Ти ја предизвикваш оваа неопислива радост во моето срце. Ведрина и убавина во мене. Во блесокот на твоите очи го гледам целиот мој свет. Ти си најубавото и највистинското нешто што ми се случило. Со тебе сфаќам што значи вистински да живеам. Те сакам!
Не може да помине ниту еден ден а да не помислам колку сум среќна и благословена што те имам. Се е многу полесно со тебе,се е поубаво со тебе...Ми го разубавуваш животот,ми го правиш совршен секој ден,ме исполнуваш и правиш да се чувствувам најсакано,најубаво,највредно... Јас сум една среќна жена која има големо богатство-вистинска љубов!
Знаеш, убави сте заедно. Си одговарате, како што ние не си. Толку сте физички слични, баш како да сте создадени еден за друг. Ќе почнам да верувам во она - тие што се создадени еден за друг многу си личат. Се почесто гледам такви парови. Но, го немаш оној сјај кој го гледав порано во твоите очи. Па и одамна не сум те видела. Не сакам, убаво е вака. По некој лајк на ФБ, манијачење на некоја слика, чисто да видиме кој што прави. Ќе го слушам Балашевич ради тебе и ќе си кажувам стој кога ќе посакам да ти го отворам профилот. Ќе се обидувам да ве заборавам вас двајцата и ќе се дружам со некои кои не се ни до половина вредни како вас. Но со двајцата не ми успеа. Ти ме знаеш убаво, како и тој. Знаеш кога ми трепери устата што значи, знаеш кога мафтам со рацете зошто е тоа. Како и тој. Можеби некогаш ќе ве видам, но ќе бидам променета. Тој веќе го виде тоа, дали ќе го видиш и ти или пак ќе бидам со тебе онаа старата јас? Кој ли знае што ќе биде...
Се нервираш кога звониш 50 пати, а не ти го дигам телефонот а? Е чекај да видиш како е, кога те немаше 4 дена па уште и ми викаш - што има врска ако не сме се слушнале 4 дена.... Ти кажав несакам да правам веке муабет со тебе, крај...а ти упорно и упорно... Џабе молиш веке, помина возот...Ајт пријатно !!! П.С. Баш ми е мило што се ти изнакажав
Ти си еден од ретките на кој му текува да ми ѕвони кога спијам но нема врска како и да е веќе ме разбуди <3
.i. бутни си го таму каде што не треба глупак еден селски. Одвратен си ми и не знам како сум можела 5 год. да бидам со тебе. идиоттттттттттт
Љубов моја непреболена,незаборавена. Секоја секунда без тебе,срцето ми е поблиску до тебе. Јас знам дека ти ме чекаш,но не сум сигурна дали јас тебе те чекам.
Се чудам како од секогаш си знаел толку многу да ме изнервираш и смириш за кратко време, се лутам поради тоа!
И неможам никако да ти бидам лута повеќе од еден ден, едноставно неможам. Ме изненадуваш позитивно секој ден
Кога шетавме и разгледувавеме прстен за тебе ми се појави некое ново чувство во мене.Кога бев мала гледајќи филмови каде што двајца млади купуваат прстени за себе си правев филмче во главата како јас со некој некогаш ќе го правам истото.Тогаш тој некој немаше лик,а сега има-тоа си ти мил мој.Кога ставив еден од прстените на твојата рака нешто ми се прелапна во стомакот,бев малку збунета,а истовремено многу среќна.Не,многу е малку бев најбескрајно најсреќна што јас ставам прстен веренички на твојата рака.Ептен ми е мило што јас лично со свои пари ќе го купам и одберам за тебе и се надевам дека ќе ти се допадне.Као што врви времето до денот така се повеќе ме фаќа слатка трема.Ах колку ќе се сменат нештата после тоа,колку ќе биди поубаво за нас.Одвај чекам
Никогаш нема да те оставам на цедило, ти кажав.. и кога ќе направиш глупост, ќе бидам тука заедно да ја поправиме. Знаеш зошто? - Затоа што покрај тебе се чувствувам сигурна и имам сила и за двајцата!
Сакам, сакам кога ме будиш онака случајно сабајле да ми кажеш дека ќе дојдеш. Нека биде така и утре. Сакам да прекинеш со тоа фејсот, ништо нема интересно таму. Сликите ги чекам со душа, да се види кој е кој, да видат СИТЕ! За чудо ми даде да те држам под рака, не за рака ПОД рака. Ме гушкаше и бакнуваше и рече: Како кралица пред сите (иако не се изразуваш така ама прв пат изговори таква шега) Сакам такви ноќи иако се летвоса цело време заедно, до мене. Не сакам нигде да одам за чудо некое после 2 години исто ми е, чувствата не се изменија. Не сакам ни до вц да отидам без тебе. Не, не е тоа опсесија. Тоа е љубов ја добиваш, ја даваш.
Како може секој ден да се караме и да се смируваме? Како може еден ден да те мразам, а следниот да ми бидеш најслаткото нешто во животот? Како можеш да љубомориш на секој што ќе помине покрај мене? Па душо јас и ти кога ќе имаме деца абре у лудница ли ќе ги пратиме уште од мали нозе ццц порасни веќе најубаааааав мој доста беше караници за глупости!!!
ama родители имас вакви луге не сум видела....само молисе да издржам да не им влепам се во лице за тоа какви се а мислат дека не знам и се прават какао кралеви пу
Дојде за миг и ми создаде нови соништа за утре, за некогаш.. Ме остави да сонувам и кога сум со отворени очи, и кога сум со затворени. Сонувам и кога сум будна и кога спијам. Овие денови ништо неможеше да ме изнервира. Насмевката ми е 24h на лицето. Ме прашуваат што ми е, од каде оваа светлнина во мене. А јас уште толку се смешкам и убаво ми е. Ах..