Со тебе неможам , без тебе па ич!!! Не знам веќе што да правам со мојов живот... Многу ме разочара После тебе веќе никогаш нема да помислам на дечко! После тебе ништо не ми е важно! Сепак нема да дозволам да пропаднам заради некој кој воопшто не му било гајле како ќе се осеќам јас во тој момент. Ти вратив и се осеќам мн лошо ,но и мило ми е што сум слободна и можеби некој некаде ме чека да ми даде се што ти не можеше... Те сакам и секогаш сум те сакала... Прости ми за се
Јас не сум јас без тебе....те сакам да да и да тешко е да го изговорам,можеби најтешко во нашава ситуација ама едно знам,те сакам неизмерно иако можеби веке ти не ме сакаш јас не можам да те заборавам,колку и да се трудам секој ден чуствувам дека нешто ми фали во животот,а тоа си ти.
Понекогаш -Понекогаш шетам сама низ градов и секој ќош од него го поврзувам со тебе. -Понекогаш сама седнувам на клупа во парк, небаре ги бришам чевлите и те замислувам до мене, а меѓу нас ќесите од долгото шетање и купување. -Понекогаш одам да купам за јадење нешто што сум го јадела само со тебе. -Понекогаш седам на места кои не ми се допаѓаат, но би сакала да ги посетев со тебе, зошто знам дека тебе би ти се допаднале. -Понекогаш кога врне дожд шетам без чадор затоа што ме потсеќа на тебе и караниците да се пикнеш под мојот чадор. -Понекогаш кога грми застанувам до прозорец и гледам во небото затоа што тоа го правевме заедно. -Понекогаш толку многу посакувам да си тука за да се пикнам во твојата прегратка, да го слушам биењето на срцето твое и да уживам во тишината. -Понекогаш посакувам воопшто да не помислувам на тебе. -Понекогаш посакувам да немаме толку заеднички спомени. -Понекогаш... посакувам воопшто да не те запознаев . -А понекогаш посакувам никогаш да не те изгубев.
Ех горам од желба да те видам да ти пишам и да ти изнакажам толку работи што немав храброст да ти ги кажам во изминатите месеци Знаеш ли точно на овој ден на овој датум колку ме направи среќна? Таа ноќ толку треперев што не можев да заспијам се додека не се раздени Толку ме воодушеви што за казна нема никогаш да ја заборавам...
Поздрави ја сестра ти и посакај и среќен пат утре жал ми е што вечерва неможев да дојдам да ја видам благодарение на мојата настинка а јас и ти ќе се види ме утре вечер и ќе ти надокнадам за денеска што не дојдов <3
хахах оф леле знам дека и тебе те мачи ова моја љубомора ама шо да праам таква сум си али знај дека не се љубомори на некој шо не сака добро е барем ми се смееш на љубомората а не ми се лутиш но и вие машките сте пољубоморни од нас женските али многу добро го криете тоа алав да вие добро знаете да ја сокриете, иако и ние женските не ни се уарнува кога имаме љубоморен дечко зошто е љубоморен , кога нее па тој шом не ни љубомори не не сака оф елеле абе женско си е женско
Бев подготвена да кажам нешто... Но наеднаш... "Преплатникот не е достапен" Можеби беше грешка обидот,а можеби и не...
ми недостигаш многу, знаеш? без разлика што имам пиено малку повеќе, што има врска тоа? и што има врска тоа што чувствувам некакво чудно, скокотливо чувство внатре, а и тоа е сето затоа што ми недостигаш, но и додуша секогаш тоа чувство е тука само секогаш излегува нанадвор кога ти не си до мене и чекам да дојдеш и да ме гушнеш онака како што знаеш дека сакам. токму тоа ми треба сега. бар се надевам дека ќе заборавиш малку на делот кај што го спомнав алкохолот и ќе ти текне еднаш засекогаш дека ми е потребно твоето гушкање, значи не секогаш кога сум потпивната, туку секогаш кога не си до мене. ми недостигаш, до небото. гушни ме.
не знам од која причина Бог ми те стави во пресрет. Со оглед на тешкотиите и моите „емоционални растројства“, мислев долго ќе бидам сама. Зарем далечните љубови ми се судени само мене? Љубов? Те нареков љубов, а не знам сеуште што е тоа што го чуствувам за тебе. Единствено што знам е дека дел од тоа е огромна благодарност. Поради се што направи заслужи да ти отстапам едно место во животов и да ти го посветам само тебе. Цела недела лежам болна. Откако замина ми остави само непрестана кашлица, засипнат глас и инемоштувачка температура. Повеќе од доволни прилини за да те мразам... Ама не си ти крив што имам слаб имунитет и што се накачувам јас. Со рака на срце признавам дека ми недостигаш, не Бог знае колку, ама доволно за да сакам да се повторат некои работи... Јас и ти сами и покрај толкава толпа луѓе околу нас. Трокреветна соба, пригушено светло и ние стуткани еден во друг. Неуморно разговарајќи си создадовме свет полн со сите наши интереси, хобија, пасии, со нашите сегашни и идни професии... Топли прегратки, врели бакнежи, заедно чекање на изгрејсонцето и новиот ден... ...Се надевам дека некогаш повторно ќе се видиме и дека барем понекогаш се сеќаваш на мене. Фала!