам. Но веќе доста беше. Ќе заборавам на овој период. Ќе се вратам во нормала. Во тоа што некогаш бев. Доста ми е веќе од оваа слаба девојка која не знае да ги задржи солзите во себе. Доста ми е што се и сешто може да ми го уништи денот.. Ќе бидам тоа што бев! Онаа силна девојка, која на сите им беше мила. И ќе видиш, дека не можеш веќе да ме повредуваш. А за нашата иднина, ќе размислам јас...
Знаеш што.. готово е! Овој пат навистина мора да заврши.. не можам да го издржам ова повеќе! Ме боли, многу ме боли... врискам и плачам одвнатре а од надвор успевам да издржам со лажната насмевка знаеш зошто? Затоа што не смеам да дозволам да ме видиш таква и тоа да ти го наполни егото! Ке се борам да те заборавам и колку да боли, и сите тие зборови што ги кажав пред тоа.. дека иста е болката и со тебе и без тебе, но барем со тебе ке бидам за нијанса посреќна беа лага.. со тебе ми е уште три пати потешко. Не можам да продолжам вака, жал ми е.. ти не ме заслужуваш, не заслужуваш да те сакам.. и колку да ме боли ке се откажам од тебе и ке ја избришам оваа љубов на секаков можен начин! Ти си најголемиот идиот кој сум го запознала во животот, од тебе не прозилегува ништо добро... само солзи и болка. Те мразам, оди си и престани да ме бараш веќе...не ми си потребен за ништо, нема да бидам играчка која ке ја фрлиш кога ке ти здосади, доста беше! Овој пат вистина ке биде крај и не се враќам назад! Ќе се изборам и ќе ти кажам НЕ!
Интересно човече си во секој случај. Како и да е, доста научив од тебе во овој период. Тоа е што е, идеме напред повторно во истата потрага ама сега низ различни патишта. Од се срце ти посакувам да го најдеш тоа што го бараш. И ке го најдеш . И јас може некад ке си го најдам местото мое под сонцето....
Не туку ми врти ко некој забеган. Сигурно нема да ти кренам! Те нема месец дена па допрва ќе се гледаме. You wish!
Уште еден глуп викенд. Само еден од многуте такви. Ти таму, јас тука. Викенд без забава, пиење, смеа, дружба. Викенд без душа. И до кога вака? М? И после ќе ме прашуваш што ми е, зошто не сум ти правела муабет. Не знам што очекуваш да ти кажам... Ни прв, ни последен глуп викенд.
Не паметам кога те засакав толку. Можеби уште првиот пат кога видов каква моќ за простување имаш. Доживуваш навреди, тешки зборови, а одбираш да го видиш само доброто. Зашто тој човек некогаш ти помогнал. И заслужува да му се даде втора шанса. Не е фер брзо да се крева раце од луѓето. А можеби и се заљубив кога во мојата душа успеваше да видиш некое сокриено парче убавина. И во име на тоа, без оглед на мојата неподносливост, арогантност, горделивост, ќе погледнеш во моите очи и ќе го најдеш она што сакаш. Носев пребрзи заклучоци. Но, сега го имам сето она што го посакував. Внимателен и грижлив син си, извонреден пријател и човек од збор. Оптимист. Борец. Човек со преубава душа. Кога ќе го завртам грбот и не сакам да зборувам, ме гледаш со таква тажна фаца и не се тргаш додека не ти објаснам што ме лути, и колку и да не ти одговара, ќе ми ја исполниш желбата. Кога се лутам како мало дете кога мораш да си одиш, попушташ пред моите насобрани веѓи и натажени очи. Ако сум во лоша финансиска состојба и не можам да излезам, ти ќе дојдеш и ќе накупиш триста чуда зашто знаеш дека сум голем гнетач. Ако знаеш дека сакам понекогаш да чујам убав збор или да направиш нешто со голема љубов, не ти е гајле што немаш романтична страна. Ќе го сториш. Ќе запалиш свеќа, ќе чујам дека ме сакаш најмногу и ќе ти го видам во тие зелени очи. Ако видиш дека тагувам за нешто што не е во твоја моќ, ќе најдеш начин. И никогаш нема да префрлиш дека се` си направил за мене, туку е искрена намера јас да бидам среќна и задоволна. Да можев да бирам во каков човек ќе се заљубам, не ќе ми текнеше на таков како тебе. Велат не можеш да го замислиш она што не постои. А ти цело време си бил тука. Совршен си. Те љубам.
Дојди да ме занимаваш. Денеска ми рекоа да не бидам дегенка и да ти дадам шанса. Фин дечко, симпатичен, паметен, внимателен, посветен, и јас си играм мајтапи. Клоца. Можеби и ќе се заљубам, а а а а? Што знаеш. Се си бива. п.с. Не знам како секогаш успевам да си ги најдам баш тие што мијат садови по дома и помагаат и раскреваат и чистат вециња и менуваат пелени на внуки и внуци и готват. Викаат дека секоја девојка бара дечко како својот татко. Среќа моја па само првиот беше таков психопат, тие натаму сите се како другиот човек што секојдневно го гледам како пример, онака како што еден вистински маж треба да биде.
Те љубам - бидејќи не ти пречи тоа што насабајлечки си гракам песни на цел глас додека ти спиеш. Дури и го обожаваш моето пискаво гракање. Велиш, тоа ти се едни од најсреќните моменти, тие кога јас сум во фаза на лудило, а не депресија. Сакам и за незнам колку години да го љубиш моето гракање. ' Си ми земал нешто од таму, едвај чекам да видам што.
Ќе се погазам, ќе почекам. И утре ќе бидам среќна. Те молам не ме лажи. И моли се да не си ме излажал. Не ми ја уривај сликата за тебе, не ме разочарувај. Премногу совршенство не е добро, не?
Размисли убаво што правиш сега... најверојатно нема да имаш шанса да се поправаш подоцна за истите грешки по сто пати...
Абе мажу мој?! Ке те задавам, ке те стискам ке те гушкам, ке те бацувам.. Ми се чини се повеќе учам како да те сакам, не сакам да те изгубам и верувај давам се од себе, повеќе отколку што сум помислила.. се трудам да ти бидам најдобро, да те чувам на ист начин како што ти ме чуваш мене како капка на дланка