Кога се вратам назад три години, си мислам што ќе се случеше да не се сретнавме? Што мислиш дали ќе си сакал некоја друга како што сега ме сакаш мене? И сега размислувам, колку бргу лета времето. Мислам вчера беше кога седевме на старата клупа и ме чекаше да размислам дали сакам да се фатам со тебе. Тогаш не знаев дека се впуштам во една прекрасна приказна испреплетена со радост и тага. Тогаш мислев дека ќе си уште еден од оние што кршат срциња и си заминуваат без збор. Но не беше така. Види каде стигнавме. Можеби три години не се многу, но по се што поминавме пак стоиме цврсто на нозе, заљубени еден во друг исто како порано. Дури можеби љубовта сега е поголема. И сега се плашам од иднината и од нештата кои не чекаат, и можеби ќе не разделат. Но како и да е, нека ни се множат и утре да ме сакаш повеќе од денес, а помалку од вчера.. Те сакам.
Ќе дојдат моменти кога некој од нас ќе сака да си замине,но, ако не те прашам сега, ќе жалам за тоа цел живот, велејќи дека ја пропуштив најдобрата шанса што животот ми ја понудил. Дозволи ми да се вселам во твоето срце. За прв пат,да не се плашам од љубовта. Направи ме подобра личност. Биди со мене. Исполни ја оваа празнина со љубов. Пушти ме да влезам во твоето срце и да останам таму засекогаш. Те обожавам.
Абе смотле, не сфати ли до сега дека неможам да го поминам денот без да ти се јавам, без да те видам? Знам дека сфати за гушкањето. Знам. Еве ти гушка, паметно мое.
Ми фалиш!!! Прво тоа би му кажала, а после тоа имам милион работи кои би му ги кажала, би го прашала на што сме??? Помина доволно време за да знам што сме ние???
Знаеш,понекогаш не ти недостасува личноста туку спомените се оние кои ти предизвикуваат немир и носталгија во душата...
Знајш шо ми напрај ти мене?МЕ натера да се заљубам бескрајно по милионити пат во тебе секој пат се повеќе и повеќе.Направи да се чувствувам како кралица,твојата грижа,внимание кон мене ме исполнуваат и прават да летам.Твоите родители се прекрасни,чувствувам дека ме сакаат како своја ќерка,посебно мајка ти која што е мила како тебе.Сега знам од каде си ти толку мило мое душле,ти си олицетворение на се она штое е најдобро на свет,совршенство велат дека не постои,но верувај дека постои бидејќи тоа си ти.Мило ми е што те направив горд пред колегите и што не те посрамотив.Се што сакам е да си имаме едно наше катче кое што ќе го обоиме со боите на љубовта,слогата,довербата и знам дека ќе го имаме тоа мило мое сонце.ЌЕ дојдат нашите дечиња ко мечиња,ќе ги израсниме,ќе ги направиме вистински личности и на крајот двајцата пред да го напуштиме овај свет ќе сме заедно бабичка и дедичко кои што ќе им прераскажуваат на своите внуци за својата огромна неизмерна љубов и ќе ги учиме и нив да сакаат без резерва некого на кој што ќе им го посветат целиот свој живот.Само тоа го сакам ништо повеќе љубов моја.Те Сакам најбескрајно секогаш.
Се сетив. На Монмартр, на виното и срценцата исполепени во кафулето. И нашата мини прослава на 6 месеци љубов, ни повеќе ни помалку, на Св. Валентин, во Париз. Се сеќавам секој ден колку сме убави, на наш начин. И сето тоа ме одржува прекрасна. Те љубам, многу.
Колку и да ми е лош денот знам дека вечерта ќе ми заврши со тебе макар виртуелно, се е веќе подобро. Проклето ми недостигаш, да молчиме, да ти ги набљудувам усните кои секогаш ти се растегнати во совршената насмевка. Ми фалиш да го делиме ќебето, да има за кого да се разбудам среде ноќ и да проверам дали си покриен. Во полусон да се свртиш и да ми го бакнеш рамото. Да ме држиш. Да зборуваме со затворени очи. Да пиеме вино. Да играме табла, а ти така суптилно да ми попушташ. Да заспивам слушајќи те како дишеш. Ми фалиш да ме изнервираш со твоите досетки. Ми фалиш зошто нема кој да ми каже дека имам кечап на образот. Бројам денови и издишувања. Знаеш, на снег се немаме љубено.
Срце си, големо. Во 3 час ноќеска за што ми се јави, за да ми го кажеш тоа ? Јас го знам тоа, одамна. И јас !