Трпение-спасение...ова веќе 2 год. си ги повторуам,ама џабе,ти никогаш нема да се смениш,кој се раѓа ѓубре,така и ке си умре..
Се уште не можам да им поверувам на тоа што моите очи прочитаа. Можно ли е такви убави зборови да излезат од тебе? Едноставно си мислам дека некој седнал наместо тебе и ги напишал. Невозможно е.
Сеуште е твојот мирис на мојата облека,во мојот кревет и вечерва ќе ми биде исто ко да си до мене,а кога ќе те побарам со раката да те гушнам нема да те има .Денеска кога те испраќав не сакав да ги видиш моите солзи за да предизвикам тага и кај тебе,знам дека ќе дојдиш пак,дека ќе те прегрнам и бакнам ,но не знам зошто овај пат се чувствував како да те гледам за последен пат.Ми недостигаш најбескрајно,уште ко се качи во автобусот како дел да се откина од мене.Сакав да се качам и јас со тебе и никогаш да не мора да се разделуваме.Ги мразам овие разделби,па уште ко ќе ми текни дека можи нема да те видам цели 3 недели ми се плачи.Ќе помине и ова,знам само уште малку треба да се стрпиме.Те Сакам засекогаш најбескрајно.
http://www.youtube.com/watch?v=XGKqFTXuqa8 Uvek kad mi je tesko ti me tad zagrlis nezno dok sam ziva neces biti sam........ !
Ме прекори дека премногу внимавам на ситници. А дали знаеш дека поради тие нешта кои ти ги викаш ситни (за кои двојно ги напнувам очите, ушите и мозокот), толку те засакав? Како на пример, вчера. Кога ти пишуваше ливче за да се обложиш и ми ги објаснуваше значењата на 1, x и 2 и на коефициентите, беше свесен дека сум малку глупичка и бавно сфаќам. Не придаде значење, ми довери мене да ти читам и ме остави да одберам два натпревари со моето непознавање на фудбалот. И бев бавна додека барав низ весникот. Но ниеднаш не изгуби трпение и не си го зема за да не губиш време. Секогаш чекаш. Сакаш да ме оставиш да се потрудам, дури и нешто да го правиш совршено, а јас си немам поим. Поради мојата глупа среќа и погрешна прогноза, не беше ниту разочаран, ниту жалеше. Друга ситница. Кога тука читаш како пишувам за некој друг, ми веруваш толку за да знаеш дека ми е само глупа моментална мисла и дека не би искористила шанса со него дури и да ми се нуди. Знаеш, мене ми е потребно време да се запознаам себеси и да сфатам дали мислите што ми минуваат имаат врска со реалноста, ќе бидат константни или ми е минлива фаза. А ти, крајот го знаеш. И ниеднаш нема да ме прокориш зошто сум напишала таква глупост. Трета ситница. Синоќа видов колку си подготвен да направиш за другар. Кога ќе те побара во 3 саат по полноќ, не размислуваш дека утредента си на работа. Одиш, разговараш и се враќаш. Ќе се запрашаш зошто им е толку тешко на луѓето да бидат блиски со тебе. Бидејќи си толкав човек, издржлив и предобар, што просто сите чувствуваме дека не заслужуваме да сме дел од твојот живот. Затоа што толку пати сме кренале раце од тебе и од животот, што кога се враќаш назад, чувствуваме грижа на совест. Ние те гледаме само одоздола. А гледаме нешто кон кое сите се стремиме да бидеме, а ти веќе го поседуваш без да си свесен. Ете тие "ситници" мил мој го прават големо. Ја прават огромна мојата љубов. И немој никогаш да жалиш што така гледам на нештата.
Сега ништо не би му кажала.. само би го погледнала во очи.. и се ќе биди јасно.. нема зборови повеќе...
Spoiler Не мислев навистина дека ке ми биди вака тешко...И покрај се што претрпи поради мене, и дури и изневерувањето, кое ми го прости без да ми кажеш еден едниствен навредлив збор,тоа го преброде и ми рече само јас и ти да сме заедно..секој мој напад на нервоза кој го истурав на тебе,се што ти правев само за да те изнервирам самиот си собираше во себе...ме сакаше тајно, јавно, не сакаше никогаш од никого да ме криеш..Повеќе никогаш нема да ми биде подобро од тогаш...А ни полошо од сега...кога те гледам со друга,но те гледам во очите, и сваќам... НЕ,не ја сакаш...никогаш нема да сакаш некоја како мене што ме сакаше некогаш...сега сваќам како ти било цело време додека јас сум била со друг...несвесно, свесно, иронично, тврдоглаво, просто како сакаш наречи го моето однесување, но имам прееееееголема желба да се разделите.И да мрднам само со прст знам дека тоа ке го направиш за мене. Пак за мене....само за мене..Но има многу причини, ветувања,личности...кои не разделуваат,никогаш не сум зависела од другите што ке кажат,ама сега е поинаку.... не можеме.. се молам само да дојде се во ред еден ден... Да,сега знам и гледам како ти било кога буквално ме замоли да не одам со него... ама сега на ред сум јас да ја видам истата сцена... не е важно веќе...тоа биднало...сакам во иднина да ми се средат овие чувства,и да имам сега можност да бирам Никако не би одбрала да бидам со него... никако..тебе те сакам Mи беше малку тешко,чудни измешани чуства... па морав да го споделам,не дека ке значи нешто....
Бев каква што отсекогаш сакаше, не ти се допадна. Бев каква што не сакаше, пак не ти се допадна. Сакаш да ме гледаш расположена додека сум со тебе, но ти си убиецот на чувства, не заборавај ! Секоја моја шега ја сведуваш на исмевање, дури и да не сакаш, го правиш тоа ! Твоите солени шеги на кои очекуваш да се смеам повеќе од очигледно е дека 9 месеци ме насмеале. Сум се сменила, оваква сум станала, што а ти не се смени? Мене не ми смета сето твое понашање? Неможам повеќе да ги истрпам твоите мазохистички модифицирања што обожаваш да ги вршиш врз мене! ОДИ СИ!!!
И да можев да сменам некои работи не би ги сменила, ете така ме научија за некои вредности и некои работи да ги ценам повеќе. ****