Ќе се разбереме ли јас и ти некогаш? Знаеш точна била онаа поговорката дека спротивностите се привлекуваат. Толку сме различни, како небото и земјата ама толку приврзани...ах, каде ли води ова?
And so it's there my homage's due Clutched by the still of the night And now I feel you move Every breath is full So it's there my homage's due Clutched by the still of the night Even the distance feels so near All for the love of you. Фалиш онака, по малку Те сакам.
It's all ending. I gotta stop pretending who we are... You and me I can see us dying...are we? I don't need your reasons ... Don't tell me cause it hurts. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=TR3Vdo5etCQ
Не знам зошто,но од кога заминав од кај тебе имам поголема потреба од тебе за разлика од претходно,чувствувам дека станав зависна од тебе.Ми фалиш ти,твојот мирис,моментот кога се гледаме во очи ,се прегрнуваме силно и бакнуваме сакам секогаш да го имаме.Ти си ми се најубаво до сега,па уште фустан ми бираше за веридбата предлози ми даваше,абе абе ќе те изедам од шо си толку сладок е така да знајш .Ама шо ќе прам после пак без тебе ако те изедам? Нее,не те јадам само можи малку да те грицнам
Неможе секогаш да имаме совршени моменти,свесна сум за тоа.Ти само грижи се за мене како што сега го правиш тоа.Тоа е доволно за мене
Јас би ти кажала дека,иако ти имаше лош ден јас не сум крива за тоа.Не бев должна да слушам како викаш по телефон и како за се јас сум крива .Али ок ке те оставам денес да се одмориш малку,се надевам утре одсабајле се ќе биде ОК . Те сакам !
2 месеци. Предходните врски ми беа пеколни. Со тебе се е поразлично. Невозможното го правиш возможно. Нека ни се множат ,ама вака ..како до сега..без конфликти,расправии, со многу љубов и разбирање.. Те сакуем
Знаеш што? Смеј се. А, за што се смееш поточно, знаеш? Не? Епа јас знам. Еве вака: Очи не си тргнал од мене веќе колку, 3 месеци има? Искрено, ми се допадна тоа што после сите овие години ме забележа. И, секогаш кога погледите ни се сретнуваа, мислев многу на тебе следните неколку саати. Ама па, само толку. После заборавав. Не ми ни текнуваше да те погледнам. Се случуваше после некој ден, да слушнам нешто кај што велиш, и, како да чекаш да те погледнам. Или не знам. Така ми изгледа, секој пат. Од друга страна, разговорот секогаш убаво ни одел. Имаме многу заеднички теми и на работите, горе-долу, слично гледаме. И ми помагаше кога ќе побарав, и ти помагав кога ќе побараше. И кога било, се сеќаваше некако да го свртиш разговорот кон мене, и јас кон тебе. Знам дека и тебе те интересира што имам да кажам колку што мене ме интересира твоето; најчесто, прилично многу. Не придавав никакво значење на тоа што последно време повторно почнавме да разговараме, се почесто и почесто. Ќе ти текнеше нешто од негде никаде, а јас, ко што знам да си зборам многу понекогаш, тоа ми беше пријатно. А најмногу ми беше затоа што никогаш не ми се смееш кога ќе кажам некој збор што нема никаква поврзаност со контекстот на реченицата, ниту пак кога ќе застанам среде реченица и не знам како да продолжам, ниту пак кога ќе зборам и зборам и истото го вртам затоа што не знам како да излезам. Наместо тоа, се надоврзуваш. Ми помагаш. Колку луѓе тоа го прават? Многу малку, повеќето само ми се смеат. Така е пред.. 3 дена? Ти требаше помош, а не можеше да ми речеш. Си знаев... Бев тука, во секој случај, не затоа што веше ти во прашање туку тој ден таков ми беше. Те слушав кај што ја браниш твојата точка, и нели, ти надоврзував некои реченици. Ми требаше некое време да забележам дека не знаеш како да продолжиш додека ме гледаш и те гледам. Тогаш се свртев. И следните неколку минути се се одвиваше во најдобар ред. И, кога требаше да завршиш со говорот, сакав повторно да те погледам. И ти во мене гледаше, и молчеше. Потоа продолжи. И јас, "комичарот" нели, ти се заблагодарив тебе. Знаеш, демек смешно е. И ти: "Фала што ми кажујше." и после некое време додаде, "ама ја убо си знајв што да кажа, ти само ме бунеше." Мислев дека тоа е твојот виц назад, јас и ти со хуморов од Марс, ама после ко останавме сами, се ми стана јасно. Комлименти, за очи пак? Од каде? Се смешкав јас, ноншалантно, ама веќе почнав да насетам. Додека разговаравме, веќе гледав која сум во твоите очи. Само што ми стана навистина јасно, ти веќе ме гледаше в очи, без трепкање, и молчеше. Ми го погали образот па ме бакна. Краток бакнеж, за таков каков што еднаш ти кажував на игра од вистина и предизвик. Чекаше одговор. Но што да речам? Мислите ми се исплеткаа и срцето ми забрза. "Сега што?" се осмелив да прашам, и сега сфаќам колку вепе тоа погрешно. "Неморат ништо," и толку. После ко ништо да не се случило. И секој ден по старо. Мене ме остави без зборови! За се има прв пат, нели. Не изреагирав импулсивно затоа што си ветив дека нема. Освен вчера. Кога на еден начин те "нападнав" в темница и те залепив за ѕидот со бакнежи. Не ни зборнавме. Знаеше дека сум јас? Претпоставувам дека да. Денес... Онака "случајно" демек раката ти се слизна над мојата. И остана тука едно десетина минути. Случајни случајности, да, да. Сега јасно ти е зошто се смееше кога ве замолив да поминам? Мислиш ти верувам дека ти беше глупо? Ти е срам да признаеш пред другарите дека до уши си заљубен во чудакот-девојка.
"Можеби нема да бидеш нејзиниот прв, последен или единствен. Сакала пред тебе, а може да сака и по тебе. Но ако те сака сега, што друго е важно? Таа не е совршена – но не си ни ти, а вие двајца можеби никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако те засмејува, те поттикнува да размислуваш подобро и признава дека е човечко суштество кое прави грешки, држи се до неа и дај и го најдоброто што можеш. Можеби не размислува за тебе секоја секунда од денот, но ќе ти даде дел од неа за кој е свесна дека може да го скршиш – нејзиното срце. Па не ја повредувај, не се обидувај да ја промениш, не ја анализирај претерано и не очекувај да ти даде повеќе од она што може. Насмевни се кога те прави среќен, нека знае кога те прави лут и нека ти недостига кога не е тука ...."
Колку беше добар спрема мене,како ме бакнуваше...мангупски,страсно,безобразно,ама зошто доагаш во најтешкиот период,во време кога љубам друг,а го немам...што е ова нашево?