Немам чај од јаболко и цимет, може од нане? Те чекам, сакам да се гушкаме, да се топлиме и да пиеме чајче..
Више ја претера бре, па дај олади малку. Не сум јас крива што ти не знаеш што е изненадување и не знаеш како да го направиш, кога да го направиш.... Кулирај, јас веќе кулирам
Чудни хормонски реакции бидуваат кога ми лежиш на рачето. И, и, и, извини брат43, хехееее, ќе видиш ти после епизодава.
Би излажала ако кажам дека не ми е мило и не ми се појави насмевка кога ми рече дека си утре на интервју за СУПЕР работно место. Дај боже да биде, дај боже. Ме нервираш и те нервирам, неможеме да се разбереме оти сме исти на карактер ама ова од се срце сакам да ти се погоди. Многу. Заслужуваш да си имаш убава работа која е тешко да се најде во денешно време. Епа што да кажам освен со среќа утре.
Што ќе правам кога ќе престанеме да постоиме, што ќе биде со мене ? Како ќе одам и ќе гледам, знаејќи дека никогаш повторно нема да бидеме заедно ? Не сакам да се оптеретувам со тоа сега. Среќна сум со тебе. Те сакам. Многу.
Што ме боли најмногу од се тоа нема да ме скрши не, а ме прави посилна од се после него не е исто, не.
Мило,секогаш кога не те слушам или гледам очајно ми недостасуваш,јас не можам без да те слушнам и без да знам како си да опстојам и да го проживеам денот.Ти си таков човек кој што секогаш прво гледа за другите па потоа за себе,толку си добар и мил и јас не посакувам ништо повеќе и не ми треба од тебе.Ќе ми фалиш кога ќе почнам да работам многу,посебно ако сум втора смена и нема да те слушам цели 8 часа,а тоа е многу .Без тебе ми е се празно,како што врви времето се повеќе сум зависна од тебе и со душа чекам да сме секој ден заедно,да легнувам и да се будам крај тебе.Се чувствував посебно кога пред твоите колеги ме претстави како своја девојка и видов со каков кеф го кажуваш тоа.Сакам секогаш да ми си толку среќен мило мое ,а јас ќе се потрудам да го направам тоа за тебе.Ти ме научи да сакам,ме извлече од сета тага и депресија,секогаш си бил овде за мене,да ме светиш и натераш да се борам и да живеам за двајцата.И од првата плата,макар и да земам само 2000 ќе ти купам палто или блуза,а што одлуката е твоја ама јас сум решена дека сакам да ти купам нешто е така да си знајш.Те Сакам мило мое единствено матуфче
Ти, успан, ме надушкуваш како кученце. Не отвараш очи, ми праќаш најсладок осмех, ги шириш рацете и ме зимаш в прегратка, ме склопуваш...и јас почнувам да се топам Ах, кога тие моменти би ги имало почесто...
Дека многу го мразам зашто времето што го изгубив сакајќи го него може ке го посветев на некој што стварно ме сака и му е грижа за мене.......