Сакам да си тука. Јас да ти се налутам за глупост, а после да ми го кренеш главчето, да ме натераш да ти погледнам во очи и низ насмевка да промрмориш " Што ми ти е ? " И после да се обидеш да ме бакнеш, а јас смело да го избегнам тоа, да ти се обесам околу вратот, да го вдишам тој твој мирис кој постојано ми фали. Тогаш да се намуртиш, да издишиш и да ме погледнеш со значење - "Аман со тоа твое гушкање, остави ме да те бакнам!" Друго што сакам е помислата на првиот снег со тебе. Иако ми се изнасмеа и ми кажа дека ние сме поминале многу зими заедно, веројатно ќе се избројат на прсти на една рака, оваа сме првпат како пар. Лажам, втор, ама првиот не ми значеше толку како сега. Замислувам како оставаме стапки по снегот, те мавам со топки и потоа легнати правиме ангелчиња и се држиме за раце. И кога ќе посакаш да влеземе дома, јас ќе одберам некое рандом место, клупа, паркинг, каде порадо би се смрзнувала. Знаеш зошто? За да создавам нови спомени. Повторно ќе најдам нешто што прво ќе ми го фати окото, за да тој предмет ме потсети на студената ноќ со тебе. Тоа го правам кога собирам листови, желади... Знам дека сум дете, но... Јас никогаш не го изживеав детството правилно. Затоа ќе ми помогнеш во изборот на лампиони, светилки, во правењето честитки и Снешко... Ќе ти купам убав поклон, завиткан во светкава хартија со голема машна. Знаеш ли дека кога бев дете, во една стара картонска кутија собирав железни пари? Ден пред Нова Година, ја обложив со украсна хартија и им ја подарив на моите. Ми се изнасмеаја. Тие заборавиле, но јас не. Можеби толку ме повредило зашто ги собирав со многу љубов и со насмеано лице чекав да ја отворат. Ти не си таков. Немаш некој глуп гест, направен без размислување каде целосно ќе ги занемариш чувствата на другиот. Умот пред јазикот, а не обратно. Ете затоа спротивностите се привлекуваат. Да се вратам назад. Во домот кој некогаш ќе го создадеме, ти ќе ја накитиш елката. Јас ќе ги поставам сијаличките, ќе научам веројатно дотогаш да се месам, а ако направам колачиња гарантирано ќе изгорат. Ќе се стоплиме со греано вино и мноооогу љубов... Некои ме нарекуваат мечтател, но во суштина сум голем реалист. Па и романтичар. Но, познавајќи те, знам дека сето ќе го доживееме. Кога јас сум среќна си и ти, а ако постоиш за да ми удоволуваш, па и нема многу да се бунам Иако нема да заборавам, не престанувај да ми кажуваш дека ме сакаш секојдневно. Ниту ми е навика, ниту кажано на сосема обичен начин. Уште побитно - докажувај ми одново и одново. Ветувам и јас !
Добра си -ми велат другите. Се правам дека сум добро пред нив.Се смеам,совршено глумам рамнодушност и не им дозволуваат да допрат до тој дел од мене кој одамна е распарчен. Веќе не си бил со неа. Знаев дека така ќе биде. Вредеше ли? Вредеше ли таа,наспроти сите наши моменти? Дали таа знаеше што сакаш,дали ги разбираше твоите соништа,дали знаеше дека гледа во твоите очи ко да сиот свет е преточен во нив? Се сомневам Алек.Се сомневам дека било која друга после мене ќе те сака како што те сакав. Ноќите ми станаа борба со самата себе.Од едната страна е мојата гордост,а од другата е љубовта спрема тебе. Овој град мириса на тебе. И,не ја сакам оваа есен.Ноември.Лани ова време бев најсреќна. Сега што имам? Секоја ноќ мајка ми доаѓа да види како сум,дали плачам,дали ме боли сето она што го доживеав,и само наоѓа празнина. Ладни сини очи,и ладни раце наспроти топлината што ја има во собата. Ама нема да и признаам дека ме боли.Немам зборови со кои можам да кажам како ми е .Ја оставам таа глупава тишина да зборува.Во последно време ми е како сопатник. Дење,ладни лица околу мене,заглавени во сопствените проблеми.Барам причина да се насмеам. Некогаш реалноста не е доволна. Мене веќе не ми е .Само кога сонувам ми е топло сега. Твоите раце обвиткани околу мојата половина,ладен ноември,а нас ни е топло во срцата. Моите ладни очи во соништата стануваат полни со сјај.Гледам во тебе и го гледам сиот свет. Но секое утро се будам. Како ќе заврши ова ? Времето не лечи ништо знаеш? Времево ми ја сокри болката како верен сопатник а јас само се влечам низ животот.
Дали ти тоа ми пиша порака касно е веќе и..и... Знаеш дека нема да ти вратам нели? немој да се трудиш да пишиш, не ми требаш повеќе.. готово е! заврши.
Да те нитко не волиии као јаааа ама ако не ти е гајле и не знаеш да го цениш тоа,мене уште повеќе не ми е гајле
Многу ми беше фино кога на телефон ти изнакажав се што ми лежеше на душа...идиоту еден!!! Ќе ме умреш ти еден ден со таа твоја болна љубомора!
Не ми е гајле веке за тебе...се трудам да го спасам она што остана од нас,ама тебе инат те фака сега ке уживам сама и само за мене ке си гледам,бидејки не вредело да се молеш на машко и на мене ми е тешко свати !!!
Ах, убав мој. Уште ли си каков што беше? Не ми фалиш веќе, освен во некои многу глупи и смешни ситуации. Во оние што знам дека ако ги споделевме или ако ги доживеевме заедно, ќе бевме совршени, како тенџере и капаче со таман калапче
Е еднаш ќе те фатам марс и има цел свет да дознае дека си губел табла марс од мене ! И немам идеа што интересно да правиме утре Ќе смислиме нешто Може пинг-понг да играме или може да одиме на кино! ААА не, прво на кебапчиња Само чекај да присоберам некој денар плус зошто кебапчињата се од облогот, што јас го загубив и мора да си го исполнам. Ке смислиме нешто у секој случај. Е, и ми се свиѓа што кога ќе ме прегрнеш, главата моја доаѓа точно кај твоето рамо. И ми се свиѓа кога ќе ме бакнеш .... не знам кој дел од бакнежот ми се свиѓа... целото бакнување како сцена со тебе ми се свиѓа. Ми се свиѓа кога ќе ме прегрнеш што со истата рака со која ме гушкаш ми го штипкаш образот. Филс гуууд. Филс веееери гууууд.
Не знам што да мислам веќе, тотално ме збунуваш... ќе се трудам да ги избегнувам овој пат лошите мисли
На симпатијата од факултет: Напредвам со тебе или така ми се чини? Многу ти некако почна да ми пишиш На мојов: