Те сакам! Не знам дали ова ќе ме докрајчи, не ни сакам да знам. Сама си зборувам, сама си се расправам, сама си се тешам. Еден пријател од време на време знае да каже : ,,Гајрет, кучко, а??!" Немам повеќе што да кажам. Ни со тебе, ни без тебе. Од двете зла помалото е муабетов! И не сакам да се повторувам со клишеата од типот времето ќе покаже, трпение, ќе видиш, слушнеш и бла бла бла. Знаеш, муабетот е ОВДЕ и СЕГА. Ниту живеам во минатото, ниту во иднината. Ама, муабетот е што и каква е твојата реалност, а што и каква мојата. И на крајот на краиштата иста ли ни е реалноста? Јас тврдам дека не. Можеш приказни на децана во градинка да им раскажуваш. Мене не. И ме нервира всушност едно - да оправдувам некого и нешто за што никогаш не би се заложила. Причината ја знам, ама има ли поента. Хмхмхм....Мразам неморал, мразам двојни аршини, мразам и НЕ ОПРАВДУВАМ двоен живот, аморален, вештачки и на крајот мразам и НИКОГАШ не сум оправдувала паралелни нешта. За сето тоа имам само една дефиниција - КУРВАРАНА. Приетно!
Глумењето рамнодушност од моја страна не оди веќе. Си соберав куп нервози деновиве. Патот по кој си тргнал и начинот на кој ги изразуваш чувствата не водат во пропаст. Ти си тој кој треба да се промени.Доволно се трудам цело време, преку глава ми е. Играме - Земи или остави. Бирај
Со твојот инает ги лутиш сите околу тебе, јас те разбирам и те познавам, но на моменти ми пука филмот. Само гледај да не ми пукни еднаш засекогаш оти после враќање нема. И аман научи што сакам и врската ќе ни биди совршена. Упс заборавив дека совршенство не постои, ама ајде потруди се оти можиме да бидиме блиску до совршенство.
Со ова што се случува и твоето однесување кон работите тешко дека ќе се вратиме на нашите убави денови... само глупост врз глупост,секој ден се поголема... не знам до кога ќе го имам трпението но верувај не останува уште многу време ако продолжи ваквата ситуација.Жално после се што дојде ден за ова нешто да морам да го кажам, но би требало да си свесен дека си самиот виновен..
Што ти несакаш да ме видиш и да зборуваш со мене несакам ни јас...кога ќе сакаш ти тогаш ќе дознаеш дека е вејќе готаво..
5 месеци ти требаа да сфатиш што треба да сториш... Ајде нека поминат побрзо тие 2-3 недели, не можам повеќе да издржам вака :/ Ми недостигаш многу... премногу...
не ми е јасно што се замислуваш дека си ти мислиш дека ако пишеш сериозно јас тебе те свакам сериозно не бе брат јас можеби те зезам по малку ама ти кажав кој е мојот одговор и не мислам да го сменам па и 100 луге со милијарди во џебот да ме запросат, истиот одговор ке го добијат и не е оваа одлука заради инает донесена,туку е при здрав памет и разум донесена
Црвена свилена постела и неколку црвени рози... Малку црвено вино во кристалните чаши,тивка музика и неколку свеќички.... Но ништо од ова не може да го замени твоето присуство... Ова се само мали детаљи... Тие неможат да ја заменат жештината на твоите бакнежи, светлината на твоите очи, ниту пак да ја заменат нежноста на твоите прегратки... Црвената свилена постела може да направи само моментално да се наежам а ти, ти можеш да направиш да горам и да чуствувам пламен насекаде во моето тело... Црвените рози можат да бидат украс во мојата коса додека лежам на постелата но ништо неможе да се спореди со твоите дланки кои страстно ме галат... Црвеното вино на момент ќе ја угаси мојата жед но само твоите бакнежи можат да ме однесат до врвот на задоволството... ... Ти си " НЕШТОТО '' што прави да горам, што ми ја полни душата во моментот кога ќе се доближи до мене... Ти си таа неверојатна сила која ми го подигна расположението и ми го разнежнува срцето... Ти си единствената работа која во секое поле ми дава нежност... Ти ми ги спојуваш жичките и ја будиш страста во моето тело... Правиш да неможам да ги контролирам дланките, да се загубам во мислите и да потонам во твоите топли прегратки... Го правиш невозможното возможно и со само еден бакнеж ми даваш се што ми е потребно... Ти се предавам целосно уште од мигот кога ќе те здогледам....
Упорно се вртам во круг,станав целосно неподнослива во врска со тебе... Незнам кој ме проколна,како некој да ми има направено некоја магија со цел никогаш да не продолжам без тебе. Неможам веќе! Таман ќе кажам готово е успеав без тебе,еве си позади мене за да ми се исмееш и да ми кажеш дека уште не е готово. А знам свесна сум дека ова нашево нема никаква иднина,невозможно е да има. На моменти си велам подобро никогаш да не почувствував ваква љубов,отколку на ваков начин да се одвиваа работите.Многу сакам да знам како ќе заврши ова нашево,макар и после неколку години. Многу сакам да знам дали еден ден ќе си кажам еј која глупача сум била,бидејќи до сега тоа не си го кажав. Знам дека да не беше ти ќе беше некој друг,но може со некој друг немаше да биде вака,можеби немаше да има толку различни нешта во нас двајцата,можеби... Море проклет да си еееееј !
Што ќе правам јас без тебе кога ќе заминеш во понеделник празно ќе ми е знам дека идеш да заработиш за нас ..ама сепак не можам ни ден без тебе ханичко мое
Деновиве некако смирено се чувствувам. Половично додуша. Сакам да си тука некаде, но во исто време не сакам очите да ти ги видам. Можеби немам право олку многу да се лутам и да бидам нервозна, ама не сум заслужила нешто вакво. И јасно ми е за овој факт уште од пред шест месеци, но никако да си го сфатам сериозно. Јасно ми е, а треба да ти е јасно и на тебе, дека за тебе потрошив премногу месеци, премногу солзи, премногу нерви. Сè што правев за тебе беше премногу, бидејќи ни третина од тоа го сторив не си го заслужил. А тоа што најмногу боли е тоа што целосно ти се предадов, се покајав за сите „грешки“ што сум ги направила, се грижев за тебе.. те сакав најмногу што можев. И сè уште те сакам. Боли бидејќи на овие години никогаш не мислев дека ќе можам толку многу да сакам некого. На овие години нема да можам повторно толку многу да сакам како што те сакам тебе. И не знам дали треба да ми е мило и дали треба да се радувам за тоа што најверојатно не ти оди со новото девојче, затоа што сакам да си среќен, а со неа веројатно би ја имал среќата што ја немаше со мене. Јас ќе се обидам да те заборавам, онолку колку што можам, а да бидам искрена деновиве помалку мислам на тебе. Напредок. Очигледно ми беше потребна причина да започнам разумно да размислувам и пред се да си го ставам разумот, а не срцето. Се надевам ќе бидеш среќен со Тамара. Ако воопшто таа сака да биде среќна со тебе. А ако не сака, не знае што пропушта.
И ќе сакам, ќе мислам и ќе се молам. И пак нема да ми успее. Душава ми знае кога си вака далеку. И пак нема да биде како што сум замислила. Знам. Секогаш се јавува нешто што спречува. Ќе мора да чекам за дома. А дотогаш, пак ќе сакам, ќе мислам и ќе се молам. No use hoping for a miracle. Те сакам.