нели ме сакаше 4 пати ми предлагаше брак каде си сега бе лажго еден, преваро тешка со тапија-или можеби си повреден,т.е. егото ти е повредено се гледа колку била вистинска твојата љубов=0 тоа да
Проблемот е што, јас се опседнувам со некои работи додека не ги завршам целосно. Значи сакам се, веднаш, сега, сакам да седнам со тебе некаде, каде било, и да зборуваме со саати и саати и саати, да се раздени и повторно да се стемни и да научам што сакаш најмногу на цел свет, какво кафе пиеш, зошто имаш некои чудни испади и напади за популарност, што си сакал да бидеш кога ќе пораснеш како мал, кое ти е омилено јадење, дали ставаш црн бибер врз леќа :geek: , колку пати си паднал на мраз, кои се твоите омилени канали на телевизор, зошто се плашиш од тоа што се плашиш.... САКАМ да знам! Мислам дека под тоа малечко ќоше, делче, од тебе што го гледам, има гооооолема приказна во позадина, те знам одамна, а не те познавам. Затоа ми е тешко да одлучам дали гледам само еден многу добар другар или нешто повеќе, затоа сум толку збунета и конфузна и расеана и деконцентрирана и се ме нервира. Ме збунува исто и колку сме различни, како би одело сето тоа... Кога ќутиш и кога само вака се смешкаш (ме нервира ова смајли, ме нервираат луѓе што така се смеат), додека јас се клештам секогаш од едното до другото уво, кога слушаш музика што ја мразам најмногу на свет и ме тера да земам и да си ја удрам главата од ѕид од што е глупа и кога викаш дека мразиш книги, додека јас би можела да оформам скромна библиотека со мојот домашен фонд, кога јас зборувам и сите слушаат, а ти зборуваш и слуша само тој до тебе. И кога единствената сличност е тоа што ти некогаш многу забегуваш, а јас те трпам и само климам и се смешкам, а кога јас ќе почнам да зборувам ти ме слушаш и ми викаш добро, океј, така.... Ме смирува инстантно твоето ,,така,, ме потсетува на нешто, ама не знам на што. Можеби на човек кој не му се допаѓа тоа што го слуша, ама премногу е добар да го каже истото. Не знам дали се гледам до тебе поради разликите, некако ми е страв дека се преголеми и дека ќе се изгубиме некаде по патот, ме плаши тоа што некогаш не ги правиш некои работи како што треба да се направат, туку како што ти сметаш дека треба (а не секогаш е правилно), бегам и ќе бегам од луѓе кои упорно одат против светот, затоа што мене не ми треба некој кој оди против сите... Мене само ми треба човек кој ќе оди до мене. Оффффффф.
Хмм сега само гледај како може да бидам ладна,безчувствителна и да се понашам како идиот. Па ти сепак то и го заслужи нели. И не,не жалам...не си го омекнувам срцето за тебе.Подобро ми е вака,додека бев добра имаше кој да ме гази.На ред си ти сега!
Ништо. Бидејќи веќе темава ми нема смисла, што фајде да пишам овде што би ти рекла, демек ке видиш? Јеа рајт.
Абе некогаш доаѓам на темава за да си кажам колку ми фалиш и колку сакам да си тука и да се гушкаме и се. Ама вечерва дојдов за да те отерам у пичку матер. Онака, квалитетно. И шо не звониш и шо не враќаш на порака и се. И шо ми фалиш многу,ме нервираш и со то. Ма се ме нервира денеска, ме стега душава. Буцко, да би знаел се што јас знам не би издржал. Како да седам мирна со помислата дека за некој ден ќе ти се руши светот? И не можам ништо да сторам, не е во моја моќ, а е сепак толку блиско до мене. Ме мачи, не знам како ќе реагираш, не знам ни дали сме доволно силни за да поминеме преку тоа. Уствари, не знам дали ти значам толку за да ТИ преминеш преку тоа, без разлика што не сум јас крива. И ме плаши. Ме плаши да не те изгубам, таман се навикнав на тебе. Се мачам со тебе понекогаш, ама па прочитав некаде дека without the bitter, the sweet ain't as sweet. Докажи ми дека е вака, те молам. Сакам уште многу време да поминувам со тебе, скриени од сите, со долги погледи кои само јас и ти знаеме што значат. Да делиме чоколади заедно и да ми е убаво. Зошто после долго време, мене ми е убаво. И сакам да трае. Знам дека е тешко, и верувај дека ги бројам деновите кога ќе се видиме и тогаш кога ќе се видиме времето лета и ми е криво што толку ебано брзо ми поминува кога сум со тебе, а кога сме раздалечени ми поминува најбавно секој ден. Само едно нешто буцко, не потклекнувај како што јас направив....не би поднела. Себична сум знам веќе тоа одамна,ама не би поминала преку тоа. Таква сум. Може и напишаново е хаотично, ама пишувам како што ќе ми дојде, кога се работи за тебе во мозокот ми настапува таков хаос, Поинкар би завидел.И еве една песна, може контекстот на песната е сосем различен, ама јас си ја толкувам по мое во моментов, just because I can. Дојди ми, ајде... http://www.youtube.com/watch?v=5CCJalmwC2Q
Не ја свакам причината за твоето однесување, но како ти со мене, така и јас со тебе. Мислиш ке ти звонам...Ха...Е нејкеш богами
Си играш... Понекогаш се прашувам со кого сум во врска?? Не те познавам понекогаш. Ќе слушнам некои работи и се обидувам да ги сфатам. Кој си бе ти? Кој си бил ?? Страв ме фаќа понекогаш. Како вчера на пример. Каде бе така ??
Јас и ти сме толку слични, а сепак толку различни. Но, како велат : Го бараме она што ни е потребно. Мене ти си ми потребен.
Кога лежам во твојата прегратка, ми е најубавото нешто. Така прегрната во тебе можам да лежам цел живот. Знам дека те изненадив кога дојдов, тоа ми беше намерата. Едвај чекам утре да дојде, пак да си спиеме прегрнати.
Ако почнам од понеделник на работа здравје утре ќе ми дојдиш кај мене .Офф само по една недела ние ќе си се видиме пак,гушниме,бацниме и шеткаме,а под нас ќе крцкаат лисјата испопаднати низ улиците јеееее .Вечерта прегрнати ќе си седиме дома и ќе тониме во мирисот на твојот омилен планински чај и љубов,многу љубов зачинета со еден тон бакнежи и 2,3 романтични филмови ,а потоа кхм шшт не кажувам што следува .
Нај добронамерно ти посакувам некој друг да ти го прави ова ти мене што ми го правиш. Почна да се занесуваш повеќе од дозволеното Ова твоево љубов ако се вика,тогаш не дај Боже да дознаам што е омраза.
Сакам да те разгалувам. Чуден пар сме ние на моменти. Или можеби практични само. Која девојка би подарила на момчето клешти, баш тие што му фалат во колекцијата? Е напорно богами. Или пак кое момче би и подарил на девојката бордо хулахопки што ги мерка оддамна, без да го знае точниот број? Ја сакам нашата љубов, знаеш? Ме исполнува, прави да се чувствувам женствено, нежно, кревко во твојата прегратка.