Ќе го иступам уште со ова и ќе паузирам едно недела дена од темава Знаеш ли зошто најмногу те сакам? Бидејќи го бараш коренот на сите мои проблеми. Ако се домашни, се обидуваш да дознаеш што предизвикало таква реакција. Ако се искарале со мене, го бараш изворот на нивната фрустрација. Ако е тоа поради проблем на работа и потоа неосновано урлање врз мене, повторно бараш начин сите да бидат среќни и задоволни и да нема кавги. Ако мајка ми има мизерни услови за работа, гарантирам дека ќе и` обезбедиш соодветно затоплување на просторијата. Ако и` доцни платата, па мислам дека би се снашол за пари и би позајмил. Ако се чувствува немоќна за работа, би нашол и вработување за мене. Твојот оптимизам и верба немаат граници. Ете дотаму одиш. Те љубам поради бесконечната грижа и обидот да пронајдеш решение за се`, таму каде што и не е твоја работа.
Спанко мој,принцезо моја заспана... да видиш какво пакетче ти спремам за Новата Година хохохохо .Како ли само ќе те изненади твојата баба мразица.Те сакуфкам
Епа дојде тешкото прашање. Каде за Нова Година. Од кога заедно чекаме Нова година, цело време ја поминувам со непознати личности. Твои пријатели. Само јас странец. Не велам дека тоа ми смета, јас сакам да запознавам нови личности...На пример како летово поминавме прекрасен викенд со твоите колешки од факултет. Ми беа многу пријатни, навистина. Но, те познавав тебе, твојот колега со кого претходно бевме заедно на одмор и едната од колешките. Сега велиш да одиме за Нова година во Белград. Да, многу ми се допаѓа идејата. Го сакам Белград, ама... Да спиеме кај некој твој пријател. Океј, твојот пријател со девојка, јас и ти дечко и девојка...добро си реков може...е потоа нов план тие ќе си чекале 5-6 другари сите со девојките и плус ние двајца. Повторно јас таму каде што никого не познавам... Минатата година пак тие друштво си чекаат Нова година плус јас и ти. Овој пат ги познавав луѓето, онака. Ама не беа наш стил. Тие инаку си ја замислиле таа вечер...се чувствував како да не припаѓаме таму. Епа повторно ли и оваа година така ќе се мачам. Или ќе седам дома таа вечер или ќе ја чекам околу мои луѓе. Каде што се чувствувам опуштено и да играм и да пеам и да пијам....и се останато. Пак нервози...туку ајде. Ми се од оваа Нова година веќе
Не можам веќе вака ...стварно ја претеруваш Секој пат кога ќе се налутам тоа се глупости а кога ти ќе се налутиш тоа се стварно за некоја сериозна работа ...да да секако Аман размисли малку! Не се врти светот околу тебе! Не си секогаш ти во право!!! Види ги работите од моја гледна точка.
Бело винце на маса и неколку новогодишни украси. Кучето ни се топли до печката. Уплата за едно бескрајно патување. Се е добро. Далеку од одлично. Зашто, зашто кога те најдов тебе почнаа некои од женскиот пол да се однесуваат различно со мене? Дури и јавно си ги покажуваат своите флертувачки вештини без ни грам срам. И дали кога ја најдов љубовта сите си ставија нови маски? Дали убавината која ја носиме ние како двојка на другите им предизвикува невидена љубомора? Зашто се желни да не уништат некои? Всушност ова не би му го кажала. Многу е безвезално, машко никогаш не би го сфатил. Би пуштила само една песна од Бијонсе.
А шо мислеше ти? Дека ќе те трпам уште со глупостите? Е нема! Се ќе си кажам! И мене многу работи ме нервираат! Абе немаш право да ми преречиш бе,пошто не си во право,па колку сакаш лути се! Преку гла ми е од се! Ако сакаш ич не се труди,не мораш,ама и јас па неморам да сум со тебе. Оди скриј се бе,срам треба да ти е за постапките! Место да се радваш бе,тебе ти е сеедно...Се е кажано,се се гледа.
Не те можам човек, би ти шлапнала не шлаканица,туку една цигла врз глава, ма џабе и тогаш не би сфатил! Мрш од тука!
Ахх кога ми кажа дека ќе одиш да се капиш посакав да ти дојдам таму ,да ти се пикнам филмски во купатилото и да те изненадам ,па заедно да се капиме во топла купка,да си отворме шише вино и да уживаме цела вечер така, а после? Хммм шшшт не кажвам што после само јас и ти ќе си знајме,нее за во јавност тоа .
кренат си, идиот си, не ја заслужуваш мојата љубов... но ете јас те сакам што да правам кога неможам против самата себе!
Знам дека е тешко.Сега изгледам како некоја што е во облаци,ама не е така.А и да е,ти го направи тоа да биде така. И мене ми е доста од проблеми и сакам да те гушнам силно и да не те пуштам,ама мораш да смениш некои работи
Уф! Ти се изнакажав се што ми лежеше на душичката, сега ми е многу убаво Епа, тоа ти е кога ме нервираш.. Ама пак ме сакаш, знам
Наминав да ти кажам уште нешто.Ме изненади со изјавата дека од кога ќе се земиме сакаш да имаме куќе и маче .Знаеш дека е тоа мојот сон ми кажа па и твојот,ахх мил мој не замисувам нас двата заедно со нашите дечиња во куќичка како си го живееме нашиот сон,а околу нас трчкаат кученцето и маченцето .Зликаат е совршена нели?Се надевам дека тоа ќе биде реалност мој мил ангелу за кој што би го дала и животот ти праќам еден тон вакви гушки