Не те заслужувам јас тебе.И после секој мој испад ти ми велиш секогаш ке сум покрај тебе. Како да постапувам не знам...Само ми е страв да не ми те земат други зошто тоа нема да си го простам себеси. Бев спремна да заминам и да оставам се а ти?ти не ми го дозволи тоа.
Секоја секунда ти ме смееш до бесвест,ти си ми поддршка во се.Јас секогаш ќе сум покрај тебе,мило ми е што си смирен и се помалку и помалку се нервираш во последно време .Сакам секогаш сите коцки да ти се подредени мило мое и никогаш да нема тага на твоето лице и секогаш да ми си насмеан од уво до уво.Сакам да гледам солзи од среќа во твоите очи и од нив да извира најголема среќа и исполнетост.Ветувам дека јас ќе направам се за да ја има таа среќа во твоите очи бидејќи заслужуваш повеќе од било кој душо моја.Ти си душа од мојата душа и никогаш нема да се откажам од тебе ама ни ти нема да се откачиш од мене така да знајш
Те сакам... секој ден се повеќе и повеќе... мислам дека секогаш кога ќе те видам се заљубувам ако е можно тоа
Наивно ја ослушкувам тишината,и се надевам дека барем некогаш ќе ја слушнам мојата насмевка.Се надевам.. Чувствувам полека тонам.Секој ден,секоја минута сум подалеку од среќата.Се држам полека,ама стисокот попушта.Се гасам .ЕМОТИВНА СУМ ПУСТИНА. Емоциите ги нашкрабувам,не знам ,не умеам да покажам.. Жал ми е.. Мојот пат е поплочен со кал,моите чекори успорени. Како со раѓањето да ми е земено правото на среќа. Плачам а не сум свесна,врескам а не го слушам гласот.Никој не слуша. Празна сум,уморна, скршена. Добив неколку битки ја губам војната,со правдата, со Бог,со самата себе..Се фаќам како размислувам да дигнам раце од се,и од себе.Не личи тоа на мене. Ќе се исплачам најгласно и насмеам најискрено. Ќе ги угасам светлата на сцената,својава улога лошо ја одигрувам.За цел еден живот погрешно сценарио.Голема грешка на режисерот.Му благодарам за главната улога.Само...текстот не го научив добро,научив само чувства.И тука има некоја грешка. Или сепак јас и ти драги мој сме погрешен избор.
Ти ја предавам својата душа. Што помалку знам,се помалку боли...лажи ме но обиди се да се чувствувам сакано. Не сум паметна,никогаш и не сум била кога ти си во прашање. Кога ќе ме привлечеш кон себе,го губам целиот преостанат ум и разум. Затвори ги очите,отвори го срцето. Да одиме до небото,како некогаш. А зошто не и подалеку? Ни тоа не е граница... Те сакам само малку премногу.
Ти благодарам што беше со мене денеска. Не беше лесно, знам. Немаш поима колку убаво се чувствував кога испаднав од училницата, цела во солзи, и само ти се фрлив во прегратка. Немаш поима колку само се скршив целата кога ме гушна силно. Не виде, но сигурно почувствува. Сакам да ти кажам дека тоа не сум јас, и дека ако се однесувам така со тебе, ти се отварам, да ми ја видиш душата, значи дека навистина ми значиш многу.
Можеби ги избришав твоите пораки, ама никогаш нема да заборавам ниту збор што ми кажа... можеби повеќе не зборуваме но никогаш нема да го заборавам твојот глас... можеби престанавме да се гушкаме ама никогаш нема да го заборавам твојот мирис... се што беше меѓу нас, нема да го заборавам... и ќе се сеќавам и на оние ситници, и на се она кое ти никогаш нема да го запаметиш. Тешко ми е што сето ова ти никогаш нема да го знаеш, и уште потешко ми е што во моментите кога јас со солзи во очите се присетувам, ти си таму некаде и смеејки се не си ни свесен за мојата болка.. Барем се надевам дека ке ме имаш во добро сеќавање... и ке си речиш „Да, таа вистина ме сакаше!“
Сакам да си тука до мене,да те гушнам силно и да ти кажам дека многу те сакам.........................но таа твоја работа ја скратува секоја моја желба
Зошто те сакам? Бидејќи се трудиш, покажа дека знаеш да се трудиш и дека знаеш што сакаш. Наскоро мил мој!
Јас знам дека ако ти велам да избегаш и да ме оставиш на мира, нема да ме послушаш. Ти знаеш дека кога ти велам "Бегај", всушност значи "остани, ми требаш повеќе од секогаш". Јас знам дека ако те прекорат ради нешто што си го направил во моја полза, ќе измислиш изговор за тагата во твојот глас. Ти знаеш кои вистини би ме заболеле. Јас знам дека ако чуеш негативни коментари од моите за тебе, нема да се налутиш, ниту ќе кажеш лош збор. Ти знаеш дека е битно ти да ја знаеш вистината и не губиш време да им докажеш на другите. Јас знам дека ако побарам било што од тебе, ќе биде ветено и сторено. Ти знаеш да бидеш човек од збор. Јас знам дека ако најдобриот другар ти каже дека му е тешко, нема да чекаш да те повика. Гледам колку искрено се грижиш, а не зашто така прават другарите. Ти знаеш што значи да се биде вистински пријател. Јас знам дека ако нешто не ми прави мерак, а тебе ти причинува задоволство, нема да ме принудиш да го направам. Ти знаеш да почитуваш. Јас знам дека ако ми е најбитна послушноста и почитта кон моите, со цел да се избегнат конфликти, тебе сум ти битна јас. Ти знаеш дека секој има поинакви приоритети, од разни причини. Јас знам дека ако по не знам кој пат ти ја нарушувам приватноста и се караме поради нешто што сум прочитала, а сум го сфатила по мое, нема да ме искараш што сум чепкала кај што не треба. Ти знаеш и прифаќаш дека имам проблем со довербата. Јас знам дека ако имаме недоразбирање, нема да ја прекинеш постојаната рутина од гордост, туку пак ќе се јавиш и ќе се правиш дека ништо не се случило. Ти знаеш да простуваш. Јас знам дека ти си единствено среќен ако си направил јас да бидам. Ти знаеш дека правам се` да ставам насмевка на твоето лице. Јас знам дека ако 50 пати ме прашаш што ми е, а јас молчам, ќе продолжиш да се обидуваш. Ти знаеш дека тешко отварам уста кога нешто ме мачи, но и дека упорноста ќе ти се исплати. Јас знам дека за секој проблем ќе побараш мој совет и мислење и неретко ќе ме послушаш. Ти знаеш како да направиш да се чувствувам важно. Јас знам дека ако сите ти велат дека одиш со глава во зид, ќе ги игнорираш. Ти знаеш да размислуваш со свој ум. Јас знам дека не би ме променил, дури не си ни се обидел. Ти знаеш да ме љубиш несовршена. Јас знам дека секој нареден ден ми е полн со поголема љубов кон тебе. Ти знаеш дека му даваш смисла на моето постоење. Ти благодарам што постоиш. И го измени мојот живот. Засекогаш. Spoiler И знам дека мора да сум многу заљубена штом ова го пишувам цел саат, откако претходно во целост го избришав
Заврши. Готово... Се разделивме, следно е да дојде времето кога ќе почнеме да си недостигаме еден на друг.. А тогаш ќе разбереш што изгубивме.. Тогаш ќе ги разбереш работите што ги прочита денес.. Или можеби нема, зашто си премногу тврдоглав... Најдобро ќе биде вака.. Ми недостасуваш, исто како што ми недостасуваше до сега иако бевме заедно.. Помислата дека нема да има утре со тебе, ме убива.. Но барем ќе бидеш тука во мене. Нема повеќе да ја преточуваме нашата љубов во страст, но тој оган ќе гори во мене вечно. И ќе те сакам цела вечност, силно исто како и првиот момент.. http://www.youtube.com/watch?v=zRIbf6JqkNc Збогум најубав !! Чувај се !!!