Ми доаѓа да изгризам,искршам се околу мене кога подолго време не сме заедно. Уште 9 дена,и после месец пак ќе се гушкаме на ладново
Одвај чекам да помине времево и после да се видиме ама многу бавно ми мине зошто? изгледа оти вело време мислам на тебе ги одбројувам минутите... ај одам да се извежбам, така побрзо ќе ми помине времето, е после ќе видиш
сега моментално не ми фалиш ме нервираш ама знам, тоа се секунди , минутки. Неможе да биде за долго. Исто како што те мразев додека ми го цитираше Онур , сакам да го бакнувам секое влакно од твојата коса.. Ар ју факинг кидин ми ? Не сум романтична не не неееееееее
Жал ми е навистина ми е жал, но и сам знаеш дека нема назад, нема да ја повлечам одлуката и да попуштам, нема! Колку пати се обидов да заборавам, да се правам дека никогаш не пристигнале тие пораки на мојот телефон, да ги заборавам сите кажани зборови, зборови кои никогаш не го очекував од тебе. Љубовта е нешто свето, љуботва е жртва, љубовта е да дадеш се од себе, но да не бараш ништо за возврат. Љубов не е на секоја караница да вратиш со навреди, да кажуваш зборови кои допираат до дното на душата и те сечат бавно. Жал ми е но ГОТОВО Е!
Уффф...мака ми е вака. На пола пат сме, ниту другари ниту врска...со месеци не знам што сме! Секако дека сме пријатели, и ке останеме. И да сме во врска јас пак ќе бидам твој најголем пријател. И да не сме, исто. Све најубаво за тебе мислам. Дури и да речеш дека нејкеш врска јас нема да се чуствувам лошо, баш напротив ќе знам да не се залетувам и да си гаам надежи. Ама дај молим ти се кажи нешто. Нешто, макар едно ГУ , ко гугутка. Па неможе така напразно секој ден да се слушаме по 100 пати и секој ден да излегуваме (и по два пати) и на секое испраќање да има такви прегратки и бакнежи, и на крај да ми речеш нешто со што би ме одбил. Неможе така. Евентуално можно е да не ти е периодот погоден. Сепак.....КАЖИ! Кажи што мислиш што осеќаш за што размислуваш, кон што се стремиш...во кој стадиум си... нешто де... Ако очекуваш од мене да се муваме уште 100 години да ти кажам дека неможам така. Тоа ми е како да одам по ивица од која знам дека кад-тад ќе паднам на некоја страна. И подобро да знам кон каде паѓам, отколку да треснам кога би било касно. Така не би било фер ниту чесно. ОК, ќе се муваме уште Х период, и после што? Затоа, ЗБОРИ!
незнам како да сватис како ми е,,,,амааааааа незнаааааааааааааааааааааааммм!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! стварно незнам
Јас и ти толку вљубени и среќни. Со тебе сум премногу среќна најмил мој. Ми го зароби срцево,те сакам многу многу премногу !!!!!!!!!!
Спиењето до тебе, будењето со тебе, бакнежите, прегратките, допирите, зборовите, насмевките, погледите, држењето за раце... Ми предизвикуваат пеперутки во стомакот, а срцето ми потскокнува како лудо. Ептен ми го зеде паметот.. https://www.youtube.com/watch?v=R6cdOeUWOEA
Колку те посакувам само. Те сакам до лудило. Те сакам се повеќе со секоја измамена насмевка, лутина и скроен план. Не очекував и се уште не очекувам ништо и можеби тоа беше пресудно да ме направи среќна. Ден за ден те љубев не мислејќи за утре, за обврските кои ќе не разделат, на што би рекол некој. Сега ти ми излегуваш со големи планови, зборови, си ја разкриваш душата и ме чуваш на дланка. Само заземи ја твојата страна од креветот, држи ме од левата страна, до срцето и ќе бидеме патетични до разденување. Доволен си ми со сите твои маани.
Ти си моето најголемо богатство. Те сакам неизмерно. Убаво спиј најмил мој,и јас ќе заспијам со помисла на тебе и мирисот твој на моето кебе.
Не сакам да кажам тешки зборови во афект. Не сакам да кажам дека повеќе нема да се видиме. Не сакам да кажам дека повеќе нема да чуеш збор од мене. Не сакам да кажам дека толку беше од мене и тебе. Но,премногу е. Со ова вечерва ја уништи сликата која ја имам за тебе. Не е сегашна грешка, не знам ни дали воопшто е грешка,дискусијата воопшто не ме засега мене, но такво размислување од твоја страна во минатото, таква постапка ме тера да се запрашам околу многу работи. И не сакам да ги кажам погорниве работи, ама ете. Една грутка во желудников ми вели дека мора така да биде. Си кажав еднаш,јас тебе те сакам со умот,не само со срцето,а моментално умов ми вели дека ова што се случи е катастрофа. Разочарување. Мака ми е едноставно,мака од муабетот кој го слушав... И пробувам да ги избришам сликите од глава,ама не,едноставно мачнината си е тука. И ако не објасниш подетално за тоа...Толку е... Сметај си дека ова вечерва беше последното од мене.