До екс симпатијата бр1. - И сеа као треба еден лајк да ти мавнам онака нигерски од позади, за љубовниот статус ??? До симп. бр2. - Абе ај на уште некој филм ... м м м м ? Гушкало си, затоа ми требаш
после 2.5 год сега ли најде да се појавиш,само незнам со кое лице од многуте што ги имаш,а дека сеуште ме сакаш сигурно е дека не ти верувам,не сум таа наивка што бев,кога те сакав и те молев баш те беше гајле,не ми одговори ни на една порака тогаш си го ладеше со мене,а да не ги спомнувам оние лоши работи кои ги имам доживеано заради тебе несакам да ги пишам и потсетувам,губре едно,знаеш ли што заслужуваш една гоооооооооолема корпа колку твојата глава,ама штета што не сум злобна и лоша едно ооогромно фала идиоту,ме направи неверојатно силна и издржлива
Ах, на љубовта не смее да прекине да се работи никогаш. Како да ти појаснам, тоа е вложување, труд, волја, ама треба да потекнува искрено и од срце, а не изнасилено и со напнување. Мене ме фасцинира тоа што изгледаш така едноставен, а си толку проклето, замрсено сложен. И мислам дека знам се` за тебе, а не знам ништо. И обратно, мислам дека не знам ништо, а знам СЕ`. Не ми замерувај, јас сум со побеснети хормони, и во некој период од годината си барам екстра нега и внимание, како ова твоето да не е доволно... доволно е, ама ете, јас сум ЖЕНА, слоЖЕНА, и што можам против себе. Не се луди каприци, не знам што е, ти биди доволно умен и изиграј тактички, својствено за тебе, препознај ги моите симптоми на лудо вљубена смртничка и - пружи ми го светот, макар бил и бонбонче во шарена хартија, како Зоки Поки и симпатијата кога си ги делеа. И толку имав да ти кажам. Те љубам, си знаеш.
Без тебе, немаше денес да бидам ни половина од она што сум. Ти си мојата свеќичка која непрестајно гори за мене и ми го осветлува патот. Јас ќе горам за тебе, а ти за мене. Знам. Двајцата сме еден силен пламен. Ти жарот, јас огнените јазици. Еден без друг не можеме .
Те сакам многу. Го слушам албумот на Џорџ Мајкл, тој лелеавиот, и ми текнува како си се љубевме на него во соба, со парно пуштено и кревет распослан. Ми недостигаш, до бол.
Среќна сум што имам крај себе МАЖ како тебе.Ти си толку посветен на ,мил,нежен,совршен.Секој ден ми го подаруваш целиот свет и правиш јас да треперам како лист во твоите прегратки.Ти никогаш не велиш не можам за нешто што ќе побарам од тебе,никогаш не си ми рекол подоцна,секогаш си правел се за да ми удоволиш мене.Си оставал се само за да ме слушниш,видиш,бакниш.Ми фали твојот мирис,чувството кога моите прсти поминуваат низ твојата коса и осеќам дека си само мој засекогаш.Ми недостигаат твоите милувања,а богами и твоето касање и штипење на моите обравчиња
Денес ме направи среќна, онака како што само ти знаеш да ме направиш! Е ваков да си секој ден, ваков сакам да бидеш секој ден
Видете јас да ви кажам на двајцата по нешто... :geek: На едниот, ти друже ме испушти, уште одамна. Прееска читав стари разговори, не знаев ни дека ги имам воопшто зачувано во хистори, ама... ама гледаш ли колку кликнало тогаш, сме си пишувале реферати, сме зборувале со саати, и кога бевме заедно не можевме да се изназборуваме, и уште кога ќе те видам можеме да зборуваме и да зборуваме и да зборуваме. Јас сакам луѓе со кои можам да зборувам, да рипам од една на друга тема, да ми тропаш глупости, да ти тропам и јас, и да ми викаш дека те смеам, затоа што реално, и ти мене ме смееш. А мене ми е лесно да ги насмеам другите, ама тешко е да ме насмее мене некој. Оти на крајот, кога по некое време ќе го снемаше тоа магичното ако ми ја држиш раката и ќе ги снемаше пеперутките, ќе ни останеше муабетот и шегите.. Јас и ти можеме до крајот на векот да зборуваме, и никогаш да не ни биде досадно. АМА НЕ. Ама ти си одбра друго нешто... И сега, со мојата интиуција која досега ниеднаш не погрешила, гледам дека ти е криво, и полека сакаш назад. Како да те пуштам назад, кога сега мислам дека до мене има човек што никогаш не би ме испуштил ако ме добие? Да, тврдам дека јас и ти најдобро кликавме досега, ама како да одбијам нова шанса кога некој е толку добар, и внимателен, и никогаш нема да се двоуми помеѓу мене и нешто друго. Ете тоа е работата со тебе и искрено тоа е болната точка што ти секогаш ќе ме споредуваш и ќе ме мериш со нешто друго. (камоли женски да беа во прашање ) Оти не се преценувам, ама по милионити пат ти докажувам и покажувам дека подобро од мене не наоѓаш. Точка. Нумеро два. Ти, па, ти... знаев дека немаше ништо да пипнам за учење ако останев, знаев дека ќе ме прелажеше и ќе се акав цел ден... и сега знам некако дека ми е криво. Ах, леле.
Гледај сега, ако не се нацрташ во рок од 3 минути во собава готов си. Љубовта е различна. Се менува - расте, се шири, фаќа чудни антени. Таа е почит, таа е жртва, созревање. Ни помага да научиме нешто многу плус. Дали јас и ти сме Љубов? Секако. Секој нелажлив пар е љубов.
Абе шо мајка ти те родила толку години пред мене мајка ми? ГЛУПОСТИ! А да, многу си убав, многу убав глас имаш, многу убаво се смееш и многу убаво ти паѓа пакетчето од цедевита кога ми зјапаш у цицки (они смотани испаднале кај шо не им е место ). Ког рече „Дојдете пак“, си реков во себе „море, ја и дома би ти дошла, него ај“. Е така. П.С. Ова е за новиот келнер, симпатија воедно.
Имавме убава вечер гледај да се повтори во блиска иднина. И утре очекувај ме од сабајле на гости, морам да и помогнам на мајка ти за колачињата