Разговор - само тоа ми треба. Знаеш, твојата тишина ме убива. Мојата нетрпеливост и желба уште повеќе... Што велиш да најдеме некоја средина, м?
Браво. И ти на тоа реши да кажеш „браво“. Шта речи, коју поруку послати, што би рекла Плавуша. Уште еден збор од речникот кој треба да го заборавиш. Барем во тој контекст во кој беше кажан. :geek:
Додека ти гледаш формула сега на мојот телевизор, во мојата соба, легнат на мојот кревет, јас си седнав на форумов и баш сега пишувам за тебе. Значи ми побара вечера (се прашувам дали заслужуваш да ти правам вечера), али бидејќи сум толку добра ќе ти направам нешто за јадење колку да не ми мрчиш подоцна. Друга работа од сега за шетање не ме викај мене за било каде туку оди таму и шетај го кучето на комшијата гледам тоа ти е побитно. И се надевам дека сега го читаш ова за да не се мачам да ти го кажам подоцна истово. И уште нешто фала за прекрасната вечер вчера, се надевам дека ќе ја повториме во брзо време
Ола Гринго! Ој, Спиди Гонзалес! Ла кукарача ла кукарача! Зошто мексиканецот си ја фрли жената од прозор? Текила!!!(to kill her) Гет ит? Бум Бум Тиш! Не можеше ли бе да пишеш чек, или да трчаш маратон, да продаваш тортички за донација, па и да скокаш со падобран за спонзорство? Ама не, ти мораше да растеш бркови за Movember.
Незнам уште колку време ќе можам да го трпам ова што ми го правиш...ме лажеше-ти простив. Што уште ќе правиш? Зарем не мислиш дека ја претеруваш? Да беше друга девојка на мое место одамна ќе ти ги мавнеше клоците...
Се чувствувам толку збунето и изгубено. Сум работ на плачење а следната секунда сум хиперактивна како дете што изело премногу чоколада. Сакам толку многу да правам... и ништо да не правам. Сум толку збунета... Зошто не си тука да ме излажеш дека ова нема да ми се повтори, дека е само сега? Зошто нема никој никаде што само ќе ме прегрне изненадно? Знаеш од кога не сум плачела? Сакам... ама изгледа повеќе не знам како.
ТЕ САКАМ.. со секој ден се повеќе, ти си мојата душа, моето ангелче,срцето мое и знаеш колку ми е тешко што те немам слушнато 4 дена, знам дека сешто ти минува низ главата но ТЕ САКААААААМ повеке од се на светот и знам дека доагаат подобри времиња. ВЕРУВАМ!!!!
"Оклучи се на фб во дискотека, немам кредит за зборење" Нема проблем бе маче, наредниот пат и лаптопот ќе си го земам кога ќе излегувам. Вака некако би требало да изгледам од страна
Манипулатор си ти навистина. Направи ми ова, направи ми она, а извини бе кога ќе направиш ти нешто за мене како што треба. Најверојатно никогаш. Ајде шетај...
Ти си единствениот што ме разбира.. Те чувствувам како дел од мене.. Незнам што би правела ако те изгубам..
Никогаш не ни можев да помислам дека ќе те мразам толку!!!! Човеку ми се лигавеше кога се скаравме ме молеше да се смириме, а ти си мувал друга додека беше со мене ццц. И уште да дојдам кај тебе дома после се што ми кажа???? Дали ова мене ми се дешава или трипам???