С. би ти кажала еден куп нешта. Само никаде ја нема храброста, а и никако не ми излегуваат мислите. Да, имам несоница оти постојано мислите ми се кај тебе.. Да, убаво ми е кога ќе видам во сред ноќ дека ти текнало да пишеш на фб иако не сум онлајн. Не ми е убаво оти не те гледам често. Не ми е убаво оти сакам отворено да ти кажам колку многу си дел од мене, колку многу сакам да ти пружам љубов, нежност. Не ми е убаво што не зборуваш ич за чувства, ме знаеш мене јас потајно си кажувам преку пишувањето ме знаеш убаво, а тебе јас како да те читам кога не зборуваш. Сакам да има иднина со тебе. Сакам да ти кажам дека сакам да те гушнам, да те држам за дланки пред спиење, сакам да пијам чај и да уживам во твоите погледи. Сакам да останам во твојата прегратка па макар и на ветар како пред некое време, не ми е битно ништо додека сум покрај тебе. САКАМ ДА СИ ПОКРАЈ МЕНЕ...сакам да го знаеш ова, а немам прилика да го кажам.
Зошто кога ќе дојдам кај тебе дотерана секогаш ме прашуваш за кого сум се дотерала? Па за тебе бе смотаницо, сигурно не за комшијата твој
Ме болат километриве љубен, исто колку и тебе, ама што да направам? Неможам да ги смалам, ниту да направам да исчезнат. А сакам. Препреките се тест. Тест што нема да дозволам да го паднеме. Ти благодарам на безусловната поддршка. Без тебе ова би било пекол. Те сакам.
Очекуваш да ти кажам не оди? Не можам тоа да ти го направам... не можам знам дека сум првата личност што ја праша и што и ја даде твојата судбина во раце... Тешко е.. но ке бидам тука и ке те бодрам ... ке те чекам со истата страст кога и ке те пуштам да одиш...
не си свесен само колку си сладок кога сакаш да се напраиш строг дури тогаш си сладок бе сонце мое немаш појма колку се осетив твоја кога се потруди да ми сржиш ахахха у секоја смисла си посебен бе човеку мој
те гледам вака и си мислам,ох боже СОВРШЕН Е!! И навистина си совршен за мене...те сакам повеќе и од сета љубов што постои на светот собрана на едно место!! <3<3<3<3
Абе те немам видено 2 дена и збеснав.. Денес таман мислев дека ке те гушнам, дека ке те притиснам силно до моето срце, до моите сетила. Дека ке ти го абсорбирам мирисот на твоето тело.. Но изгледа ке треба да почекам до утре.. Абе ке те задавам утре, чувај се..
Фала ти за вчера. Верувај, не ме направи толку среќна честењето од твојата страна, туку твојата среќа - сам да заработиш, макар и нешто ситно, да се опуштиш и да дознаеш како е со некој да ги споделиш твоите пари. Единствен си знаеш? Зашто после толку месеци рмбање, наместо да си купиш нешто за себе, ти најпрво мислиш на најблиските. И кога нешто што ми пречи или е сфатено на погрешен начин, ќе ми кажеш - ќе го сменам тоа, ќе направам се` за да не те изгубам, се прашувам дали е возможно човек да љуби толку. Ти благодарам што си мој.
пред малку на страната каде што почнавме да се допишуваме јас и ти, видов кога и е роденден на женати-случајно ми се појави пред некое време, ја немам за пријател, а ја немаш ни ти уште тогаш проверив ме боли малку кога ке се сетам на тебе-навистина те засакав, ама со текот на времето ке помине не сакам да замислам како ке изгледаше мојот живот ако ја прифатев твојата понуда за брак-полошо и од пеколот, знам.
Дури и тогаш кога врне, дури и кога нема ни малку саншајн - баш како денеска. Ти си ... единствен. И мој! Човече мое мило.
Фалиш..фали твојата силна прегратка....бакнежот...мирисот...мојата рака во твојата коса....грбчето...ајде, петок е блиску....
Во последно време само кога ќе ме гушнеш се препородувам,рехабилитирам и заживувам. Многу ми фалиш,едвај чекам да те видам.
Сонце мое Да знаеш дека вечно ќе ја памтам вчерашната вечер А богами, знам и ти подолго од мене ќе ја памтиш Ти си ми тотално неоткриена територија и богатство, цело време само убаво и убаво ме изненадуваш....и се' ново е толку многу добро, што се чудам и се лутам на сама себе што не сум го открила порано Срцко мој мил