И конечно вечерва пак те имав бе злато. И ќе те имам засекогаш знам. Те сакам најмногу на светов. Криво ми е што мораше да си заминеш одма, ама те сфаќам ти се спие не е малку цел ден по патиштава. Утре ќе те разбудам и цел ден со мене ќе бидиш оти...... Те сакам мило убаво да ми спиеш и да не повторувам... ЗНАЕШ ШТО ТРЕБА ДА СОНУВАШ
Ние не сме како другите. Никогаш не се случило да ме повредиш намерно, да ми вратиш за некој испад, да ме казниш за некој погрешен збор, да дозволиш да патам зашто претходно не сум ти кренала на телефон или сум се налутила за глупост. Всушност, ти не си таков. Ние не се гледаме како странци и сосема посебни личности кои си го гледаат само своето. Се случува да одам на своја штета со совет кој ќе ти го дадам за твое добро. Да ти кажам - Полека, помисли одвреме навреме и на себе, не биди ти оној кој ќе трча по другите. Зарем не сакаш некогаш да дознаеш како е некој да се бори за тебе? И тогаш ќе ме бакнеш во чело, ќе се насмевнеш, додека мене ќе ми се смее душата. Што имам човек кој го сакам повеќе од себеси и во иста и поголема мера ми е возвратено. Што не можам да замислам дека во некоја прилика дечко ми не си одржил ветување или пак намерно ме направил љубоморна, па сега ќе му се одмаздам за да почувствува како е. Голема е веројатноста и да имам лоша меморија. Би ја жртвувале среќата еден за друг. Поидеален партнер не можев да пронајдам. Еднаш ми рече - Нашата е поинаква од другите врски. Јас и ти си кажуваме што ни смета и веднаш го поправаме тоа. И да знаеш дека е така. А јас сум многу среќна што со разговор може да решиме се` и да се сфатиме. Те љубам поради трудот кој го вложуваш за да успееме, а јас, љубејќи те толку, го учам тоа од тебе. Да се бориш за она што сакаш.
Со причина си мојот таен пасворд...... и со причина е наставката во пасвордот после твоето име... Ех, години... Младост, лудост... Убаво е да се навраќаш... Барем во овој случај со нас Гушкааааааааааа дебелаааааааааааа
Боли. Многу боли Се плашам да не ги изгуби чувствата спрема мене, да не ме гледаш со други очи, после ова. Те сакам повеќе од што можеш да замислиш. Никогаш не сум дозволила да бидам зависна од некој, ама рака на срце, ти пробуди работи и чувства во мене , што никогаш не помислував дека се во мене. Се плашам.. Да не ја уништив сликата што ја имаше за мене. Нема да се повтори, ветувам нема. Свесна сум,нема да бидиме истите оние, што се сакаа премногу, оние на кои им беше совршено, оние што покажуваа емоции каде ќе им текне , и кога ќе им текне..А за сето тоа, крива сум јас. Да можам да го вратам времето назад, верувај, не би постапила исто. А ти,ти си душа. Синоќа,и после таа караница која ја предизвикав..Ми се јави. Трезен или пијан, сеедно. Ми се јави, и ми рече "Те сакам" Не заслужувив. Ветувам ќе се променам, ќе уживам во секој миг со тебе, ќе ти кажувам колку неизмерно те сакам, и колку сум среќна во твое присуство. Те сакам Иване..Премногу.
Ти си мојот извор на позитивност,мојата љубов. Само се плашам,сеуште се плашам..... Животот без тебе е казна.
Let's dance little stranger, show me secret sins.. Seduce me once again. Won't you dance with me In my world of fantasy? The way I want to love you Well it could be against the law..
Го сакам напредокот во нашата врска. Тоа што веќе не мора да ми кажеш дека очекуваш порака која ќе ти го разубави денот, туку сама сакам да ти ги оттргнам мислите од работата. Што сам добиваш желбата да ми кажеш нешто романтично, зашто паѓам на убави зборови. Што ја кријам тагата кога си одиш и сум благодарна што си издвоил 5-6 саата за мене, иако секогаш ми биле премалку, наместо како порано да те молам да останеш, да ти ги променам плановите и да те вовлекувам во незгоди. Што кога ќе признаам дека од мене не можеш да имаш големи очекувања, се задоволуваш со тоа и не бараш ништо повеќе, макар го посакувал и сметал за исправно. Што порано се грижев што никогаш не си добил желба да ме почестиш, а од мене си добивал многу. И како помина времето и го игнорирав тој проблем, се покажа дека кога имаш пари, би штедел на себеси, но не и на мене. И кога ќе се натажам што те немало цел ден, наместо да ме искараш, сега ми се изинуваш и ме замолуваш повеќе да не се секирам. Бидејќи сега секој трга од страната на другиот. И сето она што ни смета, некако се реши само од себе. Ти ме научи на најбитното - да давам шанса, бидејќи е премногу болно да не ја добиеш и да верувам во она што го сакам. Ме фати страв дека овие убавини пребрзо ќе ги изживееме и ќе спласне возбудата понатаму. Ти велиш - Уживај додека е убаво, а кога нема да биде (ако воопшто стигне до тоа), тогаш ќе му ја мислиме. Посакувам да бев создадена од толку едноставен механизам. Ти велам - Не можам да ти верувам. Бидејќи секогаш нема да е совршено. Ти ми вети. А никој не одржува ветувања подобро од тебе. Се` додека ми предизвикуваш чувства за кои се пишуваат книги, иднината нека биде само тоа - иднина.